Вести
Инспекторите спровеле 6038 надзори и контроли
![Угостителски објекти во Скопје во пандемија](https://gdb.rferl.org/e3c42186-3b56-4b87-84eb-b8f9bb4de5e2_w250_r1_s.jpg)
Инспекциските служби откако се воведоа рестриктивните анти -ковид мерки пред една недела спровеле 6.038 надзори и контроли и при тоа изречени се вкупно 25 прекршочни пријави, 107 решенија за констатирани неправилности како и 67 прекршочни платни налози.
Државниот здравствен и санитарен инспекторат во текот на минатата недела извршил 90 надзори врз основа на кои се изречени 15 решенија.
Од 1 март затворени се вкупно 36 угостителски објекти поради прекршување на здравствените протоколи и закони, односно поради организирање на прослави, свадби, настани непочитување на ограничувањето на број на маса, групирање и слично. Од 7 април, со одлука на Владата, се затворени сите угостителски објекти, освен они кои работат со достава или со шалтер-систем.
Државниот пазарен инспекторат, минатата недела, извршил 4.591 контроли и 623 надзори поврзани со почитувањето на протоколите за работа на угостителските објекти.
Протоколите за превоз на патници не биле почитувани во три случаи. Станува збор за меѓународен превоз на патници и тоа на граничниот премин Табановце за што поднесени се три прекршочни пријави, истакна претседателката на Инспекцискиот совет.
Инспекторатот за труд извршил 397 надзори, а изречени се 22 решенија, од кои 19 поради непочитување за протоколот за превентивни мерки за сите работни места и два прекршочни платни налози за вработени лица коишто биле затечени без заштитна маска на работно место, изјави на денешната прес-конфернеција претседателката на Инспекцискиот совет Магдалена Филиповска Грашкоска.
Таа информираше дека Агенцијата за лекови и медицински помагала спровела 13 надзори во различни аптеки и не констатирале никакви неправилности.
Агенцијата за храна и ветеринарство извршила 292 надзори при што се издадени девет решенија и 14 едукации по различни основи.
Државниот инспекторат за животна средина, пак, извршил 43 надзори при што за утврдените неправилности од страна на инспекторите биле донесени седум решенија.
види ги сите денешни вести
Рубио: Хамас мора да се искорени
![Американскиот државен секретар Марко Рубиo и израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху дадоа заедничка изјава за медиумите во канцеларијата на премиерот во Ерусалим на 16 февруари 2025 година](https://gdb.rferl.org/6092bf81-efbd-4c2f-9e18-9929e7e9557d_w250_r1_s.jpg)
Американскиот државен секретар Марко Рубио на 16 февруари целосно ги поддржа воените цели на Израел во Појасот Газа, велејќи дека Хамас „мора да се искорени“ и ставајќи ја иднината на несигурниот прекин на огнот во дополнителен сомнеж, јавува новинската агенција Асошиетет прес.
Рубио се состана со израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху во Ерусалим на почетокот на регионалната турнеја. До оваа посета дојде откако пред десет дена американскиот претседател Доналд Трамп соопшти план без детали со кој е предвидено да го пресели палестинското население од Појасот Газа и да го развие под американска сопственост.
Нетанјаху го поздрави планот и рече дека тој и Трамп имаат „заедничка стратегија“ за иднината на Газа. Повторувајќи го Трамп, тој рече дека „портите на пеколот ќе бидат отворени“ доколку Хамас не ослободи десетици преостанати заложници киднапирани во нападот на 7 октомври 2023 година што ја предизвика војната.
Нивните забелешки дојдоа само две недели пред да заврши првата фаза од прекинот на огнот. За втората фаза, во која Хамас треба да ослободи десетици преостанати заложници во замена за повеќе палестински затвореници, трајно примирје и повлекување на израелските сили, допрва треба да се преговара.
САД и ЕУ ја карактеризираат палестинската исламистичка група Хамас како терористичка организација.
Рубио рече дека Хамас „не може да продолжи како воена или владина сила“.
„Сè додека стои како сила што може да владее, или како сила што може да управува, или како сила што може да се заканува со употреба на насилство, мирот станува невозможен. Мора да се искорени“, изјави Рубио.
Таквата реторика би можела да ги искомплицира напорите за продолжување на разговорите со Хамас, кој, и покрај големите загуби во војната, останува недопрен и под своја контрола ја има Газа.
