Глобалната Тик-Ток сензација која на светот му сервираше македонско тавче гравче
Либанската готвачка чии видеа се вирални на Тик-Ток, Абир Ел Сагир, доби милиони следбеници со готвење по традиционални рецепти од целиот свет. Ројтерс ѕирна во нејзината кујна, а таа за РСЕ сподели впечатоци за македонското тавче гравче и ни откри и што од македонската кујна планира следно да зготви.