Достапни линкови

Медиумите на Кремљ го минимизираат упадот на Украина во Курск


Конвој камиони на руската армија беше уништен од украинската војска во Суџа во областа Курск, Русија, 9 август 2024 година
Конвој камиони на руската армија беше уништен од украинската војска во Суџа во областа Курск, Русија, 9 август 2024 година

Рускиот претседател Владимир Путин го опиша упадот на Украина во регионот Курск како „провокација“, „обид за дестабилизација“ на пограничните региони и терористички чин. Тој избегна да користи попривлечен опис, као на пример: првата инвазија на Русија од страна на странски трупи по Втората светската војна.

И тоа го окарактеризира како нешто со кое Русија ќе се справи ефикасно, иако не го стори тоа речиси една недела по прекуграничната офанзива на Киев.

Државните - контролирани руски медиуми, во голема мера ја следеа таа линија, често сакајќи да го минимизираат упадот и да ја уверат домашната публика дека тоа не е голема работа. И наместо удар на воените цели на Русија и срам за Кремљ, тоа сигурно ќе биде претставено и ќе заврши како лоша грешка на Украина.

„Пограничната област на територијата на регионот Курск е преполна со трупови на украински борци и е претворена во гробишта на изгорена непријателска опрема“, пишува во напис од 12 август во популарниот таблоид „Аргументи и факти“, во кој се додава дека „огромен број“ украински напаѓачи биле убиени „само во последните неколку часа“.

Весникот тврди дека Украина изгубила „речиси 2000“ војници за време на операцијата, бројка што е поголема од некои проценки за големината на силите на Киев во областа.

„И тоа е само според официјално документирани убиства“, се додава во текстот. „Кој знае уште колку уште ќе ги фрлаат по шумите, клисурите и рововите покрај патиштата?

Аргументираниот став за ненадејниот упад на Украина на 6 август во рускиот регион Курск ги повтори другите извештаи во државните медиуми или медиумите под контрола на Кремљ во Русија, каде независното известување е задушено - дури и повеќе отколку што беше, откако Русија ја започна целосната инвазија на Украина во февруари 2022 година.

Извештаите се фокусираа на наводните неуспеси на украинската војска, тврдејќи дека Киев инвестирал огромни ресурси за минимални резултати. Некои сугерираат дека упадот ќе има контраефект, што ќе ја натера Русија да ги засили своите воени цели.

И Кремљ и медиумите кои се диригирани од Кремљ на почетокот изгледаа несигурни што да кажат за упадот, но се чини дека најпосле се решија на пораката што треба да прикаже смиреност и доверба.

„Непријателот, сигурно, ќе добие соодветен одговор и сите цели што ги наведовме, без сомнение, ќе бидат постигнати“, рече Путин на 12 август, додавајќи дека „провокацијата“ не влијаела на руските воени операции во Украина.

„Невозможно е да не дестабилизирате или да посеете паника“, рече истакнатата и страствена антиукраинска водителка Олга Скабеева на Росија-1, еден од главните државни ТВ канали.

„Напротив, тие ги налутија Русите и сите сега се подготвени да земат оружје и јасно да кажат дека не можете да се справите со Русија на овој начин“.

Во исто време, некои вести се преполни со ноти на загриженост. Опишувајќи ја воената ситуација во регионот Курск, Скабеева употреби збор што може да значи „комплицирано“ или „тешко“.

Некои извештаи укажуваат на потрага по „жртвени јагниња“, со сугестии за обвинување често на чеченските сили во регионот и на началникот на воениот генералштаб, генерал Валериј Герасимов, кој многумина го обвинуваат за лошо менаџирање на војната против Украина.

Весникот „Независимаја газета“ на 12 август објави дека силите на Националната гарда ги одбиле „украинските контранапади“ во областа Курск. Исто така, додаде и нешто што му се допаѓа во странското известување за упадот, цитирајќи го Асошиејтед прес дека ќе биде тешко за украинските сили да воспостават упориште во Русија бидејќи „нивните линии за снабдување би биле ранливи на руски оган“.

