Зеленчукот и овошјето со кои изобилува нашето поднебје се главните состојки на здравата исхрана. Но дневното мени на еден просечен граѓанин често го диктира она што е најдостапно – брзата храна. Тоа го покажуваат и официјалните податоци, доколку се спореди на што се трошат парите, од што се разболува и од што умира населението, вели докторот Александар Митов.
Ако ги ставиме едно до до друго податоците од Заводот за статистика за трошоците и оние од Институтот за јавно здравје ќе видиме дека граѓаните повеќе трошат пари за цигари и за пијалоци, алкохол, газирани пијалоци, отколку за овошје, зеленчук и овде веќе нема дилема од што настануваат болестите.
Парите се трошат на храна која му штети на здравјето. Процесирана храна е подостапна, поприсутни и распространета и достапноста често го одредува изборот. Полесно е чипс и хамбургер отколку да зготвиме.
Пари даваме да се разболиме, пари трошиме да купиме работи кои ни го уништуваат здравјето.
„Ахиловата пета“ на вработените кои имаат краток период за појадок, според доктор Митов, е стандардниот бурек со јогурт.
Многу е важно како се подготвува бурекот, а сега е со палмино масло. Македонија е голем увозник, а палминото масло е многу понездрава алтернатива. Тоа има над 90 насто заситени масти, додека свинската маст има 60 насто. А нашиот организам не може толку да ги обработи. Според истражувањата на американски колеџ кардиолози дневната доза е пет грама заситени масти на ден, а во еден бурек со палмино масло има 20 грама.
Поголем дел од населението е со прекумерна телесна тежина. Таа го зголемува ризикот да се развие дијабет, од мозочен удар, од срцев удар, а 17 видови на малигни болести се поврзани со прекумерна телесна тежина.
Но кај нас цигарите, физичката неактивност и алкохолот се главните извори на болести.
Она што посебно ме загрижува е пушењето кај децата. Тоа уште го прават за да бидат прифатени во друштвото. Не паѓа трендот на пушење кај нас и тоа е број еден здравствен проблем во Македонија. Имаме проблем и со храната и со загаден воздух, но убедливо на прво место е пушењето.
Доктор Митов смета дека државата мора нешто да преземе како во секоја развиена држава која има генерална порака за исхрана и населението треба постојано да се едуцира за здрав начин на живот.
Државата може многу да направи, не може никој друг. Од аспект на здравствен денар и логично е тоа да го направи, затоа што ќе заштеди толку многу во лекувањето на болести.
Доктор Митов смета дека мора да има кампањи и за физичка активност. Дека сме многу неактивна нација покажуваат истражувањата на Институтот за јавно здравје каде ни 10 отсто од населението нема неопходни 150 минути умерена физичка активност неделно или пет дена во неделата по 30 минути пеш одење. Половина од испитаниците одговориле – имам нула физичка активност.
Слушајте не, следете те го Поткастот Зошто на Слободна Европа и на Спотифај, Јутјуб и Ејпл . Кликнете на Зошто и давајте ни идеи и теми кои сакате да ги слушате, а ние ќе прашуваме преку нашите социјалните мрежи.