Достапни линкови

Вести

Осум уапсени за воени злосторства во БиХ, се сомничат за убиство на 100 луѓе

Припадници на СИПА, архивска фотографија
Припадници на СИПА, архивска фотографија

Осум лица се уапсени во Босна и Херцеговина за воени злосторства. Уапсените, поранешни припадници на армијата на босанските Срби, се осомничени дека во 1992 година убиле околу 100 Бошњаци на подрачјето на Невесиње на југот на БиХ, соопшти денеска босанското обвинителство.

„Злосторствата се однесуваат на убиство на околу 100 лица од бошњачка националност во местото Зијемље, меѓу кои десетици жени, постари лица, како и поголем број деца, меѓу кои и деца стари меѓу 15 дена и 2 години“, наведува обвинителството.

Според нив, во злосторството се убиени скоро целите семејства Плоскиќ, Шипковиќ, Аличиќ, Алибашиќ, Махиниќ, Брајевиќ, Чопељ и други жртви.

„Посмртните останки на 49 лица се пронајдени, додека за посмртните останки на 47 жртви се уште се трага“, стои во соопштението на обвинителството.

Државната агенција за истраги и заштита (СИПА) претходно денеска соопшти дека осомничените се уапсени во акција на подрачјата на Бања Лука, Сараево, Невесиње, Гацко и Требиње.
Ова е четврта таква акција за апсење осомничени за воени злосторства во последните 15 дена.

На 30 декември беа уапсени девет луѓе, на 3 декември седум, а на 5 декември петмина луѓе осомничени за воени злосторства во војната во Босна и Херцеговина во 90-тите години од минатиот век.

види ги сите денешни вести

Саудиска Арабија го осуди нападот на божиќниот пазар во Германија

Автомобилот со кој Саудиец влета божиќниот пазар во Магдебург, 20 декември 2024 г.
Автомобилот со кој Саудиец влета божиќниот пазар во Магдебург, 20 декември 2024 г.

Властите на Саудиска Арабија го осудуваат нападот на божиќниот пазар во германскиот град Магдебург што се случи на 20 декември, соопшти саудиското Министерство за надворешни работи.

Најмалку две лица загинаа во нападот, од кои едно дете, додека повеќе од 60 лица се повредени. Од нив, 15 претрпеле многу сериозни повреди, рекоа официјални лица.

Полицијата го уапси осомничениот за нападот, кој со изнајмен автомобил со полна брзина влетал во толпа луѓе.

Германски функционер го опиша осомничениот како лекар од Саудиска Арабија кој дејствувал сам. Осомничениот наводно има 50 години и со години живее во Германија.

Тамара Зиешанг, министерка за внатрешни работи, рече дека човекот бил во Германија од 2006 година и бил постојан жител.

Во соопштението на властите од Саудиска Арабија не се споменува осомничениот, кој не бил ни регистриран како радикален исламист во германските записи.

Германскиот канцелар Олаф Шолц, кој изрази загриженост за инцидентот, денеска (21 декември) ќе го посети Магдебург.

Напад со дронови во рускиот град Казан

Пожар во станбена зграда во Казан откако беше погодена со дрон.
Пожар во станбена зграда во Казан откако беше погодена со дрон.

Во напад со беспилотни летала погодени се висококатници во Казан, главниот град на руската република Татарстан, што предизвика привремен прекин на летовите од тамошниот аеродром.

Татарско-башкирскиот сервис на Радио Слободна Европа (РСЕ) јави дека властите на Татарстан соопштија оти утрото на 21 декември Казан бил нападнат со осум дронови, а најмалку пет од нив погодиле станбени згради.

Руското Министерство за одбрана тврди дека беспилотните летала биле од украинско потекло, додека украинските власти не дадоа никаков коментар.

Според соопштението од канцеларијата на градоначалникот на Казан објавено на апликацијата Телеграм, дроновите гаѓале станбени области во три делови на градот.

Снимките на социјалните мрежи покажуваат неколку случаи како беспилотни летала удираат во висококатници, по што избувнува пожар.

Евакуирани училишта

Учениците биле евакуирани од училиштата во Казан и во градот се слушаат сирени, пренесува татарско-башкирскиот сервис на РСЕ.

Нема официјално соопштение за евентуални жртви.

Според информациите на Интерфакс, градоначалникот на Казан, Илсур Метшин, изјавил дека луѓето од погодените згради се евакуирани и им се обезбедува сместување и храна.

Казан се наоѓа на околу 800 километри источно од Москва.

