Достапни линкови

Министерски совет на ОБСЕ во Скопје

На 30-министерски совет на ОБСЕ, доминира темата за Украина. Самитот е посветен на антикорупцијата и теренските операции во 2023. Доаѓањето на Сергеј Лавров е причина за недоаѓање на шефовите на дипломатиите на Украина и балтичките земји.

  • Блинкен замина, Лавров дојде во Скопје, но преку Грција
  • Критиките за руската инвазија врз Украина и делумен бојкот на говорот на Лавров
  • Ковачевски и Бербок се изјаснија: Нема средба со Лавров
  • Прес-конфереција на Лавров со критика за Западот
  • Предвидена е заедничка изјава за борба против корупцијата во југоисточна Европа
  • Дебати за влијанието на климатските промени
  • Младите и цивилното општество
  • Импактот на ОБСЕ на теренските операции во 2023
  • Заштита на плурализмот и безбедноста на жените новинарки
  • На крајот, предвидена е пленарна сесија и завршна прес-конференција
10:55 30.11.2023

Сергеј Лавров пристигна на состанокот на ОБСЕ

Рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров, претпладнево пристигна во СРЦ „Борис Трајковски“, каде се одржува 30-иот министерски совет на ОБСЕ. Шефот на руската дипломатија пристигна без делегација, а го пречека македонскиот министер и претседавач со ОБСЕ, Бујар Османи.

Лавров при пристигнувањето на состанокот го игнорираше прашањето на Радио Слободна Европа: „Кои цели ги постигнавте со војната во Украина?“

Лавров пристигна на состанокот на ОБСЕ
please wait

No media source currently available

0:00 0:00:13 0:00

Доаѓањето на Лавров на состанокот на ОБСЕ беше неизвесно до пред неколку дена, поради санкциите за Русија поради инвазијата врз Украина. Шефот на македонската дипломатија, во интервју за РСЕ, нагласи дека доаѓањето на Лавров е на состанок на ОБСЕ, а не посета на Македонија.

10:29 30.11.2023

Не е закажана средба Бербок - Лавров во Скопје

Германската министерка за надворешни работи, Аналена Бербок, засега нема закажано средба со шефот на руската дипломатија, Сергеј Лавров, на маргините на Министерскиот совет на ОБСЕ што се одржува во Скопје.

Германската министерка Аналена Бербок на министерскиот состанок на ОБСЕ во Скопје, 30 ноември 2023
Германската министерка Аналена Бербок на министерскиот состанок на ОБСЕ во Скопје, 30 ноември 2023

Од кабинетот на Берборк за РСЕ изјавија дека шефица на германската дипломатија очекува на овој состанок да се зајакне улогата на ОБСЕ. Таа смета дека е добро што ќе биде избран следниот претседавач со ОБСЕ, Малта, како и другите четири позиции во меѓународната организација. Со тоа ОБСЕ ќе ја истакне својата улога на меѓународната политичка сцена.

Во Скопје денеска започнува Триесеттиот министерски совет на Организацијата за безбедност и соработка во Европа - ОБСЕ, на кој учествуваат околу 1000 делегати од 57 земји членки на Организацијата и земји партнери.

09:03 30.11.2023

Фотогалерија: Црвен килим за делегациите на ОБСЕ

Денеска почнува 30-иот министерски состанок на ОБСЕ во Скопје. Учествуваат околу 1000 претставници на земјите-членки. Од настанот ќе известуваат над 300 новинари од цела Европа.

08:25 30.11.2023

Лавров доаѓа на ОБСЕ, а не во посета на Македонија

Министерот за надворешни работи на Руската Федерација не доаѓа во Северна Македонија, не доаѓа во Скопје, не доаѓа во национално својство. Тој доаѓа во ОБСЕ, каде што тие се земји-учеснички, изјави во интервју за Слободна Европа министерот за надворешни работи Бујар Османи и актуелен претседавач со ОБСЕ, воочи минисерскиот состанок на ОБСЕ во Скопје.

Тој во интервјуто за РСЕ изјави и дека претседавањето на Малта со ОБСЕ не е победа на Русија.

Лавров доаѓа на ОБСЕ, а не во посета на Македонија
please wait

No media source currently available

0:00 0:03:04 0:00

Триесеттиот министерски совет на Организацијата за безбедност и соработка во Европа - ОБСЕ, почнува денеска. На состанокот учествуваат околу 1000 делегати од 57 земји членки на Организацијата и земји партнери. За интервјуто со Бујар Османи кликнете тука.

Вчитај повеќе

XS
SM
MD
LG