Пречекани посмртните останки на жртвите од несреќата во Бугарија
Телата на 45 жртви од автобуската несреќа во Бугарија денеска пристигнаа на аеродромот во Скопје. На церемонијата присуствуваше државниот врв и преставници од Косово, Албанија и Бугарија. Посмртните останки потоа беа префрлени до нивното вечно почивалиште. Граѓаните им одаваа почит на жртвите на плоштадот Скендербег во Скопје.