Достапни линкови

Туристите само пеш низ Скопје


Мурал во Скопје
Мурал во Скопје

Секој ден стотици туристи минуваат низ Скопје. Престолнината некому му се допаѓа, некој наоѓа маани, но со какви впечатоци заминуваат зависи и од луѓето што ќе ги сретнат. Што ги очекува во Скопје во поткастот Зошто разговараме со туристичкиот водич Васко Марковски.

Луѓе од европските земји, но и од Филипини или Јапонија, Австралија, на своите планови за патување често го ставаат и Скопје. Од Европа најчесто доаѓаат заради евтини летови, други заради мрежа од градови меѓу кои и Скопје, кои ги посетуваат од едно излегување од дома, доаѓаат и дигитални номади кои од далеку работат и патуваат и по две, три години, а има и такви кои се тргнати по светот од авантуристичка побуда. Вака Васко Марковски ги опишува туристите кои му се најчести гости во Скопје и кои бесплатно ги води и им раскажува за градот.

Повеќе им се допаѓаат скопјаните, отколку Скопје
please wait

No media source currently available

0:00 0:20:43 0:00
Директен линк

Вели дека гостите од Германија се редовно на врвот на посети на Скопје. Оттаму често доаѓаат групи кои решаваат тука да го поминат викендот. Тие што ангажираат водич обично бараат да слушнат нешто за градот што го нема на Интернет.

Сите можеме да ја научиме историјата на градот, фактите или знаменитостите, но она што се кажува меѓу нив е просторот што треба да го освои еден водич со својата оригиналност.

Една таква приказна раскажува за црквата Свети Спас која практично била тајна кога се изградила. Тоа е црква изградена пред танзиматските реформи на османлиската империја кога владее шеријатското право и објектите на други религии биле скриени. Оваа црква е изградена во тоа време и е вкопана околу два метра под земја. Се уште е во рамките на тоа правило да биде скриена и незабележлива.

Но освен старите градби тој им раскажува и за објектите од Скопје 2014.

Туристите се во предност бидејќи не се со товар на исполитизираност како нас.

Тој ги знае и сите нови споменици и според неговата проценка и увид има 140 до 145 споменици само во Скопје 2014.

Странските туристи најмногу се шармирани од мултикултурноста на градот. Импресионирани се и од срдечноста, услужливоста, а особено што повеќето луѓе зборуваат англиски и лесно се снаоѓаат.

Им се случило и да не можат да платат паркинг и обичен минувач да им каже еве јас ќе ти платам со мојот мобилен. И пријатно се изненадени.

Она што не им се допаѓа е јавниот транспорт. Васко вели дека се жалат оти не можат да купат билет во автобусот, а „веб страниците се од 18 век“.

Убедливо најпосетена е куќата на Мајка Тереза, а потоа Археолошкиот музеј. Но другите музеи уште се борат со проблеми, како Музејот на Македонија, каде што етнолошките изложби, заради поплави, се во депо и немаат веб страници што редовно се ажурираат.

Заради проблемите со кои се соочува градот, туристичкиот водич Васко Марковски вели - Страв ме фаќа од тоа што Скопје ќе биде европска престолнина на културата во 2028 затоа што ќе дојдат многу луѓе и не знам како сите ќе може да ги опслужиме.

Васко Марковски во Поткастот „Зошто“ со Сања Васиќ
Васко Марковски во Поткастот „Зошто“ со Сања Васиќ

Слушајте не, следете те го поткастот Зошто на нашиот сајт Слободна Европа, како и на Спотифај , Јутјуб и Ејпл. Кликнете на Зошто и давајте ни идеи преку социјалните мрежи кои теми сакате да ги слушате

  • 16x9 Image

    Сања Васиќ

    Новинарската кариера ја почнува во весникот „Нова Македонија“ во 1991, а потоа продолжува во телевизија Телма како уредник  и водител во информативната програма каде минува најголем дел од кариерата. Работела и во македонската редакција на Гласот на Америка во Вашингтон, била локален дописник на странски новински агенции, како и предавач и обучувач на медиумски проекти. Во Радио Слободна Европа е од јули 2022.

XS
SM
MD
LG