Во соопштението, руското Министерство за одбрана наведе дека „украинско беспилотно летало е уништено над територијата на Република Татарстан од страна на дежурните сили за воздушна одбрана“.

Руската Федерална агенција за воздушен транспорт објави дека „на 21 декември утрото на аеродромот во Казан биле воведени привремени ограничувања со цел да се обезбеди безбедност на цивилните летови. Пристигнувањата и полетувањата се прекинати“.

Украинските напади со беспилотни летала претходно беа насочени кон руски воени и индустриски локации во регионот.

Претходно, на 15 мај локалните власти исто така на неколку часа затворија два главни аеродроми – еден во Казан и друг во градот Нижнекамск, „од безбедносни причини“ откако беше извршен напад со дронови. Руското Министерство за одбрана и тогаш соопшти дека е соборен „украински дрон“ над Татарстан.

Во април, украински беспилотни летала погодија рафинерија за нафта во Татарстан и студентски дом во специјалната економска зона Алабуга во Јелабуга, каде што се сместени повеќе од 20 индустриски претпријатија, вклучувајќи хемиски, машински инженеринг и фабрики за обработка на метали. Таму, наводно, се наоѓа и објект за производство на дронови.

Поголемиот дел од Скопје е без вода

Илустрација.
Илустрација.

Поголемиот дел од Скопје од раните утрински часови денеска (21 декември) е без вода поради најавената сложена санација на главниот цевковод. Затворен е еден од двата главни вентили, а вода нема во најголемиот дел од населбите од десната страна на реката Вардар.

Од јавното градско претријатие „Водовод и канализација“ уверуваат дека санацијата ќе трае најмногу 15 часа.

„Главна цел на овој Оперативен план е подобрување на водоснабдувањето и притисокот во Општина Ѓорче Петров и Карпош, со репарација на 6 сегменти каде во изминати децении се нотирани огромни загуби вода“, велат од „Водовод и канализација“.

Градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска, во пресрет на оваа операција уверуваше дека прекинот на вода ќе биде како и при секоја редовна санација.

„Техничките лица на јавните скопски претпријатија се подготвени согласно планот да направат што е можно во пократок рок, така што за истото нема да има никаква потреба од дотур на вода, затоа што нема да трае ништо повеќе од една редовна санација на кој било дефект што го имаме во градот“, рече Арсовска.

Градоначалничката посочи дека ваква санација се случува една на 50-60 години и обвини дека претходните градски власти го одложувале овој зафат повеќе од една деценија.

Вода во Скопје има само во неколку населби: Чаир Бутел, Радишани, Визбегово, Бардовци, Железара, Сарај, Шуто Оризари, Топанско Поле, Новоселски пат, Даме Круев, Кисела Јабука, Стопански двор, Волково, Орман и делови од Ѓорче Петров.

Поради најавениот прекин, изминативе денови беше забележана зголемена продажба на вода во маркетите, а Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) излезе и со препораки.

ИЈЗ им препорача на граѓаните да складираат вода најмногу по четири литри по лице на ден, да користат средства за дезинфекција на раце, да готват оброци кои не бараат многу вода за подготовка и миење…

На Клиниката за хируршки болести „Свети Наум Охридски“ и на ТОАРИЛУЦ, пак, непречено ќе се реализираат само најитните интервенции. Директорите на двете установи во изјава за државната агенција МИА информираа дека се преземени сите неопходни чекори за да нема застој кај итните интервенции.

Дел од угостителските објекти во Скопје, пак, обезбедуваа резерви на вода, а некои најавија и дека нема да работат.

Најмалку две лица загинаа, а 68 се повредени откако автомобил влета на германски божиќен пазар

Полицијата и возилата на брзата помош стојат веднаш до божиќниот пазар, каде што автомобил влета во толпата и повреди меѓу речиси 70 луѓе, според портпаролот на локалната спасувачка служба, на 20 декември 2024 година во Магдебург, источна Германија.
Полицијата и возилата на брзата помош стојат веднаш до божиќниот пазар, каде што автомобил влета во толпата и повреди меѓу речиси 70 луѓе, според портпаролот на локалната спасувачка служба, на 20 декември 2024 година во Магдебург, источна Германија.

Автомобил влета во прометниот отворен божиќен пазар во источниот германски град Магдебург во петокот, при што најмалку две лица загинаа, а најмалку 68 луѓе се повредени при нападот.

Возачот на автомобилот е уапсен, јавувува германската новинска агенција ДПА, повикувајќи се на неидентификувани владини претставници во покраината Саксонија-Анхалт.

