Достапни линкови

„Две тркала, една заедница“


Да се слави мото - циклистичката култура, братството на моторџиите и безбедното возење низ Балканот, да се обединат ентузијастите за мотори. Ова е само дел од најавата за МОТОКАСТ на, како што самиот за себе ,вели, страстниот моторџија и ентузијаст Зоран Богдановски.

Фокусот е на прикажување и славење на моторџиските приказни, култура и другарство, со силен акцент на модерните и безбедни практики на возење, како и хуманизмот кон сите луѓе.

Во Скопје не се вози безбедно и намерата ни е тоа да го подобриме. Соработуваме со сите надлежни фактори во градот да ја подигнеме културата на возење за да биде безбедно за сите, вели во Поткастот Зошто Зоран Богдановски.

За тоа дали генерално постои култура на почитување меѓу возачите на мотори во Скопје и возачите на автомобили, тој смета дека генерално нештата се менуваат на подобро иако културата во државата е далеку од нивото во западните земји

Нашата цел е да промовираме безбедни практики. Искусните моторџии возат безбедно. Ние се бориме против оние кои не возат безбедно, без разлика дали станува збор за мотори или автомобили.

Со Богдановски разговаравме и за разликите во сообраќајната култура во големите европски градови и во Скопје.

Мото култура - братство, дружби и хуманизам
please wait

No media source currently available

0:00 0:16:36 0:00
Директен линк

Повеќе мотори како превозни средства значи и повеќе простор на улиците и помалку сообраќајни метежи. Моторите зафаќаат помалку простор, помалку трошат и помалку загадуваат.

Братство и хуманизам

Сакаме да го поправиме имиџот. Моторџиите не се лоши момци. На Балканот има голема соработка меѓу моторџиите „бајкерите“. На тие дружби никој не прашува од кај си. Нема делби по пол по национална, верска или друга припадност.

Поткаст „Зошто“ со Зоран Ќука и гостинот Зоран Богдановски
Поткаст „Зошто“ со Зоран Ќука и гостинот Зоран Богдановски

„Битно е само да си добар човек и има само добри или лоши моторџии “, вели Зоран Богдановски во објавата на МОТОКАСТ „Две тркала, една заедница“?

Богдановски во Зошто зборува и за хуманитарните и крводарителските акции на клубовите, како дел од промоцијата на позитивните трендови и вистинската култура на моторџиите и нивните клубови.

Слушајте не, следете те го Поткастот Зошто на Слободна Европа и на Спотифај, Јутјуб, Ејпл и Гугл поткаст. Кликнете на Зошто и давајте ни идеи и теми кои сакате да ги слушате, а ние ќе прашуваме преку нашите социјалните мрежи.

  • 16x9 Image

    Зоран Ќука

    Во Слободна Европа во Прага е од нејзиното формирање на 1 Септември 2001 година. Кариерата ја започна во Македонското радио, па следат ТВ - А1 и ТВ Телма, со истовремена дописничка работа за Радио и ТВ Босна и Херцеговина, Загребското Независно 101 Радио, и Љубљанското Студент Радио.

XS
SM
MD
LG