Борг: Да го зачуваме и зајакнеме ОБСЕ, дипломатијата останува најдобра алатка за овој потфат
Мултилатеризмот е во основата на надворешната политика на Малта. Мора да се обидеме колективно да го зачуваме и зајакнеме ОБСЕ, препознавајќи ги нашите споделени одговорности како потписници на Хелсиншкиот финален акт, порача Иан Борг, министер за надворешни работи на Малта, во своето обраќање денеска, на 30. Министерски самит на ОБСЕ во Скопје.
Малта е следната земја претседавач со ОБСЕ.
„Да се вратиме на споделените принципи и заложби. Дозволете предизвиците да ги претвориме во можности, во духот на Хелсиншкиот финален акт и да обезбедиме наследство за идните генерации. Заедно, да внесеме нов дух во Организацијата“, рече Борг. За повеќе информации, изјави интервјуа и фотогалерии од состанокот на ОБСЕ кликнете овде.
Украинскиот амбасадор во ОБСЕ: Не можеме да ја градиме иднината на ОБСЕ со земја која ја киднапира нашата иднина
Украинскиот амбасадор во ОБСЕ, Евгениј Цимбаљук во обраќањето денеска на 30. Министерски самит на ОБСЕ во Скопје, изрази благодарност до сите земји за поддршката на Украина во борбата за слобода против Русија, со кое, како што рече, придонесуваат и за одбрана на иднината на ОБСЕ.
Цимбаљук, симболично во своето обраќање, пред делегатите покажа и пет зрна, како што рече, изгорени од Русија со ирански дрон, објаснувајќи дека Русија досега има уништено стотици илјадници тони житарки, со што, како што нагласи, остави многу семејства низ целиот свет без храна. Целиот текст видете го овде
Западот нема да дозволи уништување на ОБСЕ - порака до Лавров
Шефот на руската дипломатија Лавров и западните дипломати меѓусебно се обвинуваа за уништување на ОБСЕ. Дел од делегациите го бојкотираа неговиот говор и му порачаа на Кремљ дека војната во Украина треба да прекине. Американскиот помошник државен секретар О Браен порача дека ОБСЕ ќе опстане и без оние кои го блокираат. Прашањето за финансиската иднина на ОБСЕ падна во сенка.
Бојкотот на дел од делегациите на говорот на рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров, неговите обвинувања кон Западот дека го уништува ОБСЕ, како и пораките кои западните дипломати му ги пренесоа поради руската инвазија врз Украина го засенија фокусот на денешниот 30-ти министерски совет на ОБСЕ. Целосната анализа на денешниот ден видете ја овде
Министрите од регионот потпишаа изјава за борба против корупцијата
Министрите од регионот потпишаа заедничка изјава за борба против корупцијата во Југоисточна Европа преку конфискација на имот и дигитализација, за време на Министерскиот совет на ОБСЕ што се одржува во Скопје денеска (1 декември) и утре (30 ноември).
Министрите порачаа дека сузбивањето на корупцијата е приоритет за државите, а специјалната претставничка на ОБСЕ за борба против корупцијата Анита Рамасастри порача дека тоа е заеднички предизвик и оти тоа е клучно за да има функционални пазари. За целиот текст кликнете овде.