Во меѓувреме, израелската војска соопшти дека извршила воздушен напад рано во неделата врз луѓето кои се приближиле до нејзините сили во јужниот дел на Газа. Властите во Хамас соопштија дека во нападот загинале тројца нејзини полицајци додека го обезбедувале влезот на камиони со помош во близина на Рафах, на границата со Египет.
Хамас рече дека нападот е „сериозно кршење“ на примирјето и го обвини Нетанјаху дека се обидува да го саботира договорот.
Продолжувањето на војната би можело да биде смртна казна за преостанатите заложници и можеби нема да успее да го уништи Хамас, кој го преживеа 15-месечниот напад на Израел и брзо ја врати контролата над Газа кога минатиот месец се одржа прекинот на огнот.
Српскиот министер за надворешни работи најави дводневна посета на Москва
![Архивска фотографија, српскиот министер за надворешни работи Марко Ѓуриќ во Белград, 14 септември 2024 година.](https://gdb.rferl.org/0d6cdb57-a52e-4eb7-ad21-f2d0206dea51_w250_r1_s.jpg)
Српскиот министер за надворешни работи Марко Ѓуриќ на 17 и 18 февруари ќе престојува во официјална посета на Руската Федерација, каде во Москва ќе се сретне со министерот за надворешни работи на земјата Сергеј Лавров, соопшти на 16 февруари српското Министерство за надворешни работи.
„За време на престојот во Москва, шефот на српската дипломатија ќе има одвоени средби со заменик-претседателот на Советот на федерацијата на Федералното собрание на Руската Федерација Константин Јосифович Косачов, како и со заменик-претседателот на Државната дума на Федералното собрание на Руската Федерација Пјотр Толстој“, соопшти српското МНР.
Србија е една од ретките европски земји што одржува блиски односи со Русија, откако Кремљ пред речиси три години започна инвазија на соседна Украина.
И покрај повиците од Европската унија, кон чие членство има Србија, официјален Белград одбива да воведе санкции кон Руската Федерација.
Србија е речиси целосно зависна од рускиот гас и потпиша договор со Азербејџан дури на крајот на 2023 година за купување 400 милиони кубни метри природен гас годишно.
Нафтената индустрија на Србија (НИС) е ставена на листата на санкции на САД поради сопственичкиот удел во руската компанија Газпром Нефт.
Компанијата беше санкционирана поради таканаречениот „секундарен ризик“, односно поради поврзаноста со Гаспром Нефт.
Српскиот претседател Александар Вучиќ побара од Владата да формира тимови за преговори со руски и американски претставници во врска со санкциите против НИС.
Нетанјаху ја пофали „храбрата“ визија на Трамп за Газа, откако во посета на Израел пристигна Рубио
![Американскиот државен секретар Марко Рубио и израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху дадоа заедничка изјава за медиумите во канцеларијата на премиерот во Ерусалим на 16 февруари 2025 година.](https://gdb.rferl.org/6092bf81-efbd-4c2f-9e18-9929e7e9557d_w250_r1_s.jpg)
Израел и САД имаат заеднички пристап кон Газа, изјави израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, пофалувајќи ја „храбрата визија“ на претседателот Доналд Трамп за територијата по разговорите на 16 февруари со американскиот државен секретар Марко Рубио, јавува новинската агенција Франс Прес.
Највисокиот дипломат на Вашингтон е во својата прва посета на Блискиот Исток, патување што доаѓа откако Трамп даде предлог, кој беше осуден од пошироката јавност, да ја преземе контролата врз Газа и да ги пресели нејзините повеќе од два милиони жители.
„Разговаравме за храбрата визија на Трамп за иднината на Газа и ќе работиме за да обезбедиме таа визија да стане реалност“, изјави Нетанјаху за новинарите по нивниот состанок, додавајќи дека двајцата лидери имаат „заедничка стратегија“ за иднината на палестинската територија опустошена од војна.
Шемата што Трамп ја претстави претходно овој месец, додека Нетанјаху беше во посета на Вашингтон, немаше детали.
Трамп рече дека Палестинците „живееле мизерно“ во Газа и посочи дека крајбрежната територија би можела да стане „ривиера на Блискиот Исток“, по обновата по повеќе од 15 месеци војна.
