Во морската вода кај оштетената нуклеарна централа Фукушима е измерено зголемување на радиоактивниот јод за повеќе од три илјади пати поголемо од нормалното, што е знак дека во океанот има нови количества на радиоактивна вода. Ова денеска го потврдија јапонски официјални претставници. Нема директна опасност за здравјето на луѓето, но има причини за загриженост, изјави заменик-директорот на јапонската агенција за нуклеарна безбедност Хидехико Нишијама.
„Реонот на 20 километри околу нуклеарната централа Фукушима е евакуиран, а таму е прекинато и ловењето риби. Затоа мала е веројатноста дека ова би можело да има последици врз луѓето.“
Ќе ја откриеме причината за присутноста на радиоактивниот јод во морето и ќе го спречиме натамошното излевање, изјави Нишијама.
„Луѓето не ја пијат морската вода и се очекува радиоактивниот материјал набрзо да изчезне, бидејки јодот 131 може да се задржи најмногу осум дена.“
Во меѓувреме, премиерот Наото Кан изјави дека ситуацијата и натаму останува непредвидилива. Јапонската влада вчера соопшти дека нема друг избор освен да продолжи да истура вода врз реакторите во Фукушима за да се избегне поголема катрастрофа. Наото Кан денеска телефонски разговарал со американскиот претседател Барак Обама, при што била договорена блиска соработка во врска со надминувањето на кризата во нукларката Фукушима, соопшти Белата куќа.
Во меѓувреме, кинеското Министерство за животна средина соопшти дека многу мали количества на радиоактивен јод биле детектирани во неколку кинески провинции, но оти воопшто не е опасно по здравјето на луѓето.