Евакуации во Курск, Украина има контрола над десетици населени места
Украинските сили презедоа контрола над најмалку 28 населени места во руската област Курск, откако напредуваа до 30 километри на седмиот ден од нивната ненадејна офанзива, соопштија руските власти. Повеќе од 120 000 луѓе се евакуирани во регионот, кој е и дом на илјадници етнички Ерменци. Шефот на локалното здружение на ерменската заедница, Дереник Коштојан, за ерменскиот сервис на РСЕ изјави дека многумина побегнале во главниот град Курск од околните области. Други велат дека размислуваат за целосна евакуација од регионот.