„Марковски компани“ најголем „копач“ на тендери
Почесниот белоруски конзул Борче Марковски е под истрага за сомнителни тендери во РЕК Битола. Но, РСЕ открива дека тој има фирма и во Србија која редовно добива тендери од државните шуми. За да стане конзул соработувал со белоруски компании за кои САД имаат санкции поради блискоста со Лукашенко.