Поддржувачите на грузиската опозиција масовно на улиците на Тбилиси
Поддржувачите на опозициските партии во Грузија демонстрираа пред зградата на парламентот во Тбилиси против официјалните изборни резултати за кои тие тврдат дека се наместени. Протестот на 28 октомври дојде два дена по парламентарните избори на кои владејачкиот Грузиски сон освои доволно гласови за да ја задржи контролата врз владата. Како што јавува Антон Кокаја од РСЕ, има сè поголеми критики за нерегуларности на гласањето и за заплашување.