Достапни линкови
Оди на содржината
Оди на главната навигација
Премини на пребарување
рубрики
Македонија
Свет
Визуелно
Вести
Што треба да знаете
Пријави се за њузлетер
Подкаст Зошто?
Нова генерација
Следете не
РСЕ веб страници
Барај
Барај
Претходно
Следно
Breaking News
Фото вести
Од Бујар Османи до Шон Пен
јануари 23, 2023
Настаните на денот низ фотографии - 23 јануари 2023
13
НОРВЕШКА - Поранешниот командант на руската платеничка група „Вагнер“, кој неодамна побегна во Норвешка, е уапсен од полицијата, изјави денеска официјален претставник.
„Тој е уапсен...и ние размислуваме дали да бараме судска одлука за интернирање“, изјави полициската адвокатка Лине Исаксен за Ројтерс, одбивајќи да даде дополнителни детали. Андреј Медведев, кој побегна минувајќи ја руско-норвешката граница на Арктикот, изјави дека се плаши за својот живот откако бил сведок на убиствата и малтретирање на руските затвореници донесени на фронтот во Украина.
14
МАКЕДОНИЈА - Со помали казни од претходна пресуда заврши денеска повторениот судски процес за предметот Титаник 2. Обвинетиот поранешен директор на Управата за контраразунавање и безбедност Сашо Мијалков денеска беше прогласен виновен по втор пат за ист предмет, со казната затвор од 2 години. Иста казна добија и неговите соучесници лидерот на Демократската партија на Албанците (ДПА), Мендух Тачи како и тогашните членови на Државната изборна комисија (ДИК), Бедредин Ибраими од ДПА и Анета Стефановска, Влатко Сајковски и Сашо Срцев од ВМРО – ДПМНЕ.
15
УКРАИНА - Членката на Независната меѓународна истражна комисија за Украина, формирана од Обединетите нации (ОН), Јасминка Џумхур, изјави дека Комисијата регистрирала одреден број злосторства врз деца кои биле убиени со огнено оружје, но и дека имало и сексуална злоупотреба и „повредување на деца.“ Одредени информации укажуваат на префрлање на децата од територијата на Украина на територијата на Русија, каде што се уште се наоѓаат.
16
РУСИЈА - Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров во понеделникот рече дека конфликтот меѓу Москва и Западот повеќе не може да се дефинира како „хибридна војна“, туку е поблиску до вистинска, критикувајќи го Западот за испраќање милијарди долари во оружје за Киев. Претходно, Кремљ соопшти дека украинскиот народ ќе страда ако Западот испрати тенкови за поддршка на Киев.
Вчитај повеќе
Од Бујар Османи до Шон Пен
Категории
Македонија
Старо-нова концепција за повеќе знаење на основците
Украинка „презимува“ во Скопје, поради руските напади и прекини на струја во Киев
Уставниот суд не донесе одлука за Законот за јазици
Повеќе
Свет
Силувана Украинка вели дека нејзиниот глас е оружје против воените злосторства
Во новата ера на Трамп се очекуваат построги ограничувања за пристапот до абортуси во САД
Грузиски новинари претепани од маскирани лица на тековните протести
Повеќе
ТВ Тема на неделата
Од зима во лето - што ни направија климатските промени?
Гранатиран живот: Една година од руската инвазија во Украина
Пчелите исчезнуваат, ќе нема што да јадеме?
Повеќе
ТВ Тема на денот
Силувана Украинка вели дека нејзиниот глас е оружје против воените злосторства
Украинка „презимува“ во Скопје, поради руските напади и прекини на струја во Киев
Наследството на Асад: смртни случаи, опсади и хемиско оружје
Повеќе
Во 90 секунди
Вирални видеа на украински војник за „слабостите“ на армијата
Покровск опустошен пред доближувањето на руските сили
Што се крие зад студентските протести во Србија?
Повеќе
XS
SM
MD
LG