Вести
Бајден ги потпиша документите за членство на Шведска и Финска во НАТО

Американскиот претседател Џо Бајден потпиша документи за ратификација со кои се одобруваат кандидатурите на Финска и Шведска за влез во НАТО. Бајден рече дека очекуваниот влез на двете нордиски земји во Алијансата откако ќе ја добијат поддршката од сите 30 членки ќе биде „момент на пресврт“ за НАТО и „за поголема безбедност и стабилност не само на Европа и САД, туку и на светот“. Бајден ги потпиша документите - формално наречени инструмент за ратификација - на церемонија во Белата куќа на 9 август. Шведска и Финска аплицираа за членство во НАТО како одговор на руската инвазија на Украина. Тие ги завршија пристапните разговори со Алијансата во минатиот месец.
Американскиот Сенат го одобри приемот на Финска и Шведска во НАТО
Сенатот на САД во минатата недела го поддржа проширувањето со гласање од 95 спрема 1. Членовите на Конгресот ги опишаа Шведска и Финска како важни сојузници чии модерни војски веќе тесно соработуваат со НАТО.
Анкара: Нема прием за Шведска и Финска во НАТО додека не ги исполнат своите обврски
Бајден рече дека двете земји ќе станат „силни, многу сигурни способни нови сојузници“ со преземање на „светата посветеност“ на меѓусебната одбрана. Тој исто така рече дека Русија на Владимир Путин „ги уништи мирот и безбедноста во Европа“ со инвазијата на Украина. „Путин мислеше дека може да не раздели... Наместо тоа, тој го добива токму она што не го сакаше“, изјави Бајден.
види ги сите денешни вести
Црвениот крст обезбедува поддршка за семејствата на настраданите во пожарот

Црвениот крст на Република Северна Македонија соопшти дека со сите свои расположливи капацитети, во соработка со државните институции дава придонес во обезбедување на потребната поддршка за семејствата на настраданите во пожарот во дискотеката во Кочани.
Папралелно, отворени се и наменски телефонски линии за прва психолошка помош. Воедно, апелираат до сите да ја покажат хуманоста и солидарноста за обезбедување помош за настраданите семејства.
„Ја споделуваме тагата со семејствата на трагично загинатите, иако сме свесни дека во моментов, нема зборови што може да ја утешат нивната болка и загуба. На повредените им посакуваме брзо опоравување. Во овие тешки моменти кога се изгубени толку многу млади животи сакаме да истакнеме дека Црвениот крст на РСМ со сите свои расположливи капацитети, во соработка со државните институции дава придонес во обезбедување на потребната поддршка за семејствата на настраданите“, нагласуваат оттаму.
Од Црвениот крст наведуваат дека организација ги ставила во функција сите механизми за хуманитарна помош за повредените и семејствата на настраданите со нудење на прва психолошка поддршка, прва помош и материјална поддршка.
Црвениот крст достави и помош во болницата во Кочани со ќебиња, постелнина и инвалидски колички. Возилата на Црвениот крст од програмата за санитетски транспорт се ставени во функција на институциите на системот.
Отворени се наменски телефонски линии за прва психолошка помош на броевите 071/338-081 во Кочани, 074/203-030 во Штип и 072/271-048 во Скопје кои ќе бидат во функција 24/7.
Од Црвениот крст на РСМ, информираат дека веќе ае контактирани од страна на Меѓународниот комитет на Црвен крст и партнерски национални друштва на Црвен крст и Црвена полумесечина и понудена е помош.
Пораки за сочувство и понуди за помош по трагедијата во Кочани

Претставници на Европската унија и амбасадори во Северна Македонија, премиери и претседатели на соседни земји, испратија пораки за сочувство и длабоко жалење за пожарот во Кочани, во кој досега според информациите на МВР почина 51 лица, а повеќе од 100 се повредени.
Високата претставничка на ЕУ за надворешни работи и безбедносна политика Каја Калас во објава на Икс изрази „длабоко жалење“ поради трагедијата во Кочани.
