Достапни линкови

Мајстер - Русија ќе се обиде да го злоупoтреби самитот на ОБСЕ


Д-р Стефан Мајстер - Раководител, Центар за ред и управување во Источна Европа, Русија и Централна Азија во Германски совет за надворешни односи
Д-р Стефан Мајстер - Раководител, Центар за ред и управување во Источна Европа, Русија и Централна Азија во Германски совет за надворешни односи

РСЕ: Руската делегација предводена од Сергеј Лавров ќе учествува на состанокот на ОБСЕ во Скопје по одлуката на Северна Македонија да му даде дозвола за слетување, а Бугарија за авион со руската делегација да прелета низ бугарскиот воздушен простор, за разлика од полската одлука за го забрани присуството на Лавров на самитот во Полска минатата година. Дали тоа беше само поинаков пристап на Полска од една страна и Северна Македонија и Бугарија од друга страна, или севкупно променета перцепција на западните земји-членки на ОБСЕ како да се однесуваат со Русија?

Мајстер: Mислам дека ова е одлука на државите, домаќинот на овој самит, и Бугарија која дозволи да лета над нејзината територија и мислам дека тие само донесоа поинаква одлука од Полска минатата година. Така, навистина мислам дека ова беше полска одлука, која беше, поблиску до почетокот на војната против Украина, но тоа не е севкупна промена. Тоа не е севкупна промена на западните држави кон Русија, дури и ако има голема дискусија за „можеби треба да разговараме со Русија за некоја точка“, и треба да има еден вид договор за прекин на огнот. Мислам дека во моментов не сме таму, а исто така не мислам дека ОБСЕ е платформата за ангажирање со Русија, да бидам искрен. Мислам дека тоа веќе не е така. Затоа мислам дека не се работи за севкупна промена на политиката, туку навистина се работи за...земјите што канат.

Ставот на Запад кон Русија ке остане ист и по самитот

РСЕ: Не промена на политиката, туку промена на перцепцијата дека во одреден момент тоа значи да се разговара со Русија во смисла да се отвори барем некаква работна комуникација, или односи, или што и да е, затоа што тие воопшто не зборуваат за ништо досега.

Мајстер: Можеби, мислам дека има некои држави кои имаат интерес, а имаше и некои неформални информации за германската страна кои...добро е да се сретнеме. Значи овој вообичаен аргумент. Едноставно повеќе не го гледам ОБСЕ како платформа. Мислам дека Русија на таков начин го расипува ОБСЕ и ја злоупотребува и организацијата. На крајот, попрво за нејзината пропаганда, за блокирање на работите, дека едноставно не гледам дека ова е каналот. И мислам дека тоа е каналот меѓу Вашингтон и Москва. Тоа не е канал со земјите-членки на ОБСЕ. Добро, ќе има некои разговори можеби на страна, ќе влезат и некои клучни министри за надворешни работи. Значи, може да има можност. Но, повторно, не го гледам ова како стратешка промена што сега се користи ОБСЕ како платформа за повеќе разговори со Русија.

ВИДЕО - Македонскиот министер за надворешни работи Бујар Османи за РСЕ:

Лавров доаѓа на ОБСЕ, а не во посета на Македонија
please wait

No media source currently available

0:00 0:03:04 0:00

РСЕ: Меѓу другите ќе биде и американскиот државен секретар Антони Блинкен. Мислите дека Лавров и Блинкен ќе разговараат во одреден момент?

Мајстер: Мислам дека на крајот, треба во некој капацитет. Значи, не е дека велам дека воопшто не треба да има разговори со Русија, дури и ако тие водат далеку во овој момент, бидејќи нема подготвеност за каков било компромис од руска страна. Но, мислам, секако, мислам дали има можност да разговараме за двете страни. Значи тоа е можност. Да, но не е реализирана. Значи не е создадена. Да, во моментов не постои политичка волја да се користи ОБСЕ како клучна платформа за разговори. Но, можам да замислам и германски министри за надворешни работи таму, министри за надворешни работи на САД таму. Значи, ако дојде Лавров, мислам дека има можност да разговараме во оваа рамка.

