Достапни линкови

Што може да се очекува од вториот мандат на Доналд Трамп?


Доналд Трамп
Доналд Трамп

За време на неговата претседателска кампања, Доналд Трамп даде големи ветувања за тоа што се очекува доколку се врати во Белата куќа.

„Со ваша поддршка, ќе ја вратиме силата, доминацијата, просперитетот и гордоста на нашата нација. Ова ќе биде новото златно доба на Америка“, рече Трамп две недели пред денот на изборите.

Сега кога Трамп освои втор мандат како претседател, што може да се очекува од неговата претстојна администрација?

Одговорот на тоа прашање многу зависи од тоа кого прашувате.

Поддржувачите на Доналд Трамп веруваат дека тој ќе ја направи Америка повторно голема, дома и во странство. Неговите противници предупредија дека Трамп ќе ја поткопа демократијата во Соединетите Држави.

„Ќе и помогнам на земјата да заздрави“ - изјави Трамп, прогласувајќи победа
please wait

No media source currently available

0:00 0:01:50 0:00

Време на созревање

Трамп често ги критикуваше своите политички противници, нарекувајќи ги „непријател одвнатре“ и сугерирајќи дека војската може „многу лесно да се справи“ со нив во случај на постизборен хаос.

Коментарите ја наведоа потпретседателката во заминување Камала Харис, која се кандидираше и загуби од Трамп, непосредно пред гласањето да каже дека Трамп е „опседнат со одмазда, обземен од поплаки и бара неконтролирана моќ“.

Дома, американскиот судски систем е една област каде што се очекува Трамп „да ја исчисти куќата“, во голема мера поради повеќе кривични случаи поврзани со неговиот прв мандат, вклучително и во врска со наводното мешање во изборите и обидите да се попречи трансферот на власта по неговата загуба на изборите во 2020 година.

Трамп, исто така, рече дека „апсолутно“ ќе ги помилува неговите поддржувачи затворени за нивната улога во упадот во американскиот Капитол на 6 јануари во неуспешниот обид да се наруши потврдата за победата на Џо Бајден.

Гледано во поширок контекст, многумина предвидуваат дека Трамп ќе го користи „Проектот 2025“- иницијатива замислена од десничарскиот тинк-тенк на Фондацијата Херитиџ во Вашингтон за „да се урне длабоката држава“ - како образец за неговите политики.

Трамп се огради од „Проектот 2025“ за време на неговата кампања, тврдејќи дека не знае кој стои зад него, но истрагата покажа дека се вклучени најмалку 140 луѓе кои работеле во претходната администрација на Трамп.

„Трамп сака да зборува строго, но ретко го прави тоа. Секоја одмазда ќе биде случајна и од членовите на персоналот. Мислам дека ќе има многу промени во Министерството за правда“, рече Кит Натон, ко-основач на американската фирма за јавни односи „Стратегии на тивко мнозинство“.

Војна и мир

Веројатно ќе се промени и начинот на кој САД го вршат своето влијание низ светот.

Трамп изјави дека може да стави крај на руската војна во Украина „за 24 часа“.

Со оглед на тоа што Израел е вклучен во војна на два фронта на Блискиот исток против вооружените групи поддржани од Иран, Трамп го повика Израел „да ја заврши работата“.

Питер Скери, професор по политички науки на Бостонскиот колеџ, очекува Трамп да „притиска за некаков вид спогодба“ меѓу Москва и Киев, предвидувајќи дека тоа „ќе значи големи отстапки од страна на Украина“.

Што ќе направи Трамп во врска со Израел е многу помалку јасно, смета Скери, но додава дека „тој ќе покаже поддршка за Израел“, а во исто време ќе се обидува да го оживее Абрахамскиот договор што има за цел арапско-израелска нормализација.

Кина, со која Трамп започна трговска војна за време на неговиот прв мандат, е џокер (вајлд карта).

Трамп вети дека ќе воведе построги царини за производите произведени во Кина, доколку Пекинг „влезе во Тајван“. Тој претходно изјави дека нема да мора да користи американска воена сила за да спречи можна кинеска блокада на Тајван поради неговиот однос со кинескиот претседател Си Џинпинг.

Глобален отпечаток

Во неговите четири години како претседател, Трамп се залагаше за членките на НАТО да ги исполнат потребните нивоа на трошоци за одбрана, цели што повеќето од нив ги исполнија.

Трамп, исто така, го надгледуваше повлекувањето на САД од УНЕСКО, Договорот за нуклеарни сили со среден дострел (ИНФ) со Русија, иранскиот нуклеарен договор постигнат со светските сили, Парискиот договор за ублажување на ефектите од климатските промени и прекинатото финансирање за Светската здравствена организација поради нејзиниот одговор на појавата на коронавирус.

Како се избира претседател на САД?
please wait

No media source currently available

0:00 0:04:19 0:00

Администрацијата на Бајден во заминување вети дека ќе го врати американското влијание во овие договори и институции, но сега многумина предвидуваат нов пресврт под водство на Трамп.

Скери рече дека Трамп е „самоумен, самоинтересен актер“ и е фокусиран на домашните прашања.

„Не би било изненадувачки да се види Трамп како се „се враќа на патеката“ за ограничување на улогата на Вашингтон во некои глобални институции“, рече тој.

Нетон смета дека „Трамп повеќе ќе сака да одлучува сам“, но додава дека сепак „Конгресот на САД најверојатно „нема да го дозволи тоа“ и дека ќе дава отпор.

XS
SM
MD
LG