Достапни линкови

САД - Претседателски избори, Трамп прогласи победа

Американците гласаа за нов претседател во атмосфера исполнета со напнатост и исчекување. Покрај изборот на претседател, гласачите истовремено избираа членови на Претставничкиот дом, како и една третина од Сенатот.

  • Битката се водеше меѓу поранешниот претседател Доналд Трамп, кој е кандидат на Републиканската партија и потпретседателката Камала Харис, кандидат на Демократската партија.
  • Трамп е победник, со освоени 277 електорски гласови, покажуваат првичните резулати и проекции.
  • За победа, претседателскиот кандидат треба да освои најмалку 270 електорски гласови, што е прагот за освојување на Белата куќа.
  • Трамп им се обрати на подржувачите, изјавувајќи дека е победник
  • Од штабот на Камала Харис соопштија дека таа ќе се обрати утре
  • Светски лидери веќе му ја честитаат победата на Трамп
04:59 6.11.2024

Резултатите во САД засега според предвидувањата, се очекуваат „одлучувачките држави“

Исходот во оние држави каде заврши гласањето, според неофицијалните медиумски проекции, засега се според очекувано, но сè уште не се познати резултатите во т.н. одлучувачки држави.

Како што се очекуваше, според неофицијалните проекции, Трамп победи во Алабама, Арканзас, Флорида, Индијана, Кентаки, Луизијана, Мисисипи, Охајо, Оклахома, Јужна Каролина, Јужна Дакота, Тенеси, Тексас, Западна Вирџинија и Вајоминг.

Харис, пак, според проекциите е прогласена за победник во Конектикат, Делавер, Илиноис, Мериленд, Масачусетс, Њу Хемпшир, Њу Џерси, Њујорк, Род Ајленд и Вермонт.

Поопширно ТУКА

05:05 6.11.2024

05:32 6.11.2024

Гласачките места во „одлучувачките држави“ се затворени, пристигаат првични проекции

Пребројување на гласовите во Пенсилванија
Пребројување на гласовите во Пенсилванија

Гласачките места во седумте „одлучувачки држави“ во САД, кои се очекува да го одредат и победникот на изборите, се затворени и се очекуваат резултатите.

Како клучни седум држави се сметаат Пенсилванија, Мичиген, Висконсин, Аризона, Невада, Џорџија и Северна Каролина.

Победникот во ниту една од нив сè уште не е прогласен, но за дел веќе има првични проекции.

Како што пренесува Ројтерс, повикувајќи се на проекциите од „Едисон рисрч“, на обработени 85,4% од гласовите во Северна Каролина, Трамп има 50,8% освоени гласови, а Харис 48,4%.

05:55 6.11.2024

Трамп победил во Северна Каролина

Републиканскиот кандидат и поранешен претседател на САД, Доналд Трамп, победи во Северна Каролина, според проекциите на новинските агенции Ројтерс и Асошиејтед прес.

Северна Каролина е првата од седумте сојузни држави кои се сметаат за одлучувачки за исходот од претседателските избори во САД.

Таа носи 16 електроски гласови.

Вчитај повеќе

XS
SM
MD
LG