Достапни линкови

Вештачка интелигенција – злоупотреби и ризици


Вештачка интелигенција
Вештачка интелигенција

Вештачката интелигенција, користа од неа, иднината, стравот што го предизвикува е темата на ова издание на Зошто. Гостин ни е магистерот по информатички науки, експертот за Вeштачка Интелигенција Стојанчо Туџарски.

ЕУ го усвои првиот закон за вештачка интелигенција. Овој акт е првиот закон, регулаторна рамка која има за цел да се осигура дека системите за вештачка интелигенција се безбедни и дека го почитуваат законот и основните права и вредности на ЕУ.

Се зависи како се тренира вештачката интелигенција.

Таа е способна да емитира врз база на тоа што и се дава како информација, фотографии...., вели Стојанчо Туџарски.
Користа е огромна, таа може да сработи за 5 минути тоа што на човекот (дизајнер, маркетинг работник) му е потребно 5 дена. Тоа не значи поквалитетно туку побрзо.

Нема потреба од страв – видете тоа е како да купувате нож на пазар. Сите можеме да купиме нож, но како и за што ќе го користиме треба да се регулира, вели Туџарски.

ВИ е корисна алатка ако се користи за добри цели
please wait

No media source currently available

0:00 0:16:57 0:00
Директен линк


Зошто некои толку се радуваат а други пак многу стравуваат?

Не се оправдани стравовите дека луѓето ќе бидат заменети. Некои високо образовни професии како дизајнерски студија или маркетинг агенции ќе бидат први на удар но човекот не може да се замени во целост.

Алатки за вештачка интелигенција - револуција или ризик за образованието
please wait

No media source currently available

0:00 0:04:01 0:00

Со Туџарски разговаравме и денешните предизвици и ризици. За користа или можната злоупотреба на когнитивна бихејвиорална манипулација, за предвидливо полициско работење и за тоа дали овој процес се движи по предвидлива патека и како и за тоа дали може целосно да се контролира за да нема несакани последици за човештвото.

Поткаст „Зошто“ со Зоран Ќука и гостинот Стојанчо Туџарски
Поткаст „Зошто“ со Зоран Ќука и гостинот Стојанчо Туџарски

Слушајте не, следете те го Поткастот Зошто на Слободна Европа и на Спотифај, Јутјуб, Ејпл и Гугл поткаст. Кликнете на Зошто и давајте ни идеи и теми кои сакате да ги слушате, а ние ќе прашуваме преку нашите социјалните мрежи.

XS
SM
MD
LG