Осомничениот се верува дека има околу 50 години и дека дошол од Саудиска Арабија.

Портпаролот на регионалната влада Матијас Шупе и портпаролот на градот Мајкл Реиф изјавија дека се сомневаат дека тоа е намерно дело.

„Сликите се страшни. Моите информации се дека автомобил влета во посетителите на божиќниот пазар, но сè уште не можам да кажам од која насока и до каде“,рече Реиф.

Автомобилот влета во маркетот околу 19 часот, кога беше зафатено со празнични купувачи кои со нетрпение го чекаа викендот.

„Ова е ужасен настан, особено сега во деновите пред Божиќ“, рече гувернерот на Саксонија-Анхалт, Рајнер Хаселоф.

Болницата во Магдебург соопшти дека згрижила околу 20 пациенти, но се подготвува за повеќе.

Германскиот канцеларо Олаф Шолц на социјалната платформа Х порано позната како Твитер изрази сочуство до загинатите.

„Моите мисли се со жртвите и нивните роднини. Ние стоиме покрај нив и покрај луѓето од Магдебург“, напиша тој.

Магдебург, кој е западно од Берлин, е главен град на покраината Саксонија-Анхалт и има околу 240.000 жители.

Пред осум години на истиот ден се случи напад на божиќниот пазар во Берлин. На 19 декември 2016 година, исламски екстремист со камион уби 13 луѓе и повреди десетици други. Напаѓачот беше убиен неколку дена подоцна во престрелка во Италија.

Германската министерка за внатрешни работи Ненси Фезер кон крајот на минатиот месец изјави дека нема конкретни индиции за опасност за божиќните пазари оваа година, но дека е мудро да се биде внимателен.

Божиќните пазари се огромен дел од германската култура како годишна празнична традиција која се негува уште од средниот век и успешно се извезува во поголемиот дел од западниот свет. Само во Берлин, повеќе од 100 маркети беа отворени кон крајот на минатиот месец и донесоа мириси на варено вино, печени бадеми и колбаси во главниот град.

Италија ја казни американската фирма ОпенАИ со 15 милиони евра

Илустрација
Илустрација

Американската компанија ОпенАи ( OpenAI) доби казна од 15 милиони евра од италијанската агенција за заштита на податоците. Поводот за казната е завршената истрага, во која Агенцијата заклучила дека популарниот чет-бот ChatGPT кој е во сопственост на оваа компанија за вештачка интелегенција собира лични податоци од корисниците.

Агенцијата уврдила дека американската компанија ги користела личните податоци на корисниците за обука на ChatGPT „без соодветна правна основа“ и со тоа ги прекршила принципите на транспарентност, нанесувајќи штета на корисниците.

Американската компанија ја оцени одлуката на италијанската агенција како „диспропорционална“ и најави жалба.

„Во 2023 година, кога ни наредија да го прекинеме работењето на ChatGPT во Италија, соработувавме со нив за да го обновиме неговото функционирање еден месец подоцна. Потоа го признаа нашиот водечки пристап во индустријата за заштита на податоци при користење на вештачка интелигенција, но сепак, оваа казна е 20 пати поголема од приходите што ги остваривме во Италија за релевантниот период“, се вели во соопштението на американската компанија.

Во него е посоечно дека компанијата ќе продолжи да соработува со надлежните органи во светот за да нуди корисна вештачка интелигенција која ги почитува правилата за приватност.

Истрагата, која започната минатата година, утврдила и дека OpenAI нема соодветен систем за проверка на возраста на корисниците, што овозможува деца помали од 13 години да бидат изложени на несоодветни содржини генерирани од вештачката интелигенција.

Агенцијата му наложи на OpenAI да спроведе шестмесечна информативна кампања во различни италијански медиуми за да ја информира јавноста за тоа како функционира ChatGPT, особено во врска со собирањето податоци.

Популарноста на генеративните системи за вештачка интелигенција, како чет-ботот ChatGPT, привлече внимание од регулаторните тела ширум светот.

Регулаторите во САД и Европа спроведуваат истраги за OpenAI и други компании кои одиграа клучна улога во „бумот“ на вештачката интелигенција, додека владите ширум светот работат на правила за заштита од ризиците што ги носат овие системи, јавува новинската агенција Асошиетет прес.

