Достапни линкови

Не дозволуваме Срби: повторно отворени раните од војната во Косово


Драгица Гашиќ, се врати во Ѓаковица, 21 година по војната на Косово
Драгица Гашиќ, се врати во Ѓаковица, 21 година по војната на Косово

Драгица Гашиќ e првиот српски повратник во Ѓаковица чии жители, претежно муслимани, страдаа за време на етничките борби кон крајот на 90-тите години. Не траеше долго. Беким Бислими, Сандра Цветковиќ и Енди Хејл

Драгица Гашиќ го нарече „исполнета желба“. Во почетокот на минатиот месец, таа стана првиот српски повратник во Ѓаковица од војната во 1998-1999 година.

Но, до 30 јуни, по неколку недели малтретирање од нејзините соседи етнички Албанци, Гашиќ се повлече во имотот на нејзината сестра во близина на нивниот дом од детството оддалечен околу 30 километри. Таа побегнала откако полицијата ја спречила да постави безбедносна врата на нејзиниот стан.

Столтенберг: Најважно за Косово е да најде политичко решение со Србија

И да не беше полициската заштита што ја доби неколку дена по нејзиното пристигнување, наведува Гашиќ, можеби немало да излезе жива од градот.

Сега, Гашиќ се врати во нејзиниот старо-нов дом во Ѓаковица и се подготвува за законски последици, бидејќи официјални претставници поднесоа тужба за поништување на нејзината наемнина за станот, а е поттикната и петиција за да ја задржат неа, но и другите етнички Срби надвор од нивната средина.

„Ја известив полицијата дека доаѓам, полицијата дојде и станот беше во ред, никој ништо не допре“, рече таа за РСЕ по нејзиното последно доаѓање на 8 јули. „Полицијата ме праша дали имало какви било проблеми, реков дека нема. Значи, само што дојдов. Засега нема проблеми“.

Нејзиниот случај во најновата независна држава во Европа ги нагласува тешките малцински прашања во регионот опустошен од етнички разгорени војни во 90-тите години на минатиот век, кои остануваат пречка за помирувањето на Балканот.

Исто така, се засилува меѓународната загриженост дека земјите наследнички на поранешна Југославија остануваат заложници на непријателства што можат да оживеат и да ја загрозат европската иднина. Гашиќ за РСЕ изјави дека Канцеларијата за косовски работи во соседна Србија ќе ѝ помогне во судската битка да го задржи станот во Ѓаковица.

Поголеми прашања

Гашиќ првично дошла во Ѓаковица кога имала само 18 години и вели дека таму ги поминала најдобрите години од животот. Оние што ја клеветат пак велат дека таа работела полициските сили на Србија за време на војната.

Таа вели дека била само чистачка. „Знам дека никогаш не сум направила ништо лошо на никого. Тука родив две деца“, рече Гашиќ за нејзините две децении во Ѓаковица.

Курти - Здружување по етничка основа е надвор од Уставот на Косово

Нејзиниот случај брзо се најде во српската влада, која сè уште не ја признава независноста на Косово и ја прошири јавната поддршка на Гашиќ - наводно, вклучувајќи ја и нивната донација за безбедносната врата што полицијата во Ѓаковица ја конфискуваше наместо да дозволи истата да биде монтирана.

Шефот на канцеларијата на српската влада за Косово Петар Петковиќ, по средбата со Гашиќ на 28 јуни, вети дека Србија и претседателот Александар Вучиќ „ќе сторат се што е можно за да ѝ се овозможи достоинствен, човечки живот на Драгица Гашиќ“.

Петковиќ подоцна рече дека случајот на Гашиќ е отворен на состанокот на бриселскиот дијалог насочен кон нормализирање на односите меѓу Белград и Приштина, потенцирајќи го неговиот потенцијал за зголемување на регионалните тензии.

Горан Ракиќ, косовски министер за враќање и заедници, го нарече случајот „срамен и неприфатлив“. „Во 21 век, ваквиот третман на повратниците и процесот на враќање е очигледна намера целосно да се запре процесот и да се направи бесмислен“, напиша Ракиќ преку Фејсбук.

Главно останете подалеку

Многу етнички Срби заминаа за време или по војната во 1998-1999 година, што вклучи и бомбардирање на НАТО врз југословенски цели и воведе привремена администрација на ОН.

УНХЦР вели дека скоро 29.000 доброволни бегалци - односно неетнички Албанци - се вратиле во Косово од 1999 година. Овие бројки се зголемија во годините околу декларацијата за суверенитет на Приштина во 2008 година од Србија, но оттогаш се спуштија на помалку од 500 повратници годишно.

