Танчарот Анди: Вие кои не верувавте во мене, видете каде сум сега
Четирикратниот светски шампион во модерен балет, гостиварчанецот Анди Исмаили, доби директен влез во полуфиналето на хрватското „Суперталент шоу“, кое е по лиценца на британско шоу ,,Got Talent”. Ова, вели, е уште еден одговор на задевањата со кои се соочувал во минатото поради својот избор професионално да се занимава со танц.