Двајца Македонци уапсени на бугарска граница за шверц на 137 килограми марихуана

Бугарски цариници пронашле 137 килограми марихуана во два камиони со македонски регистарски таблички
Бугарски цариници пронашле 137 килограми марихуана во два камиони со македонски регистарски таблички

Во два камиони со руда наменети за Турција, двајца македонски државјани пробале да пренесат 137 килограми марихуана на бугарска граница. Бугарската гранична полиција соопшти дека на преминот Ѓуешево, најголемиот граничен премин на македонско- бугарската граница на планината Осогово, биле сопрени два камиони со македонски регистарски таблички.

Според соошшението од бугарската царина, на 18 декември годинава, камионите официјално превезувале руда до Турција. Марихуаната била пронајдена при темелен царински преглед.

„Во приколката од втората композиција пронајдени се специјално прилагодени скривалишта - шуплини во дрвени попречни штици (хоризонтални странични прегради). Пронашле 320 пакетчиња со наркотичната супстанца - марихуана. Вкупната тежина на предметот на кривичното дело е 137.045 кг“, е наведено во соопштението од бугарската царина.

Обвинителството во Ќустендил отвори предистражна постапка за нелегална трговија со дрога против македонските државјани со иницијали. Нив им е одреден притвор од 72 часа, додека се чека одлуката од Судот за определување на мерка притвор.

Австриец уапсен на хрватска граница при обид да „прошверцува“ почината 83- годишна жена

Хрватска гранична полиција, архивска фотографија
Хрватска гранична полиција, архивска фотографија

Хрватските власти уапсија австриски државјанин под сомнение дека се обидел да прошверцува почината жена. Тој бил запрен на граничен премин со мртва жена која била сместена на совозачкото седиште во неговиот автомобил, соопшти полицијата во вторникот.

„65-годишниот маж беше запрен на граничниот премин Гуња со Босна и Херцеговина кон крајот на ноември, откако приложи патни исправи за себе и за друг патник“, беше наведено во полициското соопштение.

Полицајците се посомневале откако забележале дека патничката „не била свесна и не комуницирала“. Полицијата повикала судски вештак на местото на настанот, кој констатирал дека сопатничката е мртва.

Властите соопштија дека 83-годишната жена починала, а 65 годишниот возачот се обидел да го однесе нејзиното тело во Австрија за да „избегнат формалности поврзани со транспортот на починатите, велат од полицијата.

Полицијата не даде детали за односот меѓу двајцата, но локалните медиуми го опишаа човекот како законски старател на починатиот.

Полицијата соопшти дека случајот е формално предаден на обвинителите во земјата.

МНР му врачи протестна нота на рускиот амбасадор

Рускиот амбасадор во Скопје, Сергеј Бездникин
Рускиот амбасадор во Скопје, Сергеј Бездникин

Македонското министерство за надворешни работи му врачи протестна нота на рускиот амбасадор во Скопје Сергеј Баздникин, поради нанесената материјална штета при рускиот напад на Киев, на македонската амбасада во Украина.

Баздникин попладнево бил повикан во во Мистерството за надворешни работи и надворешна трговија (МНР) каде му беше врачена протестна нота.

„На рускиот амбасадор му беше врачена протестна нота со која се изразува силна осуда и протест за нанесената материјална штета од ракетниот напад на руските армиски сили врз Киев, при кој беше погодена и Амбасадата на Република Северна Македонија“, е наведено во соопштението од МНР.


Претходно, МНР информираше дека при нападот нема повредени меѓу дипломатскиот персонал, но е причинета материјална штета на Амбасадата.

„Од страна на надлежните служби е извршен првичен преглед на штетите на лице место и веќе се работи на нивно санирање“, соопшти Министерството.


Рускиот ракетен напад врз зграда во Киев, во која се сместени шест странски дипломатски претставништва, меѓу кои и македонската амбасада во Украина, го осуди и Европската комисија.

„Овој напад уште еднаш покажува дека криминалната природа на (рускиот претседател Владимир) Путин претставува опасност за Украина, за ЕУ и за нашата севкупна безбедност“, изјави портпаролката на Европската комисија за надворешни работи и безбедносна политика Анита Хипер.

Хипер одговарајќи на новинрското прашање дали Европската Комисија има намера да вложи дипломатски протест до Русија, затоа што меѓу тие шест земјие, една е членка на ЕУ, кусо одговори дека Комисијата „ќе ја процени ситуацијата и ќе реагира“.

Украина изврши смртоносен ракетен напад врз рускиот регион Курск на 20 декември, само неколку часа откако Русија изврши масовен воздушен напад врз Киев за време на шпицот во кој загина едно лице и оштетена историска катедрала и други згради во главниот град, вклучително и шест амбасади.

Киев беше само една од неколкуте цели во масовните руски воздушни напади низ Украина на 20 декември.