Министерството за правда на Србија: Косово останува во српскиот Устав

Нејасно е колку од нив се етнички Срби, а косовската влада не одговори на прашањата на РСЕ за плановите за враќање на раселените Срби на Косово.

Но, според сите локални пресметки, Гашиќ е првата што се вратила во Ѓаковица. Таа се врати на 6 јуни, откако Агенцијата за имотите на Косово го одобри и спроведе нејзиното долгогодишно барање за иселување на сегашните станари на нејзиниот стар стан, за да може да ѝ дозволи таа сама да живее таму. Таа беше пречекана со локален гнев и конфронтација.

Гашиќ рече дека била вербално малтретирана, а на нејзината врата ѝ биле обесени знаци и слики, и удриле на вратата, па дури тврдеше дека дури било и стрелано.

„Навистина немам зборови. Зошто би се вратила во мојот стан ако не мислам да останам тука? „Зборувам албански јазик. Затоа, немој да ме малтретираш“, рече таа за РСЕ минатиот месец, пред да избега од постојаното малтретирање.

Градоначалникот на Ѓаковица Адријан Ѓини, изјави за локалните медиуми дека Гашиќ го регистрирала предметниот стан како свој во 1997 година. Во алузија на етно-националистичкото насилство што се подготвуваше пред војната, Ѓини тој период го нарече спорен.

Градоначалникот рече дека, иако ја разбира тагата на роднините на исчезнатите лица, тој разговарал со полицијата за обезбедување мир и спорот ќе мора да се решава по законски канали.

Исто така, има притисок од групи како што е Центарот за хуманитарно право на Косово, независна група со седиште во Приштина, која ја промовира правдата за да придонесе за градење мир и држава.

Ветераните на ОВК на протест во Косово поради „напуштање на националните вредности“

Секое раселено лице заслужува право да се врати во својот имот и во претходниот дом, доколку тоа го избере, вели Беким Блакај од овој Центар.

„Јас целосно ги разбирам семејствата на жртвите во Ѓаковица и разбирам дека во Ѓаковица има исклучително голем број убиени и исчезнати и дека нивните семејства сè уште не ја виделе правдата. Како и да е, враќањето на лицата во нивните сопствени имоти, во сопствените станови, не треба да биде условено со ништо“. изјави Блакај за РСЕ.

„Раните сè уште се отворени“

Претежно муслиманските жители на Ѓаковица страдале сериозно за време на конфликтите во 20 век, од Првата балканска војна до масовните протерувања и убиства наведени на судењето за воени злосторства на поранешниот југословенски претседател Слободан Милошевиќ.

Околу 6.500 лица сè уште се водат како исчезнати по герилската војна на Косово за независност од Србија во 1998-99 година. Откриено е дека во масовни гробници во Косово и во Србија има околу 70 проценти од остатоците на тие лица. Но, уште околу 1.600 лица, повеќето етнички Албанци, сè уште се водат за исчезнати.

Во нив спаѓаат и околу 1.000 жртви од Ѓаковица. Роднините на некои од исчезнатите Албанци се огорчени поради враќањето на Гашиќ. Вкупно, 11 невладини организации во општината се обврзаа на петиција за да осигурат дека Гашиќ треба да биде принудена да си замине.

Некои од нив се обидоа да организираат протест пред нејзиниот стан кон крајот на минатиот месец, но ги напуштија овие планови по разговорите со градоначалникот Ѓини.

Кабинетот на Ѓини во повеќе наврати одбиваше да одговори на прашањата на РСЕ за случајот, но тој, наводно, им рекол на демонстрантите дека Гашиќ не е во станот. Подоцна, Гашиќ потврди дека привремено го напуштила станот на 30 јуни поради страхување за нејзината безбедност.

Нисрет Кумнова, која ја претставува групата за поддршка на жени кои изгубиле сопрузи или деца во војната наречена Мајчински повици, инсистира на тоа дека нема да дозволат ниту еден Србин да се пресели во Ѓаковица.

„Таа нема да живее овде. Сите Срби извршија злосторства и раните се отворени“, рече Кумнова за РСЕ. Кумнова сè уште трага по нејзиниот син, кој беше киднапиран од неговиот дом заедно со уште петмина други од српските сили во 1999 година. Некои од нив се идентификувани во масовна гробница. „И таа да дојде тука да живее? Ние не дозволуваме ниту еден Србин да се врати тука“, рече Кумнова.

  • 16x9 Image

    Гоце Атанасов

    Со новинарство започна да се занимава за време на студиите по новинарство во Скопје. Работел во Млад борец, Нова Македонија, Македонската радио телевизија, А1 телевизијата и во Дојче Веле, а во Радио Слободна Европа е од започнувањето на емитувањето на македонски јазик.

XS
SM
MD
LG