„Длабока жалост за трагичниот пожар, кој однесе премногу млади животи во Кочани, наведе Калас во објавата.
Таа изрази сочувство до „сите погодени од оваа трагедија“, а на повредените им посака брзо закрепнување.
„ЕУ ја споделува тагата и болката на народот во Северна Македонија“, додаде Калас.
Претходно, “длабока тага“ поради трагедијата во Кочани и сочувство за жртвите изрази и еврокомесарката за проширување Марта Кос.
Американската амбасадорка во земјава Анџела Агелер упати сочувство до семејствата и најблиските на загинатите во пожарот во дискотека во Кочани.
„Срцето ми се кине утрово за многуте жртви во синоќешниот пожар во ноќен клуб во Кочани. Нашето најдлабоко сочувство го упатуваме до жртвите и нивните најблиски во ова ужасно време, а им посакуваме брзо закрепнување на повредените. Загубата на толку многу млади животи во една заедница е страшна трагедија“, наведува Агелер во објавата на фејсбук профилот на Амбасадата на САД во земјава.
И претседателот на Србија, Алекандар Вучиќ изрази длабоко сочувство за трагедијата во Кочани.
„Со голема тага ја примив веста за страшната трагедија што ја снајде Македонија. Изразувам длабоко сочувство до семејствата на загинатите во пожарот во дискотеката во Кочани, како и солидарност со народот на Македонија во овие тешки моменти. Нашите мисли се со сите оние кои ги загубија своите најблиски и со оние кои се борат за своите животи. Србија е секогаш подготвена да ја пружи секаква неопходна помош, во согласност со своите можности, покрај своите пријатели“, објави Вучиќ на социјалните мрежи.
Бугарскиот премиер, Бојко Борисов, пак, во телефонски разговор со македонскиот премиер Христијан Мицкоски, понуди помош од Бугарија во овие тешки моменти.
„Изразувам искрени сочувства до семејствата на загинатите во пожарот во дискотека во Кочани. Во најтешките моменти стоиме заедно, па нудиме помош и поддршка што Бугарија може да ја пружи. Нека Бог ги прости загинатите, а ние се молиме за брзо закрепнување на повредените“, изјави бугарскиот премиер.
Сочувство за загубените животи и подготвеноста на Грција да помогне по трагедијата во Кочани, изрази и грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис преку платформата Х.
„Искрено сочувство до народот на Северна Македонија за загубените животи во трагичниот пожар во Кочани. Моите мисли се со жртвите и нивните семејства, а на повредените им посакувам брзо закрепнување. Грција е подготвена да помогне во ова тешко време“, напиша Мицотакис.
Албанскиот претседател Бајрам Бегај изрази сочувство по повод трагичната несреќа што се случи во дискотека во Кочани во која загинаа над 50 лица, а стотици се повредени.
„Моето искрено и длабоко сочувство до семејствата кои ги загубија своите најблиски и до сите граѓани во нашата соседна пријателска земја. Моите молитви и молитвите на албанскиот народ се упатени кон повредените, тие брзо да закрепнат и болката во градот Кочани да не се зголемува“, напиша Бегај во објава на Х.
Според досегашните податоци на полицијата 51 лице починало, а повеќе од 100 се повредени и пренесени во болниците во Кочани, Штип и Скопје, соопшти на прес-конференција министерот за внатрешни работи Панче Тошковски.
Во критична состојба се 18 повредени во пожарот во Кочани, има и малолетници

И малолетници се меѓу оние кои се во критична состојба, потврди предмалку министерот за здравство, Арбен Таравари во изјава за медиумите поврзана со трагичниот настан во кој загина 51 лице во пожар во дискотека во Кочани.
„Хоспитализирани во ГОБ 8 ми Септември се 17 лица, во Штип во клиничката болница се 39, а во Кочани 30. Околу 18 пациенти се во критична состојба и тие се во скопските болници. Сигурен сум дека здравствените работници го даваат максимумот, се што треба за третман на пациентите е ставено во функција. Заменик министерот е во Штип и добиваме информации дека пациентите се во стабилна состојба, а критичнате се во Скопје“, изјави Таравари.
