Достапни линкови

Слабо оди фаќањето на „лошите“ и пак ќе мириса на пластика!


Панорама на Скопје со облак во облик на гас маска
Панорама на Скопје со облак во облик на гас маска

Опасен отпад во скопски Ѓорче Петров. Горат кабли, акумулатори на диви депонии во регионот на главниот град Скопје. Па пожари. Зимата доаѓа, ќе чури од сите страни. И дишеме на шкрги. Mедиуми ќе ги пренесуваат ранг листите за најзагадени градови во светот, а во нив загарантирани први места има за неколку македонски градови. Во ова издание на Зошто за разговаравме со Јане Димески советник на Граѓанската иницијатива Шанса за Центар, која мапираше над 800 јавни објекти кои користат нафта и мазут како еден од елементите кои придонесуваат за аеро загадувањето во државата

Сите знаат каде гори или кој што пали. Со години наназад сите дознаваат каде се фрлил опасен отпад, од кои фирми, во кои скопски села или општини и никому ништо или правдата е засега бавна! Зошто?

Па слабо ни е лоцирањето и фаќањето на злосторниците во сите во сите сфери колку што гледам од животот во државата а ова најверојатно не се третира како некој голем злостор. Најверојатно кај властите е такво нивото. Проблем има со сите сфери со фаќање на лошите со оние кои прекршуваат закони, крадат, градат на диво. Дури и заморно станува како секоја година се повторува истиот разговор на оваа тема. Градот купи и дронови, ги имаше едно време, а сега не знаеме и што се прави со нив. Кај нас ги снема, а во светот се користат за многу работи. Некаде носат храна со дронови а некаде и војуваат.

вели Јане Димески, советник во општина Центар за Поткастот Зошто

Фирмите и граѓаните кои горат одпад тоа го прават за да не платат во регуларните депонии. Ова е само еден извор на загадување.

Но, веројатно и оваа зима ќе ги слушаме изјавите на надлежните фактори и политичари дека прават се за да дишеме чист воздух и дека овој проблем не се решавал преку ноќ.

Но, се готви нов Буџет за 2024, нова зима е на прагот, ново зголемено зимско загадување и нова шанса за обид нешто да се смени, велат од Граѓанската инцијатива која мапираше над 800 јавни објекти кои користат нафта и мазут за греење и се претежно лоцирани во градските јадра.

Дали и оваа зима ќе слушаме флоскули, а реално на терен нема да има промени:

„Ако не сакаме да дишеме воздух, кој „мириса на изгорена пластика“, сега е шансата да се направи промена“, вели Димески.

Тој шансата ја гледа преку притисок врз власта и институциите при носењето на новиот буџет за 2024.

Слабо оди фаќањето на „лошите“
please wait

No media source currently available

0:00 0:15:03 0:00
Директен линк

Оваа граѓанска иницјатива само во Скопје мапирала над 100 јавни објекти - болници, градинки, училишта, касарни, судови… и други установи кои користат нафта и мазут и покрај тоа што градот има централно парно греење. На ниво на држава пак се мапирани 700 - тини такви објекти, а во 2023-та немало промена на начинот на греење кај огромен број на јавни објекти за да се намали загадувањето на воздухот во зима.

Ние сега го лоциравме овој дел од проблемот. Загадувањето е составено од многу елементи . Сложено прашање кое бавно се решава. Ние се задлабочивме во овој сегмент за јавните објекти, нешто што го нема во стратегиите. Ги попишавме ги покажуваме на јавноста. Сега на ред е државата да направи план и да ги менува работите. Ова не е нова работа. Сега Србија која беше поназад тие од пред една година и овој сегмент на јавни објекти го ставија како извор на загадување.

Видео - анализа зима 2022

Воздухот има мирис и вкус, мерните станици потфрлаат
please wait

No media source currently available

0:00 0:08:48 0:00

Проценка е дека за загревање на овие објекти и оваа грејна сезона може да се потрошат над 16,5 милиони литри нафта за греење и над 4,8 илјади тони мазут што би чинело над 20 милиони евра.

Како и да е, Скопје води на ранг листите за загадување, но во незавидна положба се и граѓаните во Тетово, Куманово, Битола, Прилеп, Охрид, Штип, Гостивар...речиси никој не е поштеден.

Тој смeта дека притисокот треба да биде врз пратениците во Собранието и советниците во општините за да се заложат за мерки против аерозагадувањето во Буџетот за 2024-та. Но одгласот на граѓаните ни досега беше на ниво на проблемот Со други зборови сите се жалат на загадувањето и се херои на социјалните мрежи, но зошто нема реакции пред надлежните фактори?

Да нема големи протести. Јас сум учествувал на сите. Протестите никогаш не беа масовни. Најверојатно не препознаваат дел од граѓаните дека преку протести може да направат нешто.

Поткаст Зошто - Зоран Ќука (новинар) и Јане Димески (Шанса за Центар)
Поткаст Зошто - Зоран Ќука (новинар) и Јане Димески (Шанса за Центар)

Според Димески, сепак, нема друго чаре освен граѓански притисок за да се намали аерозагадувањето.

Слушајте не, следете те го поткастот Зошто на Слободна Европа и на Спотифај, Јутјуб, Ејпл и Гугл подкаст. Кликнете на Зошто и давајте ни идеи и теми кои сакате да ги слушате, а ние ќе прашуваме преку нашите социјалните мрежи.

  • 16x9 Image

    Зоран Ќука

    Во Слободна Европа во Прага е од нејзиното формирање на 1 Септември 2001 година. Кариерата ја започна во Македонското радио, па следат ТВ - А1 и ТВ Телма, со истовремена дописничка работа за Радио и ТВ Босна и Херцеговина, Загребското Независно 101 Радио, и Љубљанското Студент Радио.

XS
SM
MD
LG