Достапни линкови

Министерски совет на ОБСЕ во Скопје

На 30-министерски совет на ОБСЕ, доминира темата за Украина. Самитот е посветен на антикорупцијата и теренските операции во 2023. Доаѓањето на Сергеј Лавров е причина за недоаѓање на шефовите на дипломатиите на Украина и балтичките земји.

  • Блинкен замина, Лавров дојде во Скопје, но преку Грција
  • Критиките за руската инвазија врз Украина и делумен бојкот на говорот на Лавров
  • Ковачевски и Бербок се изјаснија: Нема средба со Лавров
  • Прес-конфереција на Лавров со критика за Западот
  • Предвидена е заедничка изјава за борба против корупцијата во југоисточна Европа
  • Дебати за влијанието на климатските промени
  • Младите и цивилното општество
  • Импактот на ОБСЕ на теренските операции во 2023
  • Заштита на плурализмот и безбедноста на жените новинарки
  • На крајот, предвидена е пленарна сесија и завршна прес-конференција
11:40 30.11.2023

Коен: Ќе продолжиме да се бориме сѐ додека не ги вратиме сите заложници и се додека не го елиминираме Хамас

​Седми октомври беше трагичен ден за Израел. Ние всушност видовме како истата земја која се бори и ја поддржува борбата против Украина, како го прави истото против Израел. Има само еден одговорен за масакрот на 7 октомври. Заложниците, војната која подоцна започна и страдањата на луѓето во Газа, што е вина на Хамас. Ние ќе продолжиме да се бориме се додека не ги вратиме назад сите заложници и се додека не го елиминираме Хамас, изјави на самитот на ОБСЕ израeлскиот миистер за надворешни работи Ели Коен.

Шефот на израелската дипломатија, додаде дека „светот треба да биде обединет во напорите да се ослободи Газа од Хамас, со цел да се осигураме дека ваквите дејствија нема да се случуваат на ниту едно место на светот. Ние сме одлучни да продолжиме во борбата против оваа терористичка организација и ние ќе го правиме тоа сѐ додека тие не ги ослободат заложниците, но и после ослободувањето ние ќе продолжиме да се бориме“. За целата изјава на Коен кликнете овде.

11:27 30.11.2023

Ковачевски: Ова не е дипломатска победа на Русија, туку на ОБСЕ

„Народот во Украина заслужува мир и војната мора да запре, постигнувањето на праведен и одржлив мир преставува императив. Оваа војна продолжува да ги поткопува и темелите на ОБСЕ, затоа како клучно безбедносно прашање на нашиот регион, централен приоритет за нашето претседавање е суштинска поддршка за Украина“.

Македонскиот премиер Димитар Ковачевски на состанокот на ОБСЕ во Скопје, 30.11.2023
Македонскиот премиер Димитар Ковачевски на состанокот на ОБСЕ во Скопје, 30.11.2023

Ова го изјави македонскиот премиер Димитар Ковачевски во своето обраќање на денешниот 30- ти министерски состанок на ОБСЕ кој се одржува во Скопје. Коментирајќи го бојкотот на одредени земји кои не испратија свои министри на состанокот, премиерот рече дека тоа е на некој начин порака за, како што посочи „неоправданата агресија на Русија врз Украина“. За целиот текст кликнете овде.

11:18 30.11.2023

Наместо преку Бугарија, Лавров стигнал во Скопје преку Турција и Грција

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров во средата вечерта со авион пристигна во Скопје за да учествува на самитот на Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ) преку Грција, а не како што претходно беше најавено преку Бугарија.

Прелет на летот на рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров
please wait

No media source currently available

0:00 0:00:16 0:00

Бугарија дозволи авионот со Лавров да лета над нејзина територија, но побара портпаролката на МНР, Марија Захарова, која исто како и шефицата на дипломатијата е на списокот на санкционирани лица поради руската агресија врз Украина, да не биде во авионот.

Захарова рече дека одлуката на бугарските власти да го одбијат прелетувањето на авионот на рускиот министер за надворешни работи е „опасна глупост“, пренесе руската државна новинска агенција ТАСС. За целиот текст кликнете овде.

11:03 30.11.2023

Шаленберг: Ги разбирам украинските пријатели што го бојкотираа состанокот, но ОБСЕ ни е потребна за дијалог

ОБСЕ е Организација со 57 земји членки на еднакво рамниште и верувам дека сме добро советувани да ги чуваме правилата, договорени пред повеќе декади и да се однесуваме еднакво кон сите, изјави австрискиот министер за надворешни работи Александер Шаленберг, на пристигнувањето на Министерскиот совет на ОБСЕ во Скопје.

Шефот на австриската дипломатија, Александер Шаленберг, во Скопје, 30.11.2023
Шефот на австриската дипломатија, Александер Шаленберг, во Скопје, 30.11.2023


Во однос на откажаните присуства на некои од делегациите поради рускиот министер Сергеј Лавров, Шаленберг рече дека целосно ги разбира, но и дека верува дека ова е организација што ни е потребна за дијалог. За целиот текст кликнете овде.

Вчитај повеќе

XS
SM
MD
LG