Достапни линкови

Даниловски: Да се елиминира монополот на Фондот за здравство


Даниловски: Изградба на нов Клинички центар не е приоритет
please wait

No media source currently available

0:00 0:14:50 0:00

Даниловски: Изградба на нов Клинички ценатар не е приоритет

Здравствено осигурување по модел на пензиското, со повеќе фондови би им помогнало на пациентите смета професорот и епидемиолог, но и поранешен министер за здравство Драган Даниловски. Во интервју за РСЕ вели дека приватните болници не смее да се фаворизираат на сметка на државните.

Колку приватните болници имаат бенефит од се ова што се случува во здравствениот систем, особено со последните случувања и затворањето на хируршките сали? РСЕ веќе пишуваше дека луѓе се задолжуваат со кредити за да може да одат на операција?

Приватното здравство во моментов, но и од секогаш било систем во систем. Паралелен систем на јавниот или ако сакате државниот. Такво нешто е недозволиво. Според мене воопшто не е важен титуларот на сопственоста, дали една здравствена установа јавна или државна како што јас претпочитам да кажам, или е основана од приватник.

Битно е дека и едните и другите и јавните и приватните установи вршат јавна дејност. Здравствената заштита ако е јавна дејност мора да биде достапна подеднакво на секого бидејќи уставното право е дека секој има право на здравствена заштита. И тоа треба да важи за здравствените услуги без разлика кој и да ги пружа.

Но, тоа е приватен бизнис на сопствениците?

Нека биде бизнис, меѓутоа одредени услуги што фондот ќе ги купи за своите осигуреници од нив и ќе бира од која болница приватна или јавна во зависност од цените, тогаш во една ситуација кога сите ќе бидат ставени под ист именител, со ист аршин мерени и ист третман ако би имале од страна на фондот, уште подобро фондовите за здравствено осигурување за да нема монопол, е тогаш можеме да се надеваме дека принципите на еднаквост, рамноправност и праведност можат да бидат исполнети.

Ако еден човек цел живот одвојувал од својата заработка за здравствено осигурување на крај плаќа приватно операција која што не може да ја добие на клиника. Што со ваквите ситуации, може ли да се најде решение?

Може единствено ако се елиминира монополот на единствениот Фонд за здравствено осигурување.

Ако постојат повеќе, не велам два нека бидат и три и четири и секоја фирма да си одбира, секој работодавач да може да си одбере за своите вработени каде ќе ги уплаќа придонесите е тогаш ќе биде поинаку и нема да има такви ситуации цел живот да плаќам придонеси и на крај да завршам на приватна болница со продаден стан и осиромашен до крај.

Многу проблеми има во здравствениот систем, што мислите колку време е потребно за да се дојде до некакви пристојни решенија?

Ако на пример зборуваме за тоа дека се потребни нови кадри, бидејќи недостигаат најразлични профили на доктори и специјалности, се знае колку време трае школувањето. Еве нека се дипломирани, па за специјализација и супспецијализација им требаат околу 10 години.

Ако утре се почне со нивната едукација значи за десет години. За инфраструктурата за обновување на опрема доволни се две до три години. Ако се воспостави некој ден Клинички центар со вистински оптимални димензии а дел од товарот го преземат регионалните болници, ако примарната здравствена заштита профункционира како што требе тогаш имаме надеж.

  • 16x9 Image

    Билјана Николовска

    Билјана Николовска како новинар започнува да работи во локална радио станица, а кариерата ја продолжува во националната ТВ Телма од 2006 – 2023 год. Добитник е на награда за најдобар дописнички прилог, и на повеќе награди за истражувачки стории доделени од домашни новинарски организации како и од Европската Унија. Автор е на документарен филм  и серија стории кои откриваат корупција, организиран криминал и нарушување на човековите права. Како истражувачки новинар за Радио Слободна Европа започна да работи во мај 2023 година.

XS
SM
MD
LG