Достапни линкови

САД - Претседателски избори, Трамп прогласи победа

Американците гласаа за нов претседател во атмосфера исполнета со напнатост и исчекување. Покрај изборот на претседател, гласачите истовремено избираа членови на Претставничкиот дом, како и една третина од Сенатот.

  • Битката се водеше меѓу поранешниот претседател Доналд Трамп, кој е кандидат на Републиканската партија и потпретседателката Камала Харис, кандидат на Демократската партија.
  • Трамп е победник, со освоени 277 електорски гласови, покажуваат првичните резулати и проекции.
  • За победа, претседателскиот кандидат треба да освои најмалку 270 електорски гласови, што е прагот за освојување на Белата куќа.
  • Трамп им се обрати на подржувачите, изјавувајќи дека е победник
  • Од штабот на Камала Харис соопштија дека таа ќе се обрати утре
  • Светски лидери веќе му ја честитаат победата на Трамп
12:10

Што може да се очекува од вториот мандат на Доналд Трамп?

За време на неговата претседателска кампања, Доналд Трамп даде големи ветувања за тоа што се очекува доколку се врати во Белата куќа.

„Со ваша поддршка, ќе ја вратиме силата, доминацијата, просперитетот и гордоста на нашата нација. Ова ќе биде новото златно доба на Америка“, рече Трамп две недели пред денот на изборите.


Сега кога Трамп освои втор мандат како претседател, што може да се очекува од неговата претстојна администрација?

Одговорот на тоа прашање многу зависи од тоа кого прашувате.

Поддржувачите на Доналд Трамп веруваат дека тој ќе ја направи Америка повторно голема, дома и во странство. Неговите противници предупредија дека Трамп ќе ја поткопа демократијата во Соединетите Држави.

Целата анализа прочитајте ја ТУКА

11:05

Трамп прогласи победа, честитки од светските лидери

Трамп вети „златно доба“ за САД, а неговиот потпретседателски кандидат Џеј Ди Венс рече дека по „историското политичко враќање“ ќе следува и „историски економски камбек“. На адреса на Трамп веќе пристигнаа честити од челниците во ЕУ и НАТО, а честитаа и македонскиот премиер Мицкоски и лидерите од регионот.

Поранешниот претседател Доналд Трамп прогласи победа на претседателските избори во САД, откако проекциите покажаа дека тој победи во неколку сојузни држави кои се сметаа за одлучувачки за исходот од изборите.

Официјално, тој сè уште не го преминал прагот од 270 електроски гласови во Изборниот колеџ, колку што му се потребни за стане 47-претседател на САД.

Во моментов, според проекциите тој има 267. Комплетниот извештај и реакциите, прочитајте ги ТУКА.

10:44

„Ќе и помогнам на земјата да заздрави“ - изјави Трамп, прогласувајќи победа

„Ќе и помогнам на земјата да заздрави“ - изјави Трамп, прогласувајќи победа
please wait

No media source currently available

0:00 0:01:50 0:00

10:00

Зеленски: Со нетрпение ја очекуваме ерата на САД под водство на Трамп

Украинскиот претседател Володимир Зеленски преку социјалната мрежа Икс испрати честитки за, како што вели, „импресивната победа“ на Доналд Трамп на претседателските избори во САД.

„Ја ценам посветеноста на претседателот Трамп на пристапот ’мир пред сила‘ во глобалните работи. Токму тоа е принципот што практично може да донесе мир во Украина. Се надевам дека заедно ќе го спроведеме тоа на дело. Со нетрпение ја очекуваме ерата на силни Соединети Американски Држави под решително водство на претседателот Трамп“, вели Зеленски додавајќи дека Украина очекува двопартиска поддршка од САД.

Вчитај повеќе

XS
SM
MD
LG