Достапни линкови

Бугарскиот премиер Петков веќе не се колеба, ќе испрати воена помош за Украина


Бугарскиот премиер Кирил Петков на 28 април во Киев се сретна со украинскиот претседател Володимир Зеленски.
Бугарскиот премиер Кирил Петков на 28 април во Киев се сретна со украинскиот претседател Володимир Зеленски.

Обезбедувањето воена помош за Украина ќе ја усогласи Софија поблиску со повеќето сојузници во НАТО, но ќе го продлабочи јазот со бугарскиот претседател Румен Радев, кој сугерираше дека вооружувањето на која било страна само ги продолжува борбите.

Обезбедувањето на бугарската воена помош ќе ја усогласи Софија поблиску со повеќето сојузници во НАТО, но ќе го продлабочи јазот со бугарскиот претседател Румен Радев, кој сугерираше дека вооружувањето на која било страна само ги продолжува борбите.

Главната владејачка алијанса на Бугарија одговори на прекинот на рускиот гас со напуштање на колебливоста што ја спречи таа црноморска држава да испорачува воена помош за Украина.

Премиерот Кирил Петков кој беше во посета на Украина изјави во близина на Киев дека е „нечовечки ако не сте неинволвирани“ додека се одвива руската инвазија.

Откако Газпром го прекина снабдувањето со природен гас за Бугарија и Полска поради ескалацијата на последиците од 8-неделната војна, Петков и неговата алијанса „Продолжуваме со промените“ ветија дека сите 67 негови пратеници ќе ја поддржат воената помош за Киев на гласањето што се очекува во почетокот на следниот месец.

Обезбедувањето на таквата помош ќе ја усогласи Софија поблиску со повеќето нејзини сојузници во НАТО, освен Унгарија.


Но, тоа, исто така, ќе го продлабочи јазот околу Украина и Русија со бугарскиот претседател Румен Радев, пензиониран генерал и поранешен командант на воздухопловните сили, кој сугерираше дека вооружувањето на која било страна само ги продолжува борбите.

„Реториката што ја слушаме веќе неколку месеци е „Не давајте воена помош за Украина за да дојде мирот побрзо“, рече Петков за време на брзо организираната посета на Киев на 28 април за да покаже поддршка за бранителите на Украина.

„Ако ова е цената на мирот, ако руската држава продолжи да напаѓа и никој нема можност да се брани, тогаш дали го сакаме овој мир?“ Петков предупреди дека не треба да се биде на страната на „агресорот“ Русија, наведувајќи дека „внатрешни кругови“ во Бугарија поттикнуваат поделба уште од почетокот на осумнеделната војна во Украина.

Енергетска уцена

Бугарија е членка на Европската Унија и НАТО. Русија ја прекина испораката на гас за Полска и Бугарија на 27 април по огромните западни меѓународни финансиски санкции за да се казни неиспровоцираната инвазија на рускиот претседател Владимир Путин врз Украина.

Војната во Украина и кризата со снабдување со гас
please wait

No media source currently available

0:00 0:09:09 0:00

Иако не се очекува да се намали толку како во другите земји на ЕУ кои се позависни од рускиот гас, како Германија или Италија, најавата на Москва ја претставува најзначајната акција на Путин во војната на европските енергетски пазари.

Софија, Варшава и претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен ова го опишаа како енергетска „уцена“.

Петков ги увери Бугарите дека активностите на Газпром нема да доведат до никакво прекинување на гасот за потрошувачите и истакна дека се координира со партнерите од ЕУ. Фон дер Лајен изјави дека и Полска и Бугарија добиваат гас од соседните земји.


Либералната влада на Петков е против многу долгите врски со Русија уште откако ја презеде власта во декември 2021 година.

Откако трупите на Путин ја нападнаа Украина, владата го поздрави зголеменото присуство на НАТО, вклучително и новото распоредување борбени авиони во база на нејзиниот брег на Црното Море.

Софија, исто така, ги поддржа западните политички и економски санкции и другите невоени мерки за казнување на руските акции во Украина, чија јужна граница се протега на 200 километри од бугарската територија.

