Достапни линкови

Украински региони повторно цел на смртоносни ракетни напади


Последици од рускиот напад во украинскиот град Одеса, 14 јуни 2023
Последици од рускиот напад во украинскиот град Одеса, 14 јуни 2023

Најмалку три лица загинале, а 13 биле ранети во најновиот руски ракетен напад врз украинскиот град Одеса, соопшти денеска украинската војска. Два од четирите проектили истрелани кон пристаништето на Црно Море биле соборени, но причинета е голема материјална штета.

Во руски ракетни напади загинале најмалку шест лица во текот на ноќта во јужниот пристанишен град на Украина, Одеса и во источниот регион Доњецк, соопштија украинската војска и регионалните власти рано на 14 јуни.

„Најмалку три лица загинаа, а 13 беа ранети во руски ракетен напад врз Одеса“, соопшти денеска јужната оперативна команда на украинската војска.

Русија истрела четири проектили „Калибр“ кон пристаништето на Црно Море, погодувајќи магацини, деловен центар, училиште, станбен комплекс и продавница во центарот на градот, соопшти војската, додавајќи дека повеќе луѓе би можеле да бидат под урнатините. Се наведува дека два од четирите проектили биле соборени.

Војската соопшти дека трите жртви биле работници во магацин во продавница за малопродажба.

Одеса, 14.06.2023
Одеса, 14.06.2023

Регионалниот гувернер Павло Кириленко на фејсбук напиша дека други три лица загинале од руски проектили во Краматорск и Костијантинивка.

„Ракетите лансирани од Русите погодија приватни домови и предизвикаа значителна штета. Во Краматорск уништија најмалку пет куќи и оштетија уште дваесетина, во Костијантинивка има две уништени и 55 други оштетени куќи“, рече Кирикленко.

Украинската воздушна одбрана на 14 јуни соопшти дека рускиот напад бил насочен кон воени и цивилни инфраструктурни објекти со крстосувачки ракети од воздух и море, како и со беспилотни летала камикази од иранско производство.

„Од Црно Море непријателот нападна со четири крстосувачки ракети „Калибр“ во правец на Одеса. Соборени се три ракети, една погоди цивилна цел“, се вели во соопштението на ПВО.

Украинската противвоздушна одбрана исто така собори девет од 10 беспилотни летала, се наведува во соопштението.

„Украинската област Днепропетровск, исто така, беше нападната втор ден по ред“, рече регионалниот гувернер Серхи Лисак на 14 јуни.

Три беспилотни летала беа соборени од украинската противвоздушна одбрана, рече Лисак, додавајќи дека Никопол бил гранатиран од тешката артилерија на Русија.

Нема информации за жртви, напиша Лисак на социјалната мрежа Телеграм.

На 13 јуни, 12 лица загинаа, а 13 други, меѓу кои и три деца, беа ранети во руски ракетен напад врз петкатна станбена зграда во градот Кривиј Рих, Динипропетровск.

Во меѓувреме, генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, рече дека Украина напредува во својата контраофанзива и прогнозираше дека лидерите на НАТО ќе ја зголемат воената помош за Киев кога ќе се состанат следниот месец.

Коментарите на Столтенберг следуваа по неговата средба со претседателот Џо Бајден во Белата куќа на 13 јуни. Посетата на Столтенберг на Вашингтон дојде во време кога Украина се обидува да заземе територии како дел од долгоочекуваната контраофанзива против руските окупатори.

„Поддршката што заедно ја даваме на Украина сега прави разлика на бојното поле бидејќи Украинците ја започнаа офанзивата. Тие напредуваат, тие добиваат назад земја“, изјави Столтенберг.

Бајден повтори дека посветеноста на Соединетите Држави кон НАТО е цврста и дека сојузниците на НАТО „ќе го градат тој моментум“ кога ќе се сретнат во Вилнус следниот месец.

Во меѓувреме американскиот Стејт департмент објави нов пакет муниција и тешко вооружување вреден 325 милиони долари за да ги надополни резервите на Украина.

„Благодарение на Путин, сѐ ни е поплавено и уништено“
please wait

No media source currently available

0:00 0:01:33 0:00

Украинската војска соопшти дека се ослободени седум населени места во јужните и источните региони на земјата и дека е постигнат дополнителен напредок во Бахмут во услови на тешки борби.

„И одбранбените и офанзивните жестоки борби се во тек на истокот и југот на нашата нација. Имаме одредени придобивки, ги спроведуваме нашите планови, одиме напред“, изјави Валериј Залужниј, врховен командант на украинските сили.

Тврдењата не можеа да бидат независно потврдени, а Москва не призна ниту една украинска добивка. Рускиот претседател Владимир Путин тврди дека контраофанзивата е неуспешна и дека Украина трпи 10 пати поголеми загуби од оние на Москва.

„Нивните загуби се приближуваат до ниво кое може да се опише како катастрофално“, рече Путин за време на телевизиски брифинг со руските новинари и блогери во Кремљ.

Генералштабот на вооружените сили на Украина ги нарече коментарите на Путин за украинските загуби како „самосугестија“ и „самоубедување“.

XS
SM
MD
LG