Иако за некого е можеби старомодно хоби, шиењето станува нов тренд во Британија. Млади луѓе, кои најчесто биле „заглавени“ во нивните домови поради пандемијата и имаат аверзија кон брзата мода, ги користат социјалните медиуми за да споделуваат совети, дизајни и нови модни креации.