Поглед назад кон мандатот на Бајден
Американскиот претседател Џо Бајден се откажа од претседателската трка за изборите во 2024 година. Соопштението доаѓа во услови на загриженост поради неговиот лош настап на првата дебата против фаворитот на републиканците и поранешен претседател Доналд Трамп. За време на неговиот мандат Бајден се соочи со застрашувачки предизвици како што беа справување со пандемијата со ковид 19, привлекување меѓународна поддршка за Украина по руската инвазија и извлекување на Соединетите Држави од економската криза.