Силниот земјотрес што ја погоди Јапонија и кој бил со сила од 8,9 степени по Рихтеровата скала, предизвикал цунами, односно голем бран со висина од неколку метри. Некои извештаи велат дека брановите го опустошиле североисточниот брег на Јапонија и се страхува дека однесле неколку стотици човечки животи, а имало и многу исчезнати.