Достапни линкови

 
Со „помалку карти во рака“, Украина принудена на разговори во Саудиска Арабија

Со „помалку карти во рака“, Украина принудена на разговори во Саудиска Арабија


Украинскиот претседател Володомир Зеленски
Украинскиот претседател Володомир Зеленски

Лишени од поддршката од американската војска, украинските дипломати бea принудени да седнат на преговарачката маса во услови на несогласувања со Белата куќа

Украина е непослушна мазга која е удрена по носот со дрвена штица. Оваа живописна слика е парафраза на забелешката од специјалниот пратеник на САД, Кит Келог кој го сумира погледот на Вашингтон за „карпестиот пат“ на Украина: од несогласувањата во Белата куќа, до новите разговори со американските преговарачи во Саудиска Арабија.

Келог дискутираше за одлуката на САД да ги паузира воените резерви на Украина и да ја суспендира разузнавачката соработка. Целта, рече тој, беше да се принуди Украина да се приклучи на разговорите.

„Најдобриот начин на кој можам да го опишам тоа е „како да удираш мазга по носот“, рече тој.

Со други зборови, најголемиот воен поддржувач на Украина користеше голем стап за да го добие своето и се чини дека успеа.

„Притисокот е да се натераат да се вклучат во дипломатски активности. Суштината е дека тоа е присилувачка функција за да ги донесете на масата", рече Келог на настан во Вашингтон на 6 март.

Украинскиот претседател, Володимир Зеленски на 10 март ќе се упати кон Ријад за да се сретне со саудискиот престолонаследник Мухамед бин Салман, по што следат разговори помеѓу украинската и американската делегација во Џеда подоцна во текот на неделата.

Овој поглед на динамиката од последните неколку дена, беше споделен од еден аналитичар кој зборуваше за украиснкиот сервис на Радио Слободна Европа на 7 март.

"Тие одлучија да извршат притисок врз најслабата страна", рече Евгениј Махда, украински политички научник и директор на Институтот за светска политика во Киев.

„САД не само што го вртат светскиот поредок наопаку. Тие демонстрираат, знаете, еден вид карикатура на политиката", смета Махда.

Огорченоста во овие зборови одекнува во коментарите на украинскиот амбасадор во Лондон, Валериј Залужни, кој оваа недела ги обвини САД за „уништување" на меѓународниот поредок базиран на правила.

Сепак, присуството на украинските преговарачи во Џеда следната недела сугерира дека официјалните лица во Киев прифатиле дека во моментот имаат неколку опции. Или, како што рече американскиот претседател Доналд Трамп, неколку карти.

Тонот на каење на Зеленски во последниве денови, исто така, зборува за ова.

„Нашата средба во Вашингтон, во Белата куќа во петок, не помина како што требаше да биде. Жално е", напиша тој на Твитер на 4 март и додаде:

„Јас сум подготвен да работам под силното водство на претседателот Трамп".

Келог седеше веднаш зад американскиот потпретседател Џеј Ди Венс и американскиот државен секретар Марко Рубио кога состанокот во Овалната соба ескалираше.

„Имав место до рингот", рече тој, додавајќи дека Зеленски "погрешно ја прочитал собата".

„Не се обидувајте да го предизвикате претседателот на САД во Овалната соба", рече Клог.

Додека изјавата за „мазгата“ на Келог се најде на насловните страници, неговите други коментари одат подлабоко кон тоа како Вашингтон сака работите да одат од тука натаму.

Клучен прв чекор ќе биде потпишување на договорот за минерали кој требаше да биде потпишан во Вашингтон.

„Тоа е голема работа за нас, бидејќи претседателот Трамп е трансакциски лидер, а трансакциите започнуваат со економијата", рече тој.

Келог сугерираше дека ова ќе биде проследено до украински официјални лица кои ќе ги постават нивните основни позиции. Тој рече дека Русија веќе го има направено ова.

„Дали имаме необврзувачки договор со Русите во голема мера? Дали имаме необврзувачки договор со Украинците? Одговорот е да и не", рече Келог.

Аналитичарот Махда се пожали дека Трамп воопшто не вршел никаков притисок врз Русија, „и покрај фактот дека Украина се бори во војна за својата независност".

На 7 март, Трамп се обрати на неговата социјална платформа „Truth Social“ за да покаже некоја сила и кон Русија.

„Силно размислувам за големи банкарски санкции, санкции и царини за Русија додека не се постигне прекин на огнот и КОНЕЧЕН ДОГОВОР ЗА МИР", напиша Трамп.

„До Русија и Украина, седнете на маса веднаш, пред да биде предоцна", напиша тој.

Ова врамување на ситуацијата во која двете страни имаат еднаков статус е очигледно болно за Украинците. Но обидот на Зеленски да го убеди Трамп дека неговата земја, како жртва на агресија, има морален случај за поддршка се чини дека не бил прифатен.

Келог рече дека, наместо да дејствува како сојузник на Украина, Вашингтон ќе игра „улога на објективен соговорник".

Стравот во Киев и многу други европски метрополи е дека Вашингтон нема да го стори ова. Наместо тоа, се чини дека ги гледа своите интереси како усогласени со оние на Москва. Оваа перцепција ги поттикна европските напори оваа недела да одржат самит за зајакнување на сопствените одбранбени способности.

Зеленски изгледаше искрено трогнат од европските изрази на поддршка и солидарност на состаноците во Лондон и Брисел во последниве денови.

Покрај сега веќе традиционалната мантра за поддршка на Украина колку што е потребно, имаше најави дека британската и француската разузнавачка служба ќе се обидат да ја пополнат празнината оставена од Американците.

Но, реалноста е дека ова е втората најдобра помош. Тоа може да помогне на Украина да ја задржи позицијата некое време, но не може брзо да ја замени поддршката на САД која Украина ја имаше досега.

„Мораме да разбереме дека европските замени на (американските) ракети Патриот нема да дојдат брзо, или само со мавтање со магично стапче", заклучува украинскиот аналитичар Махда.

XS
SM
MD
LG