Достапни линкови

Што да се прави со 11 илјади улични кучиња?


Не поминува речиси ниту ден без пријави од граѓани дека се каснати од кучиња скитници. И тоа секаде, од центарот на Скопје, до сите поголеми градови во државата. Зошто не се решава проблемот со кучињата скитници, што може да се направи и колку брзо. Во овој поткаст Зошто на Радио Слободна Европа, одговорите ги бараме од ветеринарот, д-р Димче Велковски.

Најпрво треба да се пребројат сите улични кучиња во Скопје, а и во државата за да може да се направи план и да се реши проблемот, вели др Димче Велковски, еден од ветеринарите во Скопје кој покрај лекувањето на животни е активен и во обидите за решавање токму на овој проблем. Такви обиди биле направени уште пред 15 години, но никогаш не се дошло до конечна бројка. Според д-р Велковски се проценува дека во Скопје можеби има и до 11 илјади улични кучиња.

Тој објаснува дека процедурата се знае, но треба договор како да се спроведе.

Со специјално обучени лица се врши заловување, бидејќи се територијални животни, се носат во центар кој ќе биде адекватно и професионално дизајниран, да може да дијагностицира дали кучето е способно да се врати назад без да направи проблеми, и од здравствен или психолошки и од социјален аспект, сеедно, да се оперира и да се вакцинира и да се почува неколку дена, па да се врати на истото место. Тоа е многу важно затоа што како територијални животни кучињата ќе останат да живеат на истото место. Бездомните кучиња живеат од 5 до 7 години„, објаснува Велковски.

Западните држави ова одамна го спроведуваат и затоа таму нема бездомни животни.

Прифатилиштата во странство ги чуваат бездомните животни додека им трае животниот век, а болните кучиња безусловно се евтаназираат“, вели Велковски.

Др Димче Велковски во Поткастот Зошто
Др Димче Велковски во Поткастот Зошто

Кога би се спровела акцијата за да нема воопшто кучиња скитници во државата таа би требало да трае од 5 до 7 години.

Кликнете на Зошто на сајтот на радио Слободна Европа и слушнете каде е заглавена иницијативата Скопје да стане град без улични кучиња, но и како сопствениците на миленици да станат одговорни

Кучешки живот
please wait

No media source currently available

0:00 0:18:51 0:00
Директен линк

Со др Димче Велковски разговараме и што е тоа хордашење, кога некои луѓе чуваат по десетици миленици во стан, но и како активистите и властите да се обединат за решавање на проблемот со уличните кучиња.

Слушајте не, следете те го поткастот Зошто на Слободна Европа и на Спотифај, Јутјуб, Ејпл и Гугл подкаст. Само кликнете на Зошто, а на нашите социјалните мрежи давајте ни идеи и теми кои сакате да ги слушате.

  • 16x9 Image

    Сања Васиќ

    Новинарската кариера ја почнува во весникот „Нова Македонија“ во 1991, а потоа продолжува во телевизија Телма како уредник  и водител во информативната програма каде минува најголем дел од кариерата. Работела и во македонската редакција на Гласот на Америка во Вашингтон, била локален дописник на странски новински агенции, како и предавач и обучувач на медиумски проекти. Во Радио Слободна Европа е од јули 2022.

XS
SM
MD
LG