РСЕ: Спомнавте дека Русија блокира различни одлуки, вклучително и ОБСЕ. Така, таа силно се спротивстави на изборот на Естонија за нов ротирачки претседавач на ОБСЕ во 2024 година, бидејќи Естонија е членка на НАТО. Малта, која е воено неутрална држава, објави дека е подготвена да ја преземе власта. Русија веројатно ќе го поддржи, но веројатно ќе побара нешто во замена.

Мајстер: Мислам дека секогаш ќе бараат нешто во замена.

РСЕ: Можеби да се ублажат критиките на ОБСЕ за руската војна во Украина?

Мајстер: Мислам дека тоа нема да успее. Мислам дека организацијата е во толку лоша состојба и некои земји-членки едноставно нема да дојдат, затоа што Русија се приклучува, затоа што им е многу тешко да ја игнорира оваа војна. Така што во моментов не гледам што може да понуди ОБСЕ...Во ред, тие можеби не мора да критикуваат, но оваа организација секогаш беше многу внимателна со Русија и со критиките кон одредени земји-членки. Тоа е точно.

Но, има и други земји-членки кои отворено ќе го критикуваат ОБСЕ. Така што мислам дека навистина организација е во ќор-сокак, во длабока, длабока криза.

Значи, не гледам дека Русија нешто ќе извлече од тоа. Ќе го користи ОБСЕ повеќе како платформа за опструкција, додека другите земји ќе блокираат каков било компромис или отстапки за Русија. Така што едноставно не гледам ништо позитивно или корист за Русија од овој самит, освен злоупотреба за свои интереси.

РСЕ- Естонија, наводно, ја повлече својата кандидатура поради противењето на Русија која има право на вето. Ако Русија го поддржи изборот на Малта, дали тоа значи дека западните земји и овозможија на Русија да победи, прво со тоа што дозволија присуство на нејзината висока делегација на самитот, бидејќи Лавров е под санкции од Западот и со попуштање на инсистирањето на Москва Естонија да ја повлече кандидатурата?

Мајстер: Да, се разбира, затоа што Русија би успеала во својата политика на блокирање одлуки, вклучително и блокирање на буџетот на ОБСЕ. Така што тоа е еден вид победа, но сепак мислам дека се работи за функционирање на самата организација.

Затоа, големото прашање е дали сè уште ни треба ОБСЕ, дали оваа организација е сè уште погодна платформа за разговори со проблематичните држави, како што е Русија, или стана инструмент за злоупотреба на мултилатералните институции и да се користи за дезинформации.

Мислам дека западните и другите земји решија да го задржат ставот на ОБСЕ колку што е можно подолго како еден вид платформа за соочување со Русија. Во тој случај, јасно е дека мора да направат компромиси.

Секогаш се работи за правење мала отстапка за Русија, за да биде избрана Малта, а не Естонија, да го овозможи присуството на Лавров. Тоа е успех за Русија бидејќи не е целосно изолирана. Исто така, ја користи оваа дипломатска платформа каде што може да го изрази својот став.

Тоа се отстапки кои западните земји и другите членки можат да ги дадат. Ако сакаат оваа организација да функционира, тогаш мора да направат компромиси.

Најважното прашање за мене е дали тоа е вистинската платформа, дали се уште е функционална организација која има цел да се занимава со Русија или не. Сè повеќе ми се чини дека не е.

РСЕ : Се наближува 50-годишнината (1975) од постоењето на оваа организација. Доколку, како што сугерирате, не е функционална, каква ќе биде судбина на ОБСЕ во догледно време?

Мајстер: Тоа е организација во хаотична состојба. Ова може да се заклучи и по тоа кој од вработените го напуштил ОБСЕ поради кризата во неговото финансирање.

