Достапни линкови

Стабилизација на цената на лебот?


Министерството за земјоделство очекува стабилизација на цената на лебот со последната донесена мерка за забрана на извоз на брашно.

Оваа одлука ќе важи до 15 септември и е само дополнување на претходната забрана за извоз на пченица. Целта на оваа мерка е да се обезбеди доволно количини на пченица и брашно на домашниот пазар до следната жетва.
Можноста за шверцување сега на таа пченица, со оваа одлука е затворена. Во нашата држава една цена на некој артикал кога ќе се зголеми тешко се намалува.


Претседателот на Сојузот на земјоделците Вељо Танатаров вели дека се надева оти овие мерки ќе донесат позитивен исход, но не е сигурен во тоа.

„Или пак таа цена да се намали или да остане оваа цена што беше досега на лебот и брашното на домашниот пазар, бидејќи можноста за шверцување сега на таа пченица, со оваа одлука е затворена. Во нашата држава една цена на некој артикал кога ќе се зголеми тешко се намалува.“

Тој додава дека треба да се воспостави добра соработка меѓу земјоделците и мелничарите за да се задоволат и потребите на пазарот. Танатаров смета дека земјоделците имаат капацитети да обезбедат храна за да ги задоволат потребите на домашниот пазар, но проблемот е во недостатокот на минерални ѓубрива и високата цена на горивото кои влијаат врз квантитетот на производството.

Илустрација: Поле со пченица

„Ние како држава немаме сопствена индустрија за производство на минерални ѓубрива и овие неопходни репроматеријали доаѓаат од увоз од соседните земји со сомнителен квалитет. Исто така големи се и трошоците за другите хемиски производи што се употребуваат.“

Од друга страна, пак, Директорот на програмата на УСАИД, Агбиз, Васко Хаџиевски смета дека нема доволно капацитети за да прехрани целото население во Македонија.
Ние како држава немаме сопствена индустрија за производство на минерални ѓубрива и овие неопходни репроматеријали доаѓаат од увоз од соседните земји со сомнителен квалитет. Исто така големи се и трошоците за другите хемиски производи што се употребуваат.

„Може да се работи на тоа, може да се подобрат работите особено во сточарството, млекарството, но немаме капацитет. Порано големите капацитети кои што извезуваа или непостојат или се намалени.“

Хаџиевски вели дека за да се подобри ситуацијата потребно е приватниот сектор и државата уште многу да работат, за да се искористат сите обработливи површини и да се зголеми производството.

„Македонија може да произведува доста производи од хортикултурата, зеленчук, овошје, но немаме услови да произведуваме многу и за извоз. Не сме конкурентни бидејќи имаме мали површини.“

Во светот се најавува се поголема криза од недостаток на храна. Според најавите од Светската организација за земјоделство и храна - ФАО, но и според податоците од Европската комисија, климатските промени двократно го погодуваат светското и европското земјоделство. Послабо развиените и други сиромашни земји во светот, ќе бидат погодени од од намалената понуда на храна а со тоа и од силните ценовни бранови.
  • 16x9 Image

    Зорана Гаџовска Спасовска

    Новинарската кариера ја започна во А1 телевизија. Работела на теми од образование, социјални проблеми, здравство и екологија. Родена е на 23.09.1983 година во Скопје. Од јуни 2009-та година работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

XS
SM
MD
LG