Бугарија се надева дека ќе ги елиминира своите испораки на руски гас до крајот на годината, кога ќе заврши сегашниот долгорочен договор на Булгаргаз.

Гасоводот од соседна Грција треба да биде готов во јуни. Петков на 27 април рече дека Русија со години ја третира Бугарија, членката на ЕУ и НАТО како „петта колона“.

Говорејќи во градот Ирпин, во близина на Киев, Петков вети дека Бугарија „ќе ја обезбеди сета потребна помош“. Тој рече дека Бугарите и остатокот од Европа мора да бидат „посилни“ и „поцврсти“, вклучително и во изнаоѓањето алтернативни извори на гориво и енергија.

„Судири“ со претседателот

Бугарското народно собрание се враќа од велигденските празници на 4 мај и помладата партија во коалицијата Демократска Бугарија соопшти дека веднаш ќе поднесе предлог за воена и друга помош за Украина.

Ветувањето на „Продолжуваме со промените“ сугерира дека би можело да има доволна поддршка при гласањето, иако неколку партии допрва треба целосно да се обврзат на тоа.

Петков и коосновачот на „Продолжуваме со промените“, Асен Василев, ги уверија новинарите на прес-конференцијата на 27 април дека нивната поддршка за воена помош за Украина нема да ја распадне владејачката коалиција, која ја презеде власта по неколкумесечна политичка криза.


Претседателот Радев победи на реизборот на гласањето одржано заедно со парламентарното гласање во ноември 2021 година, а тој постојано јавно се судира со Петков.


Радев го нарече прекинот на гасот „вистински тест за европската солидарност“ и изрази „збунетост од тоа како министерот за економија ќе им објасни на Бугарите и левичарите, кои отсекогаш биле против војните, дека бугарското оружје го поттикнува конфликтот“.

Само Унгарија, чиј премиер Виктор Орбан се појави како најсилен сојузник на Путин во Европската унија досега целосно се согласи со условите на Путин за плаќање на рускиот гас во рубљи.

Социјалистите во бугарската коалиција, партија на многу поранешни комунисти со проруски чувства, изјавија дека се противат на испраќање оружје во Украина, бидејќи тоа ќе ја направи Бугарија страна во конфликтот. Но, неколку опозициски партии навестија дека ја одобруваат таквата мерка.

Земјите на НАТО дејствуваат внимателно, но многумина им се придружија на Соединетите држави, Британија и Германија во снабдувањето со оружје, а сега дури и со тенкови, на украинската војска и милициските сили кои ја бранат земјата и нејзината предвоена популација од 34 милиони луѓе. Околу 5 милиони Украинци побегнаа надвор од земјата, а уште најмалку толку се раселени во земјата.

Радев го доведе во прашање патувањето на Петков во Киев, изразувајќи загриженост за бугарскиот „национален интерес“ и сугерирајќи дека наместо тоа треба да ја формулира „суверената бугарска позиција“.

Партискиот колега на Петков, Василев, кој е и вицепремиер, еден ден претходно одговори на критиките на Радев. „Не функционира позицијата да се преправаме дека нема агресор во оваа војна. Ние не бараме конфликт, не бараме војна, но кога ќе дојде до нашиот праг, ќе го пречекаме и ќе го одбиеме агресорот“, рече Василев, кој за изјавата на Радев оцени:

„Тоа е срамно затоа што имплицира дека Русија ќе победи во овој конфликт и дека е нормално и добро Русија да победи во овој конфликт. Верувам дека Украина ќе победи и дека мораме да ѝ помогнеме на Украина да победи во овој конфликт“.

Василев изјави дека алтернативата на тоа е „прво Украина, а потоа и цела Источна Европа повторно да станат вазали на Русија, додавајќи: „Оваа влада нема да го дозволи тоа“.

  • 16x9 Image

    Гоце Атанасов

    Со новинарство започна да се занимава за време на студиите по новинарство во Скопје. Работел во Млад борец, Нова Македонија, Македонската радио телевизија, А1 телевизијата и во Дојче Веле, а во Радио Слободна Европа е од започнувањето на емитувањето на македонски јазик.

XS
SM
MD
LG