Иако Нетанјаху ја поздрави идејата, странските лидери во голема мера ја отфрлија.
Нетанјаху го предупреди Израел „ќе ги отвори портите на пеколот“ во Газа доколку не бидат вратени сите заложници, повторувајќи го Трамп, кој рече дека „пеколот“ ќе избие доколку Хамас не ги ослободи.
Рубио пристигна неколку часа откако Хамас ослободи тројца израелски заложници во Газа во замена за 369 палестински затвореници, шеста размена во рамките на кревкиот прекин на огнот за кој САД помогнаа да посредуваат заедно со Катар и Египет.
Египетскиот претседател Абдел Фатах ал-Сиси во неделата изјави дека формирањето на палестинска држава е „единствената гаранција“ за траен мир на Блискиот Исток.
Рубио треба да ги посети и Саудиска Арабија и Обединетите Арапски Емирати.
Во текот на ноќта, Израел соопшти дека примил пратка со бомби од американско производство, откако претходната администрација на Бајден блокираше пратка со тешкa муниција.
Хамас и Израел ја спроведуваат првата, 42-дневна фаза од прекинот на огнот, кој започна на 19 јануари, но речиси пропадна минатата недела.
Израел го предупреди Хамас дека мора да ослободи тројца живи заложници до викендот или ќе се соочи со обновени борби.
Ослободените заложници, израелско-американскиот заложник Сагуи Декел-Чен (36), потоа израелско-рускиот заложник Саша Трупанов (29) и израелско-аргентинскиот заложник Јаир Хорн (46), се вратија на дома.
Опкружени со вооружени и маскирани борци на Хамас на бината, тие мораа да поминат низ тешко искушение во последен момент да зборуваат пред толпата додека милитантите организираа демонстрација на сила.
Израел ослободи 369 палестински затвореници, главно притворени за време на војната, но и некои кои отслужуваат доживотни затворски казни за напади врз Израелци.
Макрон е домаќин на состанокот на европските лидери за Украина
![Архивска фотографија францускиот претседател Емануел Макрон и украинскиот престедател Володимир Зеленски на средба во Брисел,](https://gdb.rferl.org/177e6ae1-e30d-48a1-90a2-a0950767f46f_w250_r1_s.jpg)
Францускиот претседател Емануел Макрон во понеделник ќе биде домаќин на состанок на европските лидери на кој ќе се разговара за ситуацијата во Украина, изјави францускиот министер за надворешни работи Жан Ноел Баро во неделата за радиото Франс Интер.
Изјавата на Баро доаѓа на еден ден откако специјалниот пратеник на американскиот претседател Доналд Трамп за Украина, Кит Келог, ја шокираше Европа со изјавата дека нема да има место на масата во разговорите за ставање крај на војната меѓу Русија и Украина.
Пет европски дипломати изјавија дека на состанокот ќе присуствуваат Франција, Велика Британија, Германија, Полска, Италија, Шпанија и Данска, кои ги претставуваат балтичките и скандинавските земји, јавува новинска агенција Асошитет Прес.
Се очекува високи претставници на администрацијата на Трамп да започнат мировни преговори со руските преговарачи во Саудиска Арабија во наредните денови, но степенот на украинската вмешаност не е целосно разјаснет.
На Минхенската безбедносна конференција претходниот ден, генералниот секретар на НАТО Марк Руте рече дека Европа мора да излезе со „добри предлози“ за обезбедување мир во Украина, доколку сака да учествува во преговорите.
„Ако Европејците сакаат да кажат, нека се релевантни“, им рече Руте на новинарите.
Шефот на Северноатлантската алијанса рече дека во понеделник ќе биде во Париз на средба.
Британскиот премиер Кир Стармер во саботата рече дека Европа „мора да преземе позначајна улога во НАТО“ и да соработува со САД за да ја „обезбеди иднината на Украина“.
Како дел од какви било „безбедносни гаранции“ за Украина, во Европа започнаа преговори за можно испраќање мировници.
Сепак, овие преговори се само во рана фаза, додека други тврдат дека фокусот треба да биде ставен на зајакнување на украинските сили.
Заврши петнаесетчасовната блокада во Крагуевац
![Протест во Крагуевац](https://gdb.rferl.org/5d0d73d4-7c46-420b-ba8d-8a96406cc456_w250_r1_s.jpg)
Блокадата на централните улици во Крагуевац заврши на 16 февруари, неколку минути по полноќ, откако на повик на студенти се собраа десетици илјади граѓани.
