Стотици граѓани бараат полицијата да ги пушти до црквата Св. Спас
Граѓани со знамиња со сонцето од Вергина денеска се собрани на контролниот пункт под Кале, каде што полицијата не ги пушта да поминат. Тие бараат пристап до црквата Св. Спас каде што денеска се одбележува 151 годишнина од раѓањето на македонскиот револуционер Гоце Делчев.
Стотици граѓани предводени од опозиционата ВМРО ДПМНЕ бараа да бидат пуштени до гробот на Гоце Делчев во Црквата Свети Спас во Скопје. Делегација на партијата предводена од лидерот Христијан Мицкоски положи цвеќе на гробот на Делчев
Мицкоски- Срамота е да бидеме робови во својата држава
Лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски со партиска делегација од пет члена оддадоа почит на гробот на македонскиот револуционер Гоце Делчев. Со нив на Кале пристигнаа и стотици поддржувачи и симпатизери на партијата со транспаренти кои останаа зад полицискиот кордон.
Мицкоски изјави дека е срамота ова што денеска се случува со толкаво полициско обезбедување да не можат граѓаните слободно да оддадат почит на еден великан како Гоце Делчев. Целата вест ТУКА