Според почетните размислувања, сите партии од албанскиот блок на изборите ќе се појават самостојно или без поголеми предизборни блокови. Гостиварскиот градоначалник Руфи Османи кој се придружи во битката за пратенички места кај Албанците и претходно ги кажа своите размислувања дека сите партии на Албанците во Македонија се стремат кон слични цели, вели дека се уште е рано за правење предизборни коалиции:
„Понудивме алтернатива за наоѓање заеднички јазик после изборите, значи откако ќе излеземе на фер и демократски избори, откако ќе измериме кој каков потенцијал политички има и тогаш да седнеме согласно резултатите“, изјави Османи, кој беше гостин во неделното интервју на Радио Слободна Европа.
Има неколку прашања. Дали во битката за пратенички места кај Албанците, најновата политичка партија која треба да се вклучи во изборната трка, како и моќта на ДПА и нивните потези, се доволни да предизвикаат промени во битката за пратенички места односно во позициите на ДУИ која има најмногу гласови. Ќе биде ли ова поголем поттик за посилен ангажман и на Нова демократија или, пак, можен ли епоголем блок и со ДУИ во него?
Исмет Рамадини кој беше поранешен партеник не верува во можност од поголемо окрупнување на албанскиот блок:
„Најверојатно ДУИ ќе оди со некои од помалите незначајни партии. Исто така другите партии Нова демократија, новата партија на Османи и ДПА, по се изгледа, нема да успеат да направат некоја опозициона коалиција.“
Во ДУИ е познато дека се разговара со цел да соберат неколку помали партии од албанскиот блок кои немаат пратеници. Пратеничката Ермира Мехмети Деваја од ДУИ повтори дека нивен приоритет ќе биде Рамковниот договор, за разлика од останатите албански партии кои бараат негово преиспитување.
Сама на изборната патека останува и Нова демократија. Иако имаше најви дека може да одат заедно со новата партија на Османи, засега нема разговори со ниту една партија, изјави Флора Кадриу од НД.
„Има потреба за обединување на албанските партии имајќи предвид дека нивниот број е зголемен и имајќи предвид дека е можно да се изгубат одреден број на пратеници Албанци, но сега за сега ние сметаме дека сами ќе излеземе на избори.“
Во ДПА, пак, иако засега не може да потврдат дека имаат некаков договор со другите партии познат е нивниот став дека се отворени за преговори, а нивниот претседател Мендух Тачи претходно упати апел до сите опозициски партии на Албанците да се припојат кон ДПА.
Откако ќе излеземе на фер и демократски избори, откако ќе измериме кој каков потенцијал политички има и тогаш да седнеме согласно резултатите.
„Понудивме алтернатива за наоѓање заеднички јазик после изборите, значи откако ќе излеземе на фер и демократски избори, откако ќе измериме кој каков потенцијал политички има и тогаш да седнеме согласно резултатите“, изјави Османи, кој беше гостин во неделното интервју на Радио Слободна Европа.
Има неколку прашања. Дали во битката за пратенички места кај Албанците, најновата политичка партија која треба да се вклучи во изборната трка, како и моќта на ДПА и нивните потези, се доволни да предизвикаат промени во битката за пратенички места односно во позициите на ДУИ која има најмногу гласови. Ќе биде ли ова поголем поттик за посилен ангажман и на Нова демократија или, пак, можен ли е
Најверојатно ДУИ ќе оди со некои од помалите не значајни партии, исто така другите партии Нова Демократија, Новата партија на Османи и ДПА по се изгледа нема да успеат да направат некоја опозициона коалиција.
Исмет Рамадини кој беше поранешен партеник не верува во можност од поголемо окрупнување на албанскиот блок:
„Најверојатно ДУИ ќе оди со некои од помалите незначајни партии. Исто така другите партии Нова демократија, новата партија на Османи и ДПА, по се изгледа, нема да успеат да направат некоја опозициона коалиција.“
Во ДУИ е познато дека се разговара со цел да соберат неколку помали партии од албанскиот блок кои немаат пратеници. Пратеничката Ермира Мехмети Деваја од ДУИ повтори дека нивен приоритет ќе биде Рамковниот договор, за разлика од останатите албански партии кои бараат негово преиспитување.
И покрај расположението за предизборно коалицирање и партијата на Имер Селмани засега оди сама на избори