Достапни линкови
Оди на содржината
Оди на главната навигација
Премини на пребарување
рубрики
Македонија
Свет
Визуелно
Вести
Што треба да знаете
Пријави се за њузлетер
Подкаст Зошто?
Нова генерација
Следете не
РСЕ веб страници
Барај
Барај
Претходно
Следно
Breaking News
Фото вести
Од Бујар Османи до Шон Пен
јануари 23, 2023
Настаните на денот низ фотографии - 23 јануари 2023
17
ЕУ - Шефот за надворешна политика на Европската унија Жозеп Борел изјави дека се надева оти земјите-членки ќе можат да одобрат уште една транша од 500 милиони евра од помошта за Украина за време на денешниот состанок на министрите за надворешни работи. Говорејќи пред состанокот, Борел рече дека тоа е дел од Европскиот мировен фонд. Унгарското Министерство за надворешни работи и владиниот портпарол не одговорија на барањата за коментар за извештаите дека Будимпешта ќе го блокирала тој потег.
18
МАКЕДОНИЈА - Министерот за надворешни работи Бујар Османи во интервју за БТВ изјави дека бугарските клубови во Македонија треба да се прилагодат со законот, односно да ги сменат своите имиња, ако сакаат да продолжат да постојат. Тој најави дека ќе ги повика претставниците на овие клубови на разговор во врска со таа тема. Состанокот, според Османи, има цел да се направи план како да ѝ се овозможи на бугарската заедница да ја декларира својата припадност, нејзиниот идентитет и културна припадност и да се интегрира во општеството. Тој побара сензитивност во именувањето на клубовите, и дека мнозинството Македонци се чувствуваа навредени од тие имиња, односно да се разбере оваа чувствителност на народот.
19
САД - Лицето коe уби десет луѓе во саботата за време на прославата на кинеската Лунарна Нова Година во сала за танцување во градот Монтереј Парк, извршило самоубиство, објавија американските власти. Шерифот на округот Лос Анџелес, Роберт Луна, синоќа изјави дека осомничениот е идентификуван како 72-годишниот Ху Кан Тран и дека се верува дека немало други напаѓачи. Мотивот за нападот се уште не е познат. Десет лица, пет жени и пет мажи, загинаа, а уште 10 лица беа ранети во пукањето во студиото за танцување Star Ballroom во паркот Монтереј.
20
ГЕРМАНИЈА - Германија нема да се противи Полска да и испорача тенкови Леопард на Украина, доколку Варшава побара дозвола, изјави германската министерка за надворешни работи Аналена Бербок. „Да ни е поставено тоа прашање ние не би се противеле. Засега тоа прашање не е поставено“, рече таа. Бербок додаде дека е неопходно Полска да испрати официјално барање до Берлин.
Од Бујар Османи до Шон Пен
Категории
Македонија
Старо-нова концепција за повеќе знаење на основците
Украинка „презимува“ во Скопје, поради руските напади и прекини на струја во Киев
Уставниот суд не донесе одлука за Законот за јазици
Повеќе
Свет
Силувана Украинка вели дека нејзиниот глас е оружје против воените злосторства
Во новата ера на Трамп се очекуваат построги ограничувања за пристапот до абортуси во САД
Грузиски новинари претепани од маскирани лица на тековните протести
Повеќе
ТВ Тема на неделата
Од зима во лето - што ни направија климатските промени?
Гранатиран живот: Една година од руската инвазија во Украина
Пчелите исчезнуваат, ќе нема што да јадеме?
Повеќе
ТВ Тема на денот
Силувана Украинка вели дека нејзиниот глас е оружје против воените злосторства
Украинка „презимува“ во Скопје, поради руските напади и прекини на струја во Киев
Наследството на Асад: смртни случаи, опсади и хемиско оружје
Повеќе
Во 90 секунди
Вирални видеа на украински војник за „слабостите“ на армијата
Покровск опустошен пред доближувањето на руските сили
Што се крие зад студентските протести во Србија?
Повеќе
XS
SM
MD
LG