Достапни линкови

Британија и светот се збогуваа со кралицата Елизабета


Кралица

Британија, светските лидери и членови на кралското семејство од целиот свет денеска се збогуваа со кралицата Елизабета на државен погреб со неповторливa величественост. Тоа е првиот државен погреб по смртта на премиерот Винстон Черчил во 1965 година.

Велика Британија и светот ѝ кажаа последно збогум на кралицата Елизабета Втора на државниот погреб каде присуствуваа претседатели и кралеви, принцови и премиери - и толпа луѓе кои се собраа по улиците на Лондон во чест на 70-годишно владеење на кралицата.

Пред службата, ѕвоното биеше 96 пати - еднаш во минута за секоја година од животот на Елизабета. Обележјата на државата и монархијата изобилуваа: ковчегот беше обвиткан според кралскиот стандард, на врвот се наоѓаше империјалната државна круна која блескаше со речиси 3.000 дијаманти, заедно со жезолот.

Ковчегот кон црквата го следеа генерации потомци на Елизабета, вклучувајќи го и кралот Чарлс Трети, престолонаследникот принцот Вилијам и 9-годишниот Џорџ, кој е втор по ред за престолот. Деканот на Вестминстер, кој ја водеше службата, им се заблагодари на присутните, вклучувајќи ги и светските лидери и членовите на кралското семејство.

„Овде, каде што кралицата Елизабета се омажи и круниса, се собираме со целата нација, од Комонвелтот и од нациите во светот, да жалиме за нашата загуба, да се потсетиме на нејзиниот долг живот несебична служба и со целосна доверба да се посветиме на милоста на Бога, нашиот создател и исцелител“, им рече на ужалените деканот Дејвид Хојл.

Службата заврши со двеминутно молчење низ Обединетото Кралство, по што присутните ја пееја националната химна, сега насловена „Боже чувај го кралот“.

Погребана кралицата Елизабета Втора
please wait

No media source currently available

0:00 0:01:55 0:00

Во историската Вестминстерска сала во Лондон изутрината заврши четиридневното оддавање почит во кое стотици илјади луѓе чекаа во редици да минат покрај ковчегот на 96 годишниот монарх кој помина седум децении на британскиот трон. Погребната церемонија продолжи во Вестминстерската опатија по што кралицата беше погребана.

„Имавте среќа што ја имавте 70 години. Сите имавме“, напиша американскиот претседател Џо Бајден кој присуства на погребот. Дабовиот ковчег, покриен со кралското знаме и со кралската државна круна на врвот, беше поставен на кочија влечена од поморски персонал во Вестминстерската опатија за нејзиниот погреб.

Меѓу 2.000-те поканети на погребот имаше околу 500 светски лидери, меѓу нив, претседателите на САД и Франција, Џозеф Бајден и Емануел Макрон, претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен и претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел.

На погребот беа и членови на кралските семејства од Шпанија, Монако, Норвешка, Холандија, Данска, како и јапонскиот император Нарухито, кој го направи своето прво патување во странство откако дојде на тронот во 2019 година.

Официјални лица од Русија, Белорусија, Северна Кореја и Мјанмар не беа поканети на погребот.

„Во последните 10 дена, мојата сопруга и јас бевме длабоко трогнати од многуте пораки на сочувство и поддршка што ги добивме од оваа земја и од целиот свет“, се вели во соопштението на Чарлс, синот на Елизабета и новиот крал, во кое се наведува: „Додека сите се подготвуваме да го кажеме последното збогување, едноставно сакав да ја искористам оваа прилика да им се заблагодарам на сите оние безбројни луѓе кои беа поддршка и утеха за моето семејство и за мене во ова време на тага“.

Внуците на кралицата Елизабета ѝ оддадоа последна почит

Елизабет почина на 8 септември во нејзината летна куќа во Шкотска, замокот Балморал. Нејзиното здравје беше во опаѓање и со месеци монархот, кој изврши стотици официјални ангажмани до нејзините 90-ти, се повлече од јавниот живот, иако само два дена пред нејзината смрт таа ја назначи Лиз Трас за 15-ти британски премиер.

„Непобедливи“

Нејзината долговечност и нејзината нераскинлива врска со Британија беше таква што дури и нејзиното семејство се најде во шок. „Сите мислевме дека е непобедлива“, им рекол принцот Вилијам на добронамерниците.

40-тиот суверен во линијата што ја следи нејзината лоза уште во 1066 година, Елизабета дојде на тронот во 1952 година, и првиот британски пост-империјален монарх.

Таа ја водешеше својата нација обидувајќи се да издлаби ново место во светот, и беше клучна за појавата на Комонвелтот на нациите, сега групација која се состои од 56 земји.

Кога го наследи нејзиниот татко Џорџ Шести, Винстон Черчил беше нејзиниот прв премиер, а Јозеф Сталин го предводеше Советскиот Сојуз. Таа се сретна со речиси секоја главна личност од политиката до забавата и спортот, вклучувајќи ги Нелсон Мандела, папата Јован Павле Втори, Битлси, Мерлин Монро, Пеле и Роџер Федерер.

И покрај тоа што наводно е висока 160 сантиметри таа доминираше во просториите со своето присуство и стана голема светска фигура, пофалена од Париз и Вашингтон до Москва и Пекинг.

„Кралицата Елизабета Втора беше без никакво сомневање најпознатата личност во светот, најфотографираната личност во историјата, најпрепознатливата личност и фактот дека светските лидери се во Лондон на погребот кажува многу за оваа икона“, изјави историчарот Ентони Селдон за Ројтерс.

Ѕвоното на Вестминистерската опатија - местото на крунисување, венчавки и погреби на англиските, а потоа и британските кралеви и кралици речиси 1.000 години - одѕвони 96 пати.

„Овде, каде што кралицата Елизабета се омажи и круниса, се собираме од целата нација, од Комонвелтот и од земјите во светот, да жалиме за нашата загуба и да се потсетиме на нејзиниот долг живот на несебична служба“, изјави Дејвид Хојл, раководител на Вестминстер.

Москва: Британското одбивање Русија да не биде на погребот на кралицата е „длабоко неморално“

Десетици милиони во Британија и во странство го гледаа погребот на монархот, нешто што никогаш досега не било емитувано на телевизија.

Ковчегот на Елизабета беше погребан покрај нејзиниот сопруг принцот Филип, кој почина во минатата година на 99-годишна возраст, во меморијалната капела на кралот Џорџ Шести, каде што исто така се погребани нејзините родители и сестра и, принцезата Маргарет.

„Многу сме среќни што се вративте кај дедо. Збогум драга бабичка, чест ни беше што бевме твои внуки и многу сме горди на тебе“, рекоа, принцезите Беатрис и Евгенија.

  • 16x9 Image

    Гоце Атанасов

    Со новинарство започна да се занимава за време на студиите по новинарство во Скопје. Работел во Млад борец, Нова Македонија, Македонската радио телевизија, А1 телевизијата и во Дојче Веле, а во Радио Слободна Европа е од започнувањето на емитувањето на македонски јазик.

XS
SM
MD
LG