Најфрекфентниот булевар на овој по четврт по големина град во Србија беше блокиран од 9 часот наутро на 15 февруари.
Граѓаните беа повикани на протест од студентите кои веќе два и пол месеци блокираат повеќе од 60 факултети низ Србија, барајќи кривична и политичка одговорност за смртта на 15 лица при уривање на настрешница во Нови Сад.
Во чест на жртвите од трагедијата во Нови Сад, насобраните во 23 часот и 52 минути одржаа петнаесет минутен молк до 12 часот и 7 минути, по што заврши блокадата во Крагуевац.
На блокадата дојдоа актери од Белград, Крагуевац, Сомбор, како и просветни работници од околните места.
На студентите на Универзитетот во Крагуевац на 14 февруари им се придружија бројни колеги кои пеш дојдоа на протестот од Белград, Ниш, Чачак, Нови Пазар, Краљево и други градови, како и оние кои дојдоа со велосипед или трчаа на штафетен маратон.
Насобраните ги носеа знамињата на Србија и нивните факултети, како и бројни транспаренти како „Без револуција нема еволуција“.
Вучиќ: Студентите да ги прекинат блокадите и да се вртат на предавања
Протестот се одржа на Денот на српската државност. Во истиот ден партиски митинг одржа и владејачката Српска напредна партија во Сремска Митровица, околу 180 километри северно од Крагуевац.
Српскиот претседател Александар Вучиќ во своето обраќање на митингот изјави дека во Србија е во тек обид за „обоена револуција“ и ги повика студентите да ги прекинат блокадите и да се вратат на предавањата.
Студентите кои од крајот на ноември блокираа повеќе од 60 факултети низ државата бараат кривична и политичка одговорност за трагедијата во Нови Сад, како и гонење на одговорните за нападите врз нив и врз другите граѓани за време на протестите.
Владата на чело со српскиот претседател Александар Вучиќ тврди дека барањата на студентите се исполнети. Студентите и академската заедница ги отфрлаат овие тврдења.
Пред Крагуевац, студентите организираа 27-часовна блокада на Мостот Слобода во Нови Сад, како и 24-часовна блокада на Автокоманда, сообраќаен центар во Белград.
Повреден пожарникар при гасење на пожарот во Врапчиште
![Илустрација](https://gdb.rferl.org/304b79c1-9178-4e5b-af93-5180e1bbcf31_w250_r1_s.png)
Еден пожарника е повредени при гасење на голем пожар кој доцна синоќа зафати два објекти во општина Врапчиште. На полноќ на 15 феврувари се запалиле два објекта кои се користеле како магацински простор каде се чувал полиестер.
Од противпожарната служба велат дека со три возила и девет пожарникари на терен го гаселе пожарот.
„Се работи за магацин за производство на полиестер кој се состои од три објекти, при што два се целосно изгорени, додека третиот е делумно изгорен“, информираат од Центарот за управување со кризи.
Пожарникарот кој се здобил со повреди за време на интервенцијата пренесен е на Ургентниот центар во Клиничката Болница во Гостивар.
Пожарот е локализиран во 05:30 часот утрово, но на местото сè уште се издига чад поради што ТППЕ Гостивар сè уште се на терен.
Зеленски: Украина не е поканета на разговорите меѓу САД и Русија во Саудиска Арабија
![Украинскиот претседател Володимир Зеленски одржува говор за време на 61. Минхенска безбедносна конференција во Германија на 15 февруари 2025 година.](https://gdb.rferl.org/7cf65d3d-c9bf-45d3-8259-9b9fb385f370_w250_r1_s.jpg)
Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека Киев не е поканет да присуствува на мировните разговори меѓу САД и Русија во Саудиска Арабија за ставање крај на војната на Москва против Украина.
Зборувајќи на 15 февруари, Зеленски, исто така, рече дека Украина нема да разговара со Русија пред да се консултира со своите европски сојузници.
„Немаме никакви документи, никакви покани, и за мене е нешто чудно да зборувам во овој случај, во овој формат, ако претходно немаме никакви преговори меѓу нас и нашите стратешки партнери, а како што се сеќавам, Русија не