Достапни линкови

Електронски саем на вработување


Електронскиот саем на вработување, можност за вработување на младите луѓе во Македонија.

Графички дизајнер, маркетинг асистент, референт за продажба на аранжмани, фризери и козметичари, супер визор. Ова се дел од огласите за вработување и пракса за млади луѓе и студенти кои може да се најдат на електронскиот саем за вработување преку програмата „Моја Кариера“ што е поддржана од УСАИД. Повеќе од 30 компании и 15 образовни институции имаат виртуелни штандови на овој он-лајн саем преку кој младите луѓе ќе можат да разговараат со претставниците на компаниите за можно вработување. Во изминативе две години речиси 300 луѓе успеале да се вработат преку националната програма за практикантска работа и вработување „Моја Кариера“, а 1600 студенти станале практиканти во
Најчесто младите луѓе сакаат да работат на работната позиција која што е поврзана директно со нивното образование, често се случува да не сакаат да работат на друга позиција затоа што сметаат дека треба да работат она што завршиле и покрај тоа што сеуште немаат искуство, меѓутоа има и луѓе кои што се амбициозни.
компании.

Координаторот на проектот Христина Џамбазовска вели дека во наредниве четири дена на интерактивен начин младите луѓе ќе можат да се информираат за она што се нуди на пазарот на трудот и кој се очекувањата на работодавците од нив како потенцијални практиканти или вработени и на компаниите им се отвара можност да добијат повеќе кандидати за отвореното работно место.

„Најчесто младите луѓе сакаат да работат на работната позиција која што е поврзана директно со нивното образование, често се случува да не сакаат да работат на друга позиција затоа што сметаат дека треба да работат она што завршиле и покрај тоа што се уште немаат искуство, меѓутоа има и луѓе кои што се амбициозни, коишто почнуваат на друга работна позиција или како практикант, а потоа напредуваат во самата компанија и стигнуваат до повисоки места.“

Асиситентот за човечки ресурси од фирма за финасиски услуги и консалтинг Андријана Кулеванова вели дека на овој начин на комуникација со младите луѓе, компанијата вработува 20 луѓе годишно. Таа додава дека со оваа платформа се подига степенот на сериозност на студентите за практикантска работа.
Меѓутоа морам да напоменам дека сериозноста и пристапот кој што го имаа кон самата практикантска работа беше на многу ниско ниво.


„Меѓутоа морам да напоменам дека сериозноста и пристапот кој што го имаа кон самата практикантска работа беше на многу ниско ниво. Значи ние уште на самиот почеток кога пројавуваме интерес дека бараме практиканти, нагласуваме дека од нив ја бараме буквално истата сериозност, значи сериозност кон работата како и од вработените.“

Според анкатета на Американската стопанска комора спроведена во бизнис заедницата, една од причините за невработеноста на младите луѓе е недостигот на висококвалификуван кадар. Кулеванова вели дека се согласува со резултатите од анкетата затоа што голем дел од младите кои барат работа се преценуваат себеси.

„Многумина сметаат дека по завршување на факултетот треба веднаш да се вработат, дека можат веднаш да почнат да работат, сметаат дека не им треба дополнителна обука, инаку се сложувам дека на еден добар дел им требаат дополнителни обуки и се преценуваат сепак сами себе кога доаѓаат на интервју.“

Но, додава дека во последниве три години дел од студентите кои се заинтересирани да најдат работа почнале да инвестираат во неформалното образование. Искуството на компаниите покажува дека не секогаш желбите на младите луѓе за вработување соодвествуваат со нивните реални капацитети и она што се бара од нив на пазарот на трудот.
  • 16x9 Image

    Зорана Гаџовска Спасовска

    Новинарската кариера ја започна во А1 телевизија. Работела на теми од образование, социјални проблеми, здравство и екологија. Родена е на 23.09.1983 година во Скопје. Од јуни 2009-та година работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

XS
SM
MD
LG