Достапни линкови

Бајден: Одлучив да ја предадам штафетата за да ја обединиме нацијата


Американскиот претседател Џо Бајден во обраќањето пред нацијата, 24 јули 2024
Американскиот претседател Џо Бајден во обраќањето пред нацијата, 24 јули 2024

Американскиот претседател Џо Бајден, зборувајќи јавно за првпат за неговата одлука да се откаже од кандидатурата за реизбор, вети дека во последните месеци од неговото претседателствување, ќе ја брани демократијата дома и кај сојузниците.

Во обраќањето до нацијата на 24 јули, Бајден ја објасни својата одлука да се откаже од претседателските избори на 5 ноември, велејќи дека е време да се стави личната амбиција на страна и да се дозволи новата генерација да ја преземе власта.

„Одлучив дека е најдобриот начин да ја пренесам диригентската палка на новата генерација. Тоа е најдобриот начин да ја обединиме нашата нација“, ја објасни тој својата одлука да се пензионира како демократски кандидат за претседател на Соединетите Држави.

Наместо да се кандидира против републиканскиот ривал Доналд Трамп - Бајден ја поддржа потпретседателката Камала Харис како кандидат на Демократската партија. Осумдесет и едногодишниот претседател рече дека „ќе продолжи да работи за да обезбеди Америка да остане силна и безбедна и да биде лидер на слободните светот“.

„Ќе продолжиме да собираме коалиција од горди нации за да го спречиме рускиот претседател Владими Путин да ја преземе Украина и да направи поголема штета. Ќе го одржиме НАТО посилен, а јас ќе го направам помоќен и пообединет од кога било во целата наша историја“, рече тој во 10-минутното обраќање директно до нацијата.

Бајден рече дека во наредните шест месеци ќе биде фокусиран на извршување на својата работа како претседател.

„Тоа значи дека ќе продолжам да ги намалувам трошоците за вредните семејства и да ја развивам нашата економија. Ќе продолжам да ги бранам нашите лични слободи и нашите граѓански права, од правото на глас до правото на избор. Ќе продолжам да се борам за нашите деца против оруженото насилство“, рече Бајден.

„Големата работа во Америка е што тука не владеат кралевите и диктаторите. Луѓето владеат. Историјата е во ваши раце. Моќта е во ваши раце. Идејата за Америка е во ваши раце“, порача Бајден.

Во текот на неговата речиси децениска политичка кариера, Трамп ги фалеше авторитарните лидери како Путин, турскиот претседател Таип Реџеп Ердоган и унгарскиот премиер Виктор Орбан.

На моменти Трамп јавно ја критикуваше американската помош за одбраната на Украина, додека неговиот кандидат за потпретседател, сенаторот Џеј-Ди Венс, помогна во водството на републиканските напори да се обидат да ја блокираат американската воена и финансиска помош во милијарди за Киев.

За време на неговиот мандат од 2017-2021 година, Трамп го поткопа единството на НАТО, го „приклони“ Врховниот суд на десно и се обиде да ги поништи изборните резултати во 2020 година.

Бајден и Харис, кои присуствуваа на меѓународниот мировен самит во Украина во Швајцарија минатиот месец, ја повторија цврстата поддршка за Украина и на улогата на НАТО во помагањето на земјата.

Бајден, чиј мандат официјално завршува на 20 јануари 2025 година, рече дека со оглед на тоа што Соединетите Држави се наоѓаат на пресвртна точка, најдобро било да се номинира Харис (59) во ситуација во која како што рече „душата на Америка беше во прашање“.

Бајден ја кроеше номинацијата на Демократската партија за изборите, но се откажа од трката и ја поддржа Харис поради загриженоста во јавноста за неговата подготвеност да служи уште еден мандат поради неговата возраст.

Бајден со недели беше под притисок по ужасниот настап на дебатата со Трамп, каде што претседателот на моменти изгледаше изнемоштен и збунет, и ги покрена прашања за неговата физичка и ментална состојба.

Бајден рече дека станал првиот актуелен претседател на САД кој се откажал од номинацијата на неговата партија во повеќе од пет децении, бидејќи требало да ги обедини демократите, иако верувал дека неговиот придонес во Овалната соба заслужува втор четиригодишен мандат.

„Знам дека има време и место за долгогодишното искуство во јавниот живот, но има и време и место за нови гласови, свежи, помлади гласови, и тоа време и место се сега“, рече Бајден.

Поглед назад кон мандатот на Бајден
please wait

No media source currently available

0:00 0:03:28 0:00

Трамп, кој сега станува најстариот претседателски кандидат во историјата на САД, веднаш го критикуваше Бајден, велејќи дека обраќањето му било „едвај разбирливо и толку лошо“.

Бајден не го спомна Доналд Трамп во неговото обраќање до нацијата.

Ова беше четврти пат Бајден да ја користи Овалната соба за обраќање откако ја презеде функцијата во 2021 година. Неговиот последен говор во Овалната соба беше на 15 јули кога ги повика Американците да ги смират политичките страсти по обидот за атентат врз Трамп.

На Бајден во Овалната соба му се придружи првата дама Џил Бајден и другите членови на неговото семејство, вклучително и неговиот син Хантер Бајден.

Инаку Камала Харис, поранешна обвинителка и сенаторка од Калифорнија, ќе стане првата црна жена во историјата на земјата, која ќе се кандидира за претседател од голема партија, доколку биде потврдена како кандидат на Демократите на партиската конвенција во Чикаго што започнува на 19 август.

XS
SM
MD
LG