Будење на маалскиот дух во Скопје
Првиот „Маалски фестивал“ во Скопје на градот му донесе улични танцови перформанси, поетски читања, работилници, прошетки низ маало, концерти, промоции, а на граѓаните - повеќе маалска дружба. РСЕ ја посети работилницата за урбана опрема и онаа за изработка на чуднозвучни музчички инструменти, на фестивалот организиран од културно социјален простор „Центар-Јадро“.