Тој изрази благодарност до другите држави кој понудиле помош а тоа се од Бугарија, Србија и болницата во Белград и Холандија.
Таравари рече дека ќе одлучат дали некои од пациентите ќе ги носат во странство.
Од кочанската болница велат дека главно повредените кај нив се со изгореници на лицето и екстремитетите.
„Починати се многу, но додека не заврши идентификација не можеме да ви дадеме точна бројка, донесувани беа починати или во моментот кога доаѓаа починуваа. Тешко е да се идентификуваат, дел имаа лични карти а дел немаа, тие што имаа долкументи се идентификувани. Сега очекуваме роднини да ги препознаат останатите но тоа е веќе надлежност на Јавното обвинителство. Меѓу починатите имаше на возраст од 14 до 25 години а меѓу нив има од Штип, Кочани, Пробиштип и Скопје“, Кристина Серафимова, директор на болницата во Кочани.
Првиот повик во болницата бил во 2 часот и 48 минути и веднаш се мобилизирале сите лекари, вели Серафимова.
Коцевски: Истрагата за пожарот ќе биде целосна и брза

Јавниот обвинител на Република Северна Македонија формираше обвинителски тим кој ќе раководи со истражните дејствија поврзани со пожарот во Кочани. Во обвинителскиот тим се вклучени петмина обвинители од Кочани, Штип и Скопје.
Во Кочани е републичкиот јавен обвинител Љупчо Коцевски и сите обвинители, кои заедно со останатите надлежни служби се на терен, информираат од јавното обвинителство.
„Во моментов не можам да кажам како настанал пожарот. Ние во моментов издаваме наредби во однос на одговорноста вертикална и хоризонтална за евентуалните лица кои можат да се инволвирани и да носат одговорност. Во МВР има одредени лица кои веќе даваат изјави, а денеска веќе ќе дадеме наредби и ние. Не можеме да кажеме колку лица се повикани на распит“, изјави Коцевски.
Тројца обвинители вршат увид на лице место, причините допрва ќе се утврдуваат рече Коцевски. Првичните сознанија се такви дека е настанат пожарот од пиротехнички материјали потврди обвинителот и рече дека во моментов се издаваат наредби за вештачења и собирање докази во однос на тоа како е изграден објектот, дали имало дозвола, дали ги изполнува условите се работи на тоа. За сега се уште се утврдува и бројот на присутсни во моментот на настанот.
Тој им вети на семејствата дека истрагата ќе биде целосна и брза, а ќе се ангажираат и вештаци од сите области.
Во пожарот во дискотеката во Кочани синоќа загина 51 лице, а над 100 се повредени.
Причината за пожарот, според првичните информации кои ги соопшти Тошковски се дека настанал од искри од приотехнички средства, кои биле употребени за светлосен ефект на концертот на групата ДНК.
„Во моментот на активирање на прскалките, најверојатно искрите го зафатиле таванскиот дел кој е од лесно запалива материја и за кратко пожарот се проширил низ цела дискотека и се создал густ чад. За кратко време се пристигнати противпожарни служби од околните градови, амбулантни возила, а активирани се и хеликоптери на МВР за транспорт на повредените на скопските клиники“, изјави Тошковски.
Повредените се хоспитализирани во повеќе болници низ земјата.
Мицкоски: Загубата на толку многу млади животи е ненадоместлива

„Ова е тежок и многу тажен ден за Македонија! Загубата на толку многу млади животи е ненадоместлива, а болката на семејствата, на најблиските и пријателите е неизмерна. Во овие моменти на длабока тага, нашите мисли се со оние што ги загубија своите сакани. На повредените им посакувам брзо закрепнување, а на семејствата на загинатите – сила да ја издржат оваа незамислива загуба“, напиша премиерот Христијан Мицкоски на „Фејсбук“.
