Ослободен од затвор, новинар им се придружи на украинските сили на фронтот
Станислав Асејев, поранешен дописник на РСЕ, беше заробен од сепаратистите поддржани од Русија во украинскиот регион Донбас цели две и пол години. Откако беше ослободен со размена на затвореници, тој се врати на пишувањето и основаше фондација за истрага на воени злосторства. Но, Асејев одлучи дека најмногу може да направи за својата земја ако ѝ се придружи на украинската војска.