Имуни на политика - Елефтерис и Михаела, од странци до пријатели
Студентот Елефтерис Кордаѕис од Атина, една седмица беше гостин во домот на средношколката Михаела Николоска во Скопје. Повод за ова дружење од кое, велат, се родило пријателство, беше единаесеттото издание на филмскиот фестивал за млади „Џифони Македонија“, кој од 5-ти до 10-ти октомври на едно место собра 550 учесници од 9 држави. Преку проектот „ЕПИК“, како дел од фестивалот, се покажало дека младите се имуни на предрасудите кои им ги наметнува општеството.