Мицкоски ги повикува сите надлежни институции – здравствените служби, полицијата, локалните власти да преземат итни мерки за помош на повредените и поддршка на погодените семејства.
„Владата е целосно мобилизирана и ќе направи сè што е потребно за справување со последиците и утврдување на причините за оваа трагедија. Во текот на денот, по согледување на околностите од надлежните институции ќе и’ се обратам на јавноста со повеќе информации за преземените чекори. Во овие времиња на длабока тага, кога нашите срца се скршени од болка поради оваа ужасна трагедија, повикувам на заедништво, сплотеност, хуманост и одговорност“, вели Мицкоски.
Во пожарот во дискотеката во Кочани, според официјалните информации, загинаа 51 лице и над 100 се повредени.
Причината за пожарот, според првичните информации кои ги соопшти Тошковски се дека настанал од искри од приотехнички средства, кои биле употребени за светлосен ефект на концертот на групата ДНК.
„Во моментот на активирање на прскалките, најверојатно искрите го зафатиле таванскиот дел кој е од лесно запалива материја и за кратко пожарот се проширил низ цела дискотела и се создал густ чад. За кратко време се пристигнати противпожарни служби од околните градови, амбулантни возила, а активирани се и хеликоптери на МВР за транспорт на повредените на скопските клиники“, изјави Тошковски.
Вкупно 118 хоспитализирани повредени има низ болниците во Северна Македонија од трагедијата во дискотеката во Кочани, потврди министерот за здравство Арбен Таравари во изјава за медиумите.
Романскиот екстремно десничарски кандидат одобрен за претседателските избори

Романските изборни власти ја одобрија кандидатурата на водачот на ултранационалистичка партија за претседателските избори во мај во саботата, неколку дена откако Уставниот суд ја потврди одлуката за забрана на екстремно десничарскиот популист Калин Георгеску да се кандидира.
Одлуката на Централната изборна комисија (ЦИК) да ја одобри кандидатурата на Георге Симион, лидерот на Алијансата за единство на Романците АУР и сојузник на Георгеску, дојде ден откако тој ја поднесе својата апликација.
Симион и Анамарија Гаврила, водач на екстремно десничарската Младинска партија ПОТ и поранешен член на АУР, најавија претходно оваа недела дека ќе влезат во трката и дека еден од нив ќе се повлече доколку и на двајцата им биде одобрено да се кандидираат. Се очекуваше Гаврила да ја поднесе својата апликација во сабота, кога е и крајниот рок.
Во саботата ЦИК ја отфрли кандидатурата на друга екстремно десничарска политичарка, лидерката на партијата СОС Романија, Дијана Сосоака, и ја одобри кандидатурата на проевропската центристичка политичарка Елена Ласкони. Сосоака исто така беше отфрлен кога изборите првично беа одржани во ноември.
Георгеску, кој е критичен кон НАТО и се противи на поддршката на Романија за Украина, изненадувачки победи во првиот круг од изборите на 24-ти ноември. Симеон беше четврти.
По тоа гласање, романските разузнавачки служби известија дека странски актери, најверојатно Русија, манипулирале со платформите на социјалните медиуми, особено ТикТок, во корист на Горгеску. Уставниот суд потоа ги поништи претседателските избори на 6 декември, пред вториот круг на гласање.
Новото гласање е закажано за мај – првиот круг на 4 мај и вториот круг, доколку е потребно, на 18 мај.
Поддржувачите на Георгеску одржаа неколку протести против одлуката да му се забрани да се кандидира.
Демонстрантите од целиот политички јаз одржаа митинг во Букурешт во саботата за да изразат солидарност со, како што велат, европските вредности.
МВР: Пукање кај Бит Пазар - повреден малолетник

Момче на возраст од 16 години било повредено од огнено оружје во пределеот на едната рака кај Бит Пазар во Скопје.
