Достапни линкови

Блинкен и Лавров нема да се сретнат во Скопје


Државниот секретар на САД Антони Блинкен на средба во Скопје со министерот за надворешни работи на Северна Македонија Бујар Османи. 29.11.2023.
Државниот секретар на САД Антони Блинкен на средба во Скопје со министерот за надворешни работи на Северна Македонија Бујар Османи. 29.11.2023.

Американскиот државен секретар Антони Блинкен вечерва (среда 29.11) пристигна во Скопје, каде се сретна со министерот за надворешни работи на Северна Македонија и претседавач со ОБСЕ, Бујар Османи.

По денешната средба со Османи, државниот секретар на САД Блинкен ќе присуствува на работната вечера што се организира на маргините на Самитот на ОБСЕ, којшто започнува на 30 ноември. Според дипломатски извори, Блинкен по вечерата си заминува од Северна Македонија, додека шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров ќе пристигне подоцна вечерва во Скопје.

„Прекрасно е да се биде тука во Скопје, да се биде во Северна Македонија, да се биде со сите наши колеги. Северна Македонија е сојузник и партнер на САД и на сите наши сојузници во НАТО. Го гледаме тоа секој ден. Силно ја поддржуваме работата која ја правите за зајакнување на демократските институции, силно ја поддржуваме работата која ја правите да донесете енергетска диверзификација во регионот и пошироко, што мислам дека има голем импакт. Во сето ова, може да сметате на САД како силен партнер“, рече Блинкен.

Османи го пречека Блинкен
please wait

No media source currently available

0:00 0:00:33 0:00

Министерот за надворешни работи Османи му се заблагодари на Блинкен, за како што рече исклучителната поддршка за време на претседавањето со ОБСЕ.

„Сакам да ве информирам дека ги решивме критичните егзистенцијални предизвици за претседавањето со ОБСЕ во 2024 година. Сакам да ѝ се заблагодарам на Малта, и на сите земји учеснички за нивната поддршката“, изјави Османи на почетокот на средбата со Блинкен.

30-от Министерски самит на ОБСЕ во Скопје се одржува од 30 ноември до 1 декември. Сергеј Лавров предводи делегација од околу 80 луѓе.

Северна Македонија привремено ја укина забраната за руски летови за да ѝ дозволи на руската делегација да присуствува на самитот на ОБСЕ, иако севкупните санкции за другите летови остануваат во сила.

Брисел го затвори воздушниот простор за руски летови неколку дена откако Москва ја започна својата војна против Украина во февруари 2022 година. Истото го направи и Северна Македонија која претендира да се приклучи на блокот. Но, Лавров беше поканет да учествува на Самитот на ОБСЕ откако тоа го дозволи македонското МНР, а Бугарија го отвори воздушниот простор за авионот на Лавров.

„Одлуката за санкциите на ЕУ не се однесува на мултилатерални настани како што е ОБСЕ, па оттука и одлуката на Владата“, рече Османи.

Лавров доаѓа на ОБСЕ, а не во посета на Македонија
please wait

No media source currently available

0:00 0:03:04 0:00


Вечерва во Владата премиерот Димитар Ковачевски се сретна со американскиот државен секретар Антони Блинкен.

САД високо го ценат придонесот на Северна Македонија како НАТО сојузник, но и во регионален контекст како фактор на стабилност на Западен Балкан, рекол американскиот државен секретар Блинкен, кој исто така посочил дека „САД ќе продолжат да ја поддржуваат Северна Македонија во нејзините следни чекори кои треба да го обезбедат членството во ЕУ“, но и искажал голема почит за храбрите и државнички одлуки кои Владата ги презема за исполнување на таа цел, соопшти Владата.

Ковачевски го пречека потпретседателот на Европската комисија и висок претставник на ЕУ за надворешни работи и безбедносна политика, Жозеп Борел, за кој исто така е најавено дека си заминува по средбата.

На 29 ноември имаше и неформална вечера за учесниците на состанокот на ОБСЕ а на која ќе разговараат за две прашања агресијата врз Украина и функционирањето на ОБСЕ, како што најави министерот за надворешни работи на Северна Македонија Бујар Османи.
XS
SM
MD
LG