Протести во Дагестан против воената мобилизација
Стотици луѓе излегоа во севернокавкаскиот регион Дагестан за да протестираат против делумната мобилизација што ја најави рускиот претседател Владимир Путин. Полицијата пукаше во воздух за да ја растера толпата што го блокираше патот во градот Ендиреи. Спонтан протестен митинг се одржа и во Махачкала, каде што стотици демонстранти, главно жени, извикуваа „Не на војната!“.