Достапни линкови

Времени вработувања во Куманово


Куманово
Куманово

Општина Куманово со околу 30 илјади невработени од вкупно околу сто илјади жители e една е од оние општини во кои бројот на невработените е поголем од бројот на вработените.

Освен печалбарството, кое последните неколку години е актуелно, кумановци тешко наоѓаат вработување, а и кога ќе го најдат тоа главно е на црно. За намалување на невработеноста, но и за олеснување на работодавачите кои законски се подложни на високи казни доколку инспекторите на трудот откријат непријавени работници, Агенцијата за привремени вработувања „Партнер“, во соработка со надлежните во локалната самоуправа, се обидува да им ја олесни состојбата на двете заинтересирани страни.
Проектот е намалување на невработеноста и искоренување на работењето на
црно.


„Проектот е намалување на невработеноста и искоренување на работењето на црно, а тоа можеме да го правиме само во соработка со локалната самоуправа“, вели Раде Ненадиќ од Агенцијата за привремени вработувања.

Диви пазарџии во Куманово

Казните се високи. За фирми, тие изнесуваат 15 илјади евра, а за одговорно лице 7 илјади евра. А во Македонија има околу 150 илјади вработени на црно.
Работодавачите знаат да кажат дека немаат можности брзо, едноставно, флексибилно да ангажираат и отпуштаат работници и од таа причина држат работници на
црно.

„Најчесто се слуша, работодавачите знаат да кажат дека немаат можности брзо, едноставно, флексибилно да ангажираат и отпуштаат работници и од таа причина држат работници на црно“, додава Ненадиќ.

Локалната самоуправа Куманово подолг период соработува со оваа Агенција. И тоа не само локалната администрација, туку и јавните претпријатија кои добиваат консултативни и други услуги, вели Момчило Бојковски од локалната самоуправа. Соработката е добра, вели тој.

„Се гледа и во тоа што во зградата на Општината Куманово има лице кое ги информира сите граѓани на кој начин можат да се вработат преку оваа Агенција, во било која фирма не само во Општината Куманово“, вели Бојковски.
  • 16x9 Image

    Светлана Антиќ Јовчевска

    По завршувањето на Студиите по новинарство во Скопје во 1985 година започнува да работи како економски новинар во Куманово, а потоа како дописник на „Вечер“,соработник на „Нова Македонија“,„Утрински весник“,на МРТВ, МИА, Радио Дојче Веле и неколку неделници. Од основањето на Радио Слободна Европа известува за настаните од својот град.

XS
SM
MD
LG