Како што соопшти денеска МВР, настанот бил пријавен вчера во 15.39 часот во СВР Скопје дека се случил на улицата „Војдан Чернодрински“ кога едно лице од огнено оружје пукало во 16-годишник од Скопје и го напуштило местото.
„Малолетникот се здобил со прострелна рана на раката и бил пренесен во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“ каде му била укажана помош“, наведуваат од МВР.
Извршен бил увид и на местото биле пронајдени неколку чаури и еден куршум.
МВР презема мерки за расчистување и документирање на случајот, по што ќе биде поднесена соодветна пријава.
ЕУФОР: Продолжуваме да ја поддржуваме стабилноста и безбедноста во БиХ

Мисијата ЕУФОР во Босна и Херцеговина во саботата соопшти дека не се мешаат во политичките дебати и дека се непристрасни во делувањето во рамките на нивниот мандат.
Во соопштението тие наведуваат дека ја почитуваат правната рамка на Босна и Херцеговина и меѓународното право и дека „ќе продолжат да дејствуваат на транспарентен начин и ќе бидат подготвени да заштитат безбедна и стабилна средина, пред се преку обезбедување заштита на населението“.
„Во согласност со Дејтонскиот мировен договор и мандатот на Обединетите нации, ЕУФОР веќе 20 години ја извршува својата мисија за поддршка на властите на Босна и Херцеговина, со цел да се одржи сигурна и стабилна средина“, се вели во соопштението на ЕУФОР.
Тие исто така посочуваат дека секоја изјава во која се наведуваат и изнесуваат различни ставови „е лажна и не ја одразува вистината“.
Изјавата на ЕУФОР доаѓа по изјавата на хрватската пратеничка во Европскиот парламент Жељана Зовко, која при своето обраќање во Европскиот парламент истакна дека има информации од ЕУФОР според кои задачата на „мисијата Алтеа“ била исклучиво да ги штити амбасадите и странските дипломати.
Резервните сили на ЕУФОР од Италија, Чешка и Романија пристигнаа во БиХ по копнен и воздушен пат во последните денови.
ЕУФОР претходно соопшти дека привремено ќе ја зголеми големината на своите сили како превентивна мерка, по зголемените тензии во земјата поради усвојувањето на неуставните закони во Босна и Херцеговина. ентитет на Република Српска (РС).
На крајот на февруари, Собранието на РС донесе закон со кој се забранува работата на Државната агенција за истраги и заштита (СИПА) на БиХ, Судот и обвинителството на БиХ и Високиот судски и обвинителски совет, кој е одговорен за назначување на сите судии и обвинители во Босна и Херцеговина, на територијата на РС.
Собранието на ентитетот ги усвои законите откако претседателот на РС Милорад Додик беше осуден од првостепениот суд на една година затвор и шестгодишна забрана за вршење функција.
Тој беше прогласен за виновен за непочитување на одлуките на високиот претставник во БиХ, Кристијан Шмит, и потпишување указ за прогласување закони кои Шмит претходно ги поништи, со кои се обиде да го спречи спроведувањето на одлуките на Уставниот суд на БиХ и на високиот претставник на територијата на РС.
После тоа, Уставниот суд на БиХ донесе времена мерка и го запре спроведувањето на овие закони, но властите на РС најавија дека нема да се откажат од нејзината примена.
Шефот на делегацијата на Европската унија во БиХ и специјален претставник на ЕУ во БиХ, амбасадорот Луиџи Сорека, на 12 март изјави дека по втор пат во три години, дел од резервните сили на ЕУФОР е активиран.
Обраќајќи им се на дополнителните војници од Чешката Република, Италија и Романија, кои ја зајакнаа мисијата ЕУФОР Алтеа во Босна и Херцеговина, тој рече дека тоа „ја подвлече посветеноста на ЕУ за безбедноста и стабилноста во БиХ“.
Тој истакна дека ЕУФОР Алтеа претставува клучен придонес на Европската Унија во поддршката на Босна и Херцеговина на нејзиниот европски пат.
