Достапни линкови

Аларм за руската воена економија


Луѓето поминуваат покрај екран на менувачница на кој се прикажани курсевите на американскиот долар во однос на руската рубља во Санкт Петербург, Русија, април 2023
Луѓето поминуваат покрај екран на менувачница на кој се прикажани курсевите на американскиот долар во однос на руската рубља во Санкт Петербург, Русија, април 2023

Растат цените на млекото, компирот и путерот во Русија. Трговците на мало ја зајакнуваат безбедноста за да спречат кражби. Стапките на хипотеките вртоглаво растат бидејќи продажбата на нови станови опаѓа.

Повеќе од 1000 дена откако Москва ја започна својата сеопфатна инвазија на Украина, Русија ја трансформираше својата економија, преуредувајќи ја за да ги поттикне воените напори и да се справи со западните санкции.

Владините трошоци за работи како производство на тенкови, производство на ракети и воени униформи го поттикнаа растот низ целата земја. Извонредно високите плати на војниците волонтери и бонусите и бенефициите што им се исплаќаат на вдовиците испратија многу пари во посиромашните региони.

Од друга страна, инфлацијата вртоглаво расте. Централната банка се бореше да ја скроти, зголемувајќи ја основната каматна стапка на 21 процент во октомври, што е највисоко ниво во последните 20 години.

Алармот е вклучен, предупредуваат експертите.

Постојат стравувања од зголемен бран на корпоративни банкроти, бидејќи компаниите ги зголемуваат платите, борејќи се да привлечат вработени од намалениот „базен“ на работна сила. Во меувреме, стапките на хипотеките, креирани од Централната банка, ги плашат купувачите на станови во се поголем број региони.

„Пазарот е мртов. Во моментов е замрзнато и ништо не се случува“, изјави за Current Time агент за недвижнини, кој побара да биде анонимен за да избегне притисок од властите.

Лаура Соланко, виш советник во Финскиот Институт за економија во транзиција вели дека економскиот раст „неспорно забавува“.

„Економијата е прегреана, а стапката на раст мора да се забави. Но тоа што растот е многу бавен или воопшто нема раст - не укажува на тоа дека економијата е пред колапс. Тоа значи помалку инвестици и кратења на некои јавни трошоци во следните квартали“, вели Соланко.

Владините трошоци за воените напори го доведоа растот на БДП минатата година на 3,6 отсто и покрај големите санкции од Западот и напорите да се прекине трговијата со Русија.

Годинава, прогнозите се дека економијата ќе порасне 3,9 отсто. Невработеноста, пак, се намали на 2,4 отсто во септември, а недостигот на работна сила придонесе за зголемување на платите.

Високите каматни стапки не се одразија само на пазарот на недвижности. Зголемувањето на корпоративниот долг ги направи значително поскапи кредитите за компаниите за да ги прошират дејностите или да ги зголемат платите за да се натпреваруваат со работниците кои избираат да се пријават за борба во Украина. Во некои региони, мажите можат да ја добијат сумата од една година плата само за да се пријават да се борат во Украина.

Меѓу бизнисмените и корпоративните директори, незадоволството од Централната банка веќе испливува на површина.

Сергеј Чемезов, шеф на државниот индустриски конгломерат Ростек и сојузник на претседателот Владимир Путин, се пожали пред последното зголемување дека високите каматни стапки се „сериозна кочница за понатамошниот индустриски раст“.

„Конзервативната финансиска политика може да доведе до стагфлација“, додаде Чемезов.

„Со сегашната стапка, за компаниите е попрофитабилно да го запрат развојот, и дури и да го намалат обемот на бизнисот и да ги стават своите средства во депозит, отколку да водат бизнис и да се носат со поврзаните ризици“, рече во октомври Алексеј Мордашов, олигарх поврзан со Кремљ, кој ја предводи најголемата компанија за челик во Русија.

Чемезов и другите бизнис лидери, исто така, предупредија на пораст на корпоративните банкроти.

Самата Централна банка очекува забавување поради зголемувањето на каматите. Во 2025 година се очекува растот да се намали помеѓу 0,5-1,5 проценти.

Експертите велат дека постои опасност политиката на Централната банка да ја доведе економијата во стагфлација - комбинација од забавување на растот и тврдоглаво висока инфлација. Тинк-тенк поврзан со владата истото го предупреди во извештајот објавен на 13 ноември.

„Сегашното високо ниво на основната каматна стапка и посочените изгледи за натамошни зголемувања создадоа ризик од економски пад и колапс на инвестициите во блиска иднина“, се вели во извештајот.

Шефицата на Централната банка Елвира Набиулина се чини дека брани некои од фискалните политики на институцијата и се обиде да ги разувери критичарите. Таа ја отфрли опасноста од стагфлација.

„Руската економија е во пресвртна точка и може да се очекува забавување на инфлацијата во наредните месеци“, рече Набиулина.

На Москва нема да „и пречат некои банкроти“, вели Јанис Клуге, експерт за руска економија во Германскиот институт за меѓународни и безбедносни прашања, бидејќи тие се „потребни за да се стави инфлацијата под контрола“.

Стечајот „ би требало да помогне и за регрутирање“ на мажи за да се борат во Украина, рече тој, бидејќи Русите „кои не можат да го вратат својот долг е поверојатно да се согласат да се пријават за борба“.

„Генерално, економската ситуација ќе стане многу покомплицирана за Русија. Речиси три години се чинеше дека сите се збогатуваат во оваа војна. Но, сега, станува јасно дека тоа нема да се случи и дека има цена што треба да се плати“, заклучува Клуге.

XS
SM
MD
LG