Достапни линкови

Министерски совет на ОБСЕ во Скопје

На 30-министерски совет на ОБСЕ, доминира темата за Украина. Самитот е посветен на антикорупцијата и теренските операции во 2023. Доаѓањето на Сергеј Лавров е причина за недоаѓање на шефовите на дипломатиите на Украина и балтичките земји.

  • Блинкен замина, Лавров дојде во Скопје, но преку Грција
  • Критиките за руската инвазија врз Украина и делумен бојкот на говорот на Лавров
  • Ковачевски и Бербок се изјаснија: Нема средба со Лавров
  • Прес-конфереција на Лавров со критика за Западот
  • Предвидена е заедничка изјава за борба против корупцијата во југоисточна Европа
  • Дебати за влијанието на климатските промени
  • Младите и цивилното општество
  • Импактот на ОБСЕ на теренските операции во 2023
  • Заштита на плурализмот и безбедноста на жените новинарки
  • На крајот, предвидена е пленарна сесија и завршна прес-конференција
16:24 1.12.2023

Заврши Министерскиот совет на ОБСЕ, Османи оцени дека организацијата е спасена

Претседавањето на Малта со ОБСЕ следната година да биде со помалку предизвици ѝ посака се уште актуелниот претседавач Бујар Османи, на завршната прес-конференција на 30-тиот Министерски совет на организацијата, што се одржа во Скопје.

Тој оцени дека организаицијата е спасена и безбедна.

Земјите членки на Организацијата за безбедност и соработка во Европа постигнаа согласност следната година Малта да биде претседавач. За целиот текст кликнете овде.

15:38 1.12.2023

Карпентер: Никој не сака да седи на маса со Лавров

Амбасадорот Карпентер вели Русија останува изолирана во ОБСЕ и никој не ја поддржува нејзината воена агресија. Лавров, пак, за сите проблеми го обвини Западот, а збесна кога го прашаа дали Русија ќе ја напушти Организацијата. Тој им држеше лекции на новинарите, а кој ќе прашува одлучуваше Захарова.

Никој не сака да слуша лаги, дезинформации и пропаганда на рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров.

Ова беше одговорот на американскиот амбасадор во ОБСЕ, Мајкл Карпентер, на нападите од Лавров дека западните дипломати се кукавици, што ги кажа на прес-конференцијата на маргините на Министерскиот совет во Скопје каде што ги навредуваше странските новинари.За целиот текст кликнете овде.

15:08 1.12.2023

Зголемувањето на капацитетите за откривање на мало и лесно оружје е важна мисија на ОБСЕ

Мисијата на ОБСЕ во 2023 година се фокусираше и на спроведување проекти за мало и лесно оружје (МЛО), како што е подобрување на капацитетите во полицијата за нивно откривање, но и подигање на јавната свест за опасностите од нивно користење, порача денеска амбасадорот Килиан Вал, шеф на Мисијата на ОБСЕ во Скопје.

Тој во своето обраќање на настанот „Се работи за луѓето - влијанието на теренските операции на ОБСЕ во 2023 година“, што се одржа во рамките на 30. Министерски совет на ОБСЕ во Скопје, го спомена и проектот за градење на капацитети во полицијата за откривање на МЛО, како што е единицата за службени кучиња, но и поддршка на работата на Национална комисија за мало и лесно оружје.

Исто така, потенцираше, активно се работеше и на подигање на свеста за опасностите од користење на ова оружје. Како што појасни, фокусот беше ставен и на подобрување на верификацијата на деактивирање и уништување на огнено оружје.

14:57 1.12.2023

Карпентер смета дека ОБСЕ е клучна за да ја држи Русија одговорна за агресијата врз Украина

Русија останува изолирана во ОБСЕ, нема ниту една друга земја членка која ја поддржува нејзината војна во Украина, рече постојаниот претставник на Соединетите Држави во ОБСЕ, амбасадорот Мајкл Карпентер на брифинг со новинарите, на маргините на Министерскиот самит на ОБСЕ којшто се оржува во Скопје од 30 ноември до 1 декември.
Тој додаде дека клучна алатка за земјите на ОБСЕ е да ја држат Русија одговорна за нејзините „брутални акции“ во Украина, вклучително и за воени злосторства, мачење, злосторства против човештвото и друго.

Мајкл Карпентер
Мајкл Карпентер

„Ние ја користевме оваа организација за да има силен ефект. Секако, на крајот на оваа година во текот на последните неколку недели имаше некои прашања за лидерството на организацијата, за генералниот секретар на организацијата и среќен сум да известам дека Малта се согласи да го преземе претседавањето следната година. Ние сме благодарни за тоа што прземаат одговорност, бидејќи ова е голем предизвик со кој треба да се соочат. Само што постигнавме прелиминарен договор на подготвителниот состанок да дозволиме продолжување на мандатите за генерален секретар на ОБСЕ, директор на ОДИХР, висок претставник за национални малцинства и претставник за слобода на медиуми“, рече Карпентер на брифингот. За целиот текст кликнете овде.

Вчитај повеќе

XS
SM
MD
LG