Популарниот весник Московски Комсомолец (МК), контролиран од канцеларијата на градоначалникот на Москва, тврди украинската операција била толку хаотична што било тешко да се каже што се обидуваат да постигнат силите на Киев.

„Многу од нивните постапки изгледаат бесмислени, како самите Украинци да не ги разбираат нивните цели“, пишува весникот.

Пораката на МК беше измешана: „Во целина, ситуацијата останува исклучително тешка, но под контрола“, се додава.

Една статија во весникот „Взгљад“ (Поглед) на 12 август не се фокусираше на бојното поле, туку на „информацискиот простор“, тврдејќи без докази дека украинските безбедносни агенции имале објави со „многубројни лажни извештаи“ со цел „да се сее паника меѓу луѓето во регионот“.

Една таква „лажна“, тврди весникот, е фотографија на која наводно се гледа „украински националист“ кој стои покрај знакот што покажува дека е на само 10 километри од градот Курск, регионалниот главен град. Весникот наведува дека фотографијата е направена со фотошоп техника на границата меѓу двете земји.

Според академски експерт цитиран од весникот, други „фалсификати“ наводно се обидувале да ја искористат предноста од „извесниот недостиг на верба што населението го има кон службениците - слаба точка на руското општество“.

Во извештајот од 8 август, Медуза, независен центар сега со седиште надвор од Русија, кој цитира неименувани извори од индустријата, пишува дека Кремљ им „наложил“ на државните и про-Кремљ медиуми да не го опишуваат упадот како „нов фронт“ во војната или да ја споменуваат близината на борбите до нуклеарната централа Курчатов во Куршкиот регион.

„Наместо да се фокусираат на борбите, на медиумите им беше кажано да ги истакнат приказните од човечки интерес, како што се „крводарителски акции и кампањи за обезбедување засолниште на раселените луѓе“, објави Медуза.

На пример, најпродаваниот таблоид во земјата, Комсомолскаја Правда, ја објави драматичната приказна за манастирот во регионот Курск, кој наводно бил под украински оган во почетната фаза на операција под наслов „Тенковите пукаа, но не ја прекинаа литургијата“ и „Поглаварот на манастирот успеа да ја евакуира својата „чудотворна икона“ во градот Курск“.

Како што во текот на руската инвазија на Украина, имаше доза на обвинување на Западот, така и сега има извештаи кои наведуваат или имплицираат дека западните земји ја наговараат или помагаат Украина во нејзиниот упад во Курск. Коментаторот Александар Казаков за државната телевизија Канал 1 изјави дека „ова е лондонска приказна“.

„Лондон е нашиот најголем непријател“, рече Казаков.

„Тие сакаат непријателствата да продолжат додека не умре и последниот Украинец“, рече тој.

Без да наведува докази, Скабеева тврдеше дека Украина дејствува на руска територија „со целосно одобрение и координација на американската влада и американскиот претседател“.

Во меѓувреме, во написот од 9 август, наведен како „ексклузивен“ поглед на „борбениот план на Кремљ“, Московски Комсомолец (MK) изгледаше решено да ги увери читателите дека дури и ако сè уште не гледаат многу моќен руски одговор на упадот, Путин знае што прави и силно ќе возврати кога ќе дојде вистинското време.

„Путин одбива да игра според правилата поставени од неговите „партнери“ во Украина“, напиша авторот на МК Михаил Ростовски.

„Путин е принуден да преземе итни, драматични изјави и акции. Ќе бидат преземени активности, но тие ќе дојдат во момент кој е погоден и корисен за Русија и за претседателот, а не во моментот што му одговара на непријателот. Истуркувањето на украинската војска од регионот Курск ќе биде само дел од неговиот соодветен одговор“, се заклучува во написот на влијателниот руски весник.

XS
SM
MD
LG