Трамп потпиша наредба за намалување во седум агенции, вклучително и надзорното тело на РСЕ

Американскиот претседател Доналд Трамп потпиша извршна наредба со цел да се скратат седум федерални агенции, вклучително и Американската агенција за глобални медиуми УСАГМ (USAGM), која меѓу другите го надгледува и Радио Слободна Европа/Радио Слобода (РСЕ/РЛ).
Наредбата, потпишана вечерта на 14 март, вклучува и агенции кои се занимаваат со прашања за бездомници, работни спорови и развој на заедницата.
„Во рок од седум дена од датумот на оваа наредба, раководителот на секој владин субјект наведен во наредбата ќе поднесе извештај до директорот на Канцеларијата за управување и буџет со кој ќе ја потврди целосната усогласеност со оваа наредба и ќе објасни, доколку ги има, кои компоненти или функции на владиниот субјект се законски потребни и до кој степен“, се вели во наредбата.
Радио Слободна Европа веднаш не ја коментираше извршната наредба.
УСАГМ е независна агенција на американската влада која го надгледува емитувањето на вести и информации на речиси 50 јазици на приближно 361 милион луѓе секоја недела.
Буџетското барање за УСАГМ за оваа фискална година изнесуваше 950 милиони долари за финансирање на сите операции и капитални инвестиции. Тука спаѓаат медиуми како што се Радио Слободна Европа, Гласот на Америка (Гласот на Америка), Радио Слободна Азија, Кубанската радиодифузна канцеларија (Радио Марти), Блискиот исток за радиодифузна мрежа (MBN) и Отворениот технолошки фонд.
За време на првиот мандат на Трамп, кој презеде неколку чекори за намалување на владините трошоци откако ја презеде функцијата во јануари, се судри со УСАГМ околу уредувачката независност и програмската насока. Откако повторно ја презеде функцијата, тој ја повтори таа загриженост. Застапниците на радиодифузерите велат дека тие се важен додаток на американската дипломатија.
Покрај УСАГМ, наредбата е насочена кон Федералната служба за посредување и помирување, Меѓународниот центар за научници Вудро Вилсон во институцијата Смитсонијан, Институтот за музејски и литературни услуги, Меѓуагенцискиот совет на САД за бездомништво, Фондот за финансиски институции за развој на заедницата и Агенцијата за развој на малцински бизнис.
Стармер: Путин „мора да ги запре варварските напади“ и да се согласи на прекин на огнот во Украина

Британскиот премиер Кир Стармер на онлајн состанок на светските лидери изјави дека рускиот претседател Владимир Путин мора да престане да ја напаѓа Украина и да се согласи на примирјето предложено од САД.
Зборувајќи со околу 25 претежно европски лидери на виртуелниот самит на 15 март, Стармер повика да се задржи притисокот врз Москва и рече дека тие мора да бидат подготвени сами да го бранат секој мировен договор.
„Ако Путин е сериозен за мирот, тоа е многу едноставно: тој мора да ги прекине своите варварски напади врз Украина и да се согласи на прекин на огнот“, рече Стармер на видео повикот, во кој беа вклучени и лидерите на Канада, Австралија и Нов Зеланд, но не и САД.
„Мораме да продолжиме да притискаме напред, да се подготвуваме за мир и мир кој ќе биде сигурен и кој ќе трае“, рече тој.
Додека Русија, САД и Украина се расправаат околу предлогот на американскиот претседател Доналд Трамп за непосреден 30-дневен прекин на огнот, се очекуваше Стармер да побара конкретни понуди за логистичка, финансиска или воена помош за Киев на состанокот на „коалицијата на подготвените“.
Во изјавата објавена пред состанокот, Стармер го обвини рускиот претседател Владимир Путин дека „се обидува да ја одложи“ одлуката за предлогот за прекин на огнот, поставувајќи „глупости услови“ и повика на „внимателно проучување пред да стапи на сила прекинот на огнот“.