Напаѓачот од Загреб откако убил седумгодишно дете и ранил пет други, пробал да се самоубие

Напад во училиште во Загреб
Напад во училиште во Загреб

Хрватската Влада донесе одлука утре да биде Ден на жалост поради трагедијата во Основното училиште Пречко во Загреб, при што е убиено седумгодишно дете, седум други се ранети од кои пет деца и двајца возрасни.

Во Основното училиште Пречко во Загреб денеска 19-годишно момче со нож нападна учителка и неколку ученици. Од здобиените повреди почина едно дете, а пет деца кои се ранети се хоспитализирани.

„Нападот го извршил 19-годишен маж кој десет минути подоцна бил уапсен кога полицијата го спречила да се самоубие“, хрватски Министерот за внатрешни работи Давор Божиновиќ.

Тој додаде дека насилникот бил ученик во тоа училиште и живеел во близина на училиштето.

Напаѓачот набрзо по нападот побегнал и криејќи се во тоалетот во блиска болница се обидел да се самоубие со ножот, нанесувајќи си неколку убодни рани во вратот. Полицијата го спречила и тој сега е под полициски надзор во болницата, јавува Хрватската радио телевизија.

„Се утврдуваат околностите и динамиката на овој настан“, рече Божиновиќ, додавајќи дека истрагата и другите дејствија што ги спроведува полицијата, како информативни разговори и одземање на снимките од надзорните камери, се во тек.

Полска револтирана од унгарската одлуката за азил за политичар обвинет за корупција

Шефот на канцеларијата на унгарскит претседател Виктор Орбан, Гергели Гуљас,
Шефот на канцеларијата на унгарскит претседател Виктор Орбан, Гергели Гуљас,

Полска го повика унгарскиот амбасадор поради одлуката на Будимпешта да му даде политички азил на полски опозициски политичар кој се бара поради наводна корупција за време на неговиот мандат во претходната полска влада.

Варшава беше огорчена од одлуката на Унгарија да му даде политички азил на опозиционерот Марчин Романовски. Одлуката, објавена од кабинетот на унгарскиот премиер на 19 декември, ја обвини полската влада за прогон на нејзините политички противници.

Полска го нарече потегот „непријателски чин“ што се коси со принципот на лојална соработка меѓу членките на Европската унија.

„Како одговор на оваа акција, унгарскиот амбасадор во Полска денеска ќе биде повикан во Министерството за надворешни работи, каде што ќе добие официјална протестна нота“, соопшти Министерството на 20 декември.

Министерството, исто така, соопшти дека доколку Унгарија не ги почитува со своите обврски од ЕУ, Полска ќе побара од Европската комисија да одговори.

Владата на полскиот премиер Доналд Туск соопшти дека ја отвори вратата за обвинителите да ги истражат сомнителните неправилности извршени за време на мандатот на националистичката партија Право и правда, која владееше со земјата осум години до 2023 година и кои беа прикриени.

Туск рече дека е вознемирен од одлуката на Унгарија да засолни човек кој се бара поради сомневање дека ја измамил државата.

„Не очекував дека корумпираните политичари кои бегаат од правдата ќе можат да изберат меѓу [белорускиот авторитарен лидер Алаксандар] Лукашенко и [унгарскиот премиер Виктор] Орбан“, рече Туск на 20 декември.

Неговото повикување на Лукашенко очигледно беше поврзано со случајот за полскиот судија кој побегна во Белорусија.

Романовски беше приведен за време на истрагата, но ослободен во јули. Тој ги негира обвиненијата против него. Преку неговиот адвокат, тој тврдеше дека е жртва на политичка одмазда од владата на Туск.

Шефот на канцеларијата на Орбан, Гергели Гуљас, рече дека одлуката на унгарските власти е во согласност и со домашното и со законодавството на Европската унија.

Тој рече дека апсењето на Романовски покрена сериозна загриженост за фер третман и политичка пристрасност во судски постапки во Полска.

Полските опозициски пратеници, вклучително и Романовски, ја обвинија владата на Туск дека спроведува политички мотивиран лов на вештерки против нив.

Романовски изјави за полската телевизија ТВ Република дека мисли дека фактот што Унгарија му дала азил потврдува дека „ние се занимаваме со политички прогон во Полска“.

Портпаролот на Европската комисија одби да коментира за конкретниот случај, но нагласи дека земјите-членки на ЕУ се обврзани да ги спроведуваат европските налози за апсење.

Вчитај повеќе

XS
SM
MD
LG