Мислам дека Русија треба целосно да се исклучи од ОБСЕ, а да останат оние членки кои се подготвени да работат во функционална организација. Треба да постои организација, на пример, за набљудуње избори. Сметам дека ОБСЕ по својата природа и вредности повеќе не е платформа за дијалог со проблематични држави како Русија, тоа не функционира.

Вредноста на оваа организација се изразува во експертиза во некои области - набљудување избори, механизам за спречување конфликти. Верувам дека тоа се вредности кои треба да се одржуваат, но кои повеќе не функционираат со Русија.

Затоа, можеби е добро да се има организација без Русија и да се задржат тие институции за време на промените или да се користат во региони каде што сè уште има земји-членки на ОБСЕ. Можеби тоа би било решението. Ако продолжи како што е сега, ОБСЕ ќе биде блокиран и повеќе нема да биде функционален.

РСЕ: Како Обединетите Нации?

Мајстер: На некој начин како Обединетите нации, но Обединетите нации сè уште имаат одреден глобален престиж. Резолуциите и дискусиите за нив може дополнително да имаат одредено влијание. Но, тие не се функционални во однос на спречување конфликти или механизам за изнаоѓање решенија, а не е ни ОБСЕ.

Тоа е криза на мултилатерализам, криза на мултилатерални организации. Денес, насекаде имаме односи засновани на трансакции и интереси. Неопходни се одлуки дали да се задржат и да се дозволи на земји како Русија да продолжат да ги поткопуваат таквите институции.

РСЕ: Дали по овој самит ќе бидат уште позатегнати односите меѓу Западот и Русија воопшто или ќе се отворат некои канали за неформална комуникација?

Мајстер: Да, постои зголемен интерес од страна на Западот да разговара со Русија, но не гледам интерес од страна на Русија да се вклучи или да прифати компромиси. Сè уште се обидува да диктира услови. Имам впечаток дека руското раководство го чека исходот од американските избори, по што ќе одлучат за понатамошни потези.

Во моментов не гледам динамика, поволна клима за ангажман со Русија, но ќе има зголемена подготвеност за разговор со нејзиното раководство, тоа е очигледно. Ми се чини дека руската страна чека Западот да даде некакви понуди за завршување на војната. Сепак, тоа не е взаемен процес насочен кон зближување и компромис.

РСЕ: Дополнително, ќе има и избори за Европскиот парламент следната година?

Мајстер: Штотуку се одржаа избори во Холандија, а наскоро ќе се одржат и на друго место.

Составот на новиот Европски парламент ќе биде таков што ќе биде многу потешко да се справи со Русија, бидејќи може да има повеќе страни пријателски настроени кон Москва или партии кои може да се запрашаат зошто ја поддржуваме Украина, бидејќи има и економска криза во Европа со која треба да се справиме, затоа Русија не треба да биде толку санкционирана поради тоа.

РСЕ: Дали тоа значи дека текот на времето работи во корист на Русија, меѓу другото и поради застојот на бојното поле во Украина, при што двете страни некако се заглавени, па никој не е во состојба да направи значителен воен пробив.

Мајстер: Москва дефинитивно има впечаток дека времето ѝ оди во прилог, произведува муниција за следната година, делумно се префрли на воена економија, па е подготвена за подолга војна, не внимавајќи колку луѓе се убиени.

Ова е проблем и затоа Западот треба да го промени овој наратив дека времето е на страната на Русија. Значи, клучот овде е да продолжиме да испраќаме оружје во Украина и да бидеме подготвени за подолга војна. Во моментов ние (Западот) не сме подготвени за тоа, па сега времето работи за Русија.

РСЕ: Во моментов тоа изгледа како војна на трошење, но не се работи само за Русија да ја нападне Украина, туку и да ја користи Украина како бојно поле во нејзината долгорочна пресметка со Западот.

Мајстер: Без испорака на оружје од западот, Украина не можеше да ги издржи овие напади, но пред сѐ, се работи за постоењето на Украина и државата и општеството, мислам дека и Русија го гледа ова како војна, против западот, но не мислам дека западот ќе престане да ја поддржува Украина, туку само ќе стагнира, а поддршката можеби ќе се намали, но јас исто така не гледам дека Русија победува во војната. Русија губи економски, исто така во однос на нејзината способност за воени капацитети, има и огромни човечки загуби, затоа нема да излезе од оваа војна повторно со вистинска победа. Ова ќе биде ослабена Русија и ќе биде ослабена долго време, па јас би бил многу внимателен да го наречам ова како голема војна со западот, бидејќи западот не вложува се што има во оваа војна, Украина може да ја добие војната со поддршка од западот, но се нема подготвеност да се направи она што е неопходно за да се победи војната, тоа е само подготвеност да се направи потребното за да не се изгуби војната и мислам дека тоа е проблемот да, така што сè уште не е тотална војна, а тоа е повеќе војна за трошење, но исто така, тука е и зголеменото слабеење на Русија во Украина по цена на човечки животи.

РСЕ: Споменавте дека некако времето за продолжување на војната и оди од рака на Русија, како и потребата на Западот да и помогне на Украина, но ги споменавте и изборите следната година во Соединетите американски држави, па во зависност од исходот на овие избори, дали мислите дека оваа помош ќе се забрза до Украина, па дури и ќе пропадне на некој начин, бидејќи западот ќе се измори од оваа војна?

Мајстер: Мислам дека навистина нема да се зголеми, мислам дека земјите-членки во моментов се обидуваат навистина да имаат подолгорочен буџет за Украина, но исто така истиот е блокиран од Унгарија, така што навистина е тешко, но не мислам и дека ниту ние, ниту вие нема да престанеме да ја поддржуваме Украина бидејќи тоа е и нивен интерес, особено е во интересот на европските земји-членки да ја поддржат Украина и во иднина, така што се плашам дека ќе има повеќе поддршка или долгорочно поддршка, но тоа ќе биде поддршка што не и помага на Украина да победи во војната, што значи дека имаме повеќе жртви, имаме повеќе инфраструктура која е уништена и тоа ќе биде пролонгирање по војната, така што тоа нема да биде доволно за да се победи војната. Поради тоа, поддршката прилично стагнира или можеби благо опаѓа, но не гледам дека истата се зголемува.

РСЕ: Состојбата значи не е толку добра, за жал.

Мајстер: Не, не е подобрена, затоа што сега имаме и внатрешни кризи. И мислам дека тие се деструктивни на кој било начин. И не можеме да ги предвидиме. Тоа е проблемот. Путин сè уште мисли дека Западот е слаб. Така што, мислам како да се смени оваа парадигма за која Путин мисли дека Западот не е толку слаб како што мислеше. И ние не правиме доволно за да ја промениме оваа парадигма. Попрво почнуваме да се караме едни со други и да се преиспитуваме. И тогаш ги имаме овие доста големи пораки. Ние ја поддржуваме Украина и не ги нагласуваме ресурсите што се потребни за тоа. Значи ова е проблемот. Мислам дека клучното прашање е како да се смени руската перцепција дека Западот е слаб. Значи, што треба да се направи за да се промени ова и што потоа навистина може да се направи? Но, ние се уште не сме таму.

РСЕ: Но, од друга страна, проблемот е што Русија има огромни природни ресурси, како што кажавте, до тој момент што дури Путин не се грижи ниту за човечките загуби. И како Северна Кореја, чие население гладува, во исто време таа лансираше проектили. Значи Русија има многу поголем капацитет од Северна Кореја и може да функционира во таканаречената воена економија со години, ако не и со децении.

Мајстер: Се согласувам. И тие се подготвени за тоа. Можеби само Путин е тој што знае дека во еден момент ќе умре. Тој сака да извојува победа или нешто друго пред да умре. Мислам дека тоа е можеби единствениот елемент што ја менува пресметката. Но, мислам дека елитата и системот се подготвени за подолга војна. Веќе се подготвени за тоа.

XS
SM
MD
LG