Велика Британија, Франција и други земји рекоа дека би можеле да испратат мировници во Украина доколку се постигне договор за прекин на огнот. Стармер го повика Вашингтон да понуди безбедносна „поддршка“ на овие сили за да се одвратат понатамошни руски напади.
„Ако Русија конечно дојде на преговарачка маса, тогаш мора да бидеме подготвени да го следиме прекинот на огнот за да се осигураме дека тоа е сериозен и траен мир“, рече Стармер во изјавата. „Ако тие не дојдат, тогаш мора да вложиме максимални напори да го зголемиме економскиот притисок врз Русија за да обезбедиме крај на оваа војна.
По разговорот со Стармер на 14 март, францускиот претседател Емануел Макрон исто така рече дека Русија мора да го прифати предлогот за прекин на огнот.
Украина се согласи со предлогот за прекин на огнот на состанокот на 11 март меѓу високи американски и украински претставници во Саудиска Арабија, а специјалниот пратеник на Трамп, Стив Виткоф, потоа разговараше за тоа со Путин во Москва.
На 13 март, Путин рече дека Русија се согласува со идејата за прекин на огнот, но додаде дека „има нијанси“ и дека тоа „треба да доведе до долготраен мир и елиминирање на причините за оваа криза“.
Тој рече дека прашањата што треба да се решат вклучуваат што ќе се случи во руската област Курск, каде што украинските сили губат земја во последните недели по ненадејниот упад минатиот август, и кој ќе го надгледува прекинот на огнот. Русија изјави дека распоредувањето на војници на НАТО во Украина би било неприфатливо.
Дополнително, споменувањето на „причината“ од Путин сугерира дека Русија би можела да бара договор за неколку долгогодишни барања, како што се посветеноста на Украина за неутралност, ограничувањата на големината и силата на украинската војска, па дури и повлекувањето на силите на НАТО од поранешните земји од Варшавскиот пакт.
Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, по средбата на Виткоф со Путин изјави дека Москва е „внимателно оптимист“ и дека разговорот меѓу Путин и Трамп дошол откако Виткоф му ги пренел „сите информации“ за позицијата на Русија на Трамп.
Во објавата на социјалните мрежи, Трамп рече дека разговорите биле „многу добри и продуктивни...и има многу добри шанси оваа ужасна, крвава војна конечно да дојде до крајот“.
Сепак, Киев изрази незадоволство. Во објава на Х на 14 март, украинскиот претседател Володимир Зеленски го обвини Кремљ дека се обидува да го „комплицира и одложи процесот“.
„Русија е единствената страна која сака војната да продолжи и дипломатијата да се распадне“, напиша тој.
Украина, исто така, го негираше тврдењето на Путин дека украинските сили се „изолирани“ во регионот Курск и дека немаат излез освен предавање или смрт.
Во соопштението на 14 март, Генералштабот на украинските вооружени сили рече дека извештаите за „наводно „опкружување“ на украинските единици...во регионот Курск се лажни и измислени“, додавајќи: „Нема закана за опкружување на нашите единици“.
Русија започна целосна инвазија на Украина во февруари 2022 година, откако го зазеде Крим и предизвика војна во источен Донбас во 2014 година, по падот на промосковскиот претседател на Украина, чија одлука да се откаже од планот за поблиски врски со Европската унија и да се сврти кон Русија, предизвика масовни протести познати како Мајдан.
Трамп стави крај на војната истакната цел. Тој го покани Путин неколку недели по преземањето на функцијата во јануари и потоа испрати високи функционери да се сретнат со руските колеги во Саудиска Арабија.
Во услови на мировни напори, продолжија воздушните напади и жестоките борби на теренот.
Најголемиот приватен снабдувач со енергија во Украина, ДТЕК, на 15 март соопшти дека руските воздушни напади предизвикале „значителна“ штета на нејзините електрани во регионите Днепропетровск и Одеса, како и дека некои потрошувачи во двата региона останале без електрична енергија.
Мултимедија
Најпосетени
Што треба да знаете