Достапни линкови

Истрели на митинг во Пенсилванија, Трамп со крв на лицето


Истрели на митинг во Пенсилванија, Трамп со крв на лицето
please wait

No media source currently available

0:00 0:01:53 0:00

Пенсилванија, САД - (Видео на новинската агенција Ројтерс) - Агенти на тајната служба го турнаа поранешниот американски претседател Доналд Трамп на митингот во Батлер, Пенсилванија откако се слушнале истрели. Тој паднал на земја, по што безбедносните служби го подигнале и го изнесле од бината, јавува Си-Ен-Ен.

Трамп потоа бил однесен во возило и евакуиран од местото на настанот. Инцидентот се случил неколку моменти откако тој се качил на бината на митингот.

Новинарите кои известуваа од митингот во Батлер, каде што поранешниот претседател Доналд Трамп требаше да оддржи говор, велат за Си-Ен-Ен дека слушнале „серија силни експлозии или силни удари“ пред агентите на Тајната служба да се упатат кон Трамп и да го заштитат.

„Припадници на тајната служба веднаш го покрија Трамп, и потоа повторно се слушна нешто што наликува да удари “, се вели во новинарскиот извештај.

„Агентите го фатија Трамп, кој беше виден како ја крева тупаницата во воздух“, се додава во извештајот од митингот, а на видео снимките од новинската агенција Ројтерс се гледа, како што објави Ројтерс, нешто како крв на неговото лице и увото.

„Поранешниот претседател е безбеден“, соопшти тајната служба набрзо по евакуацијата.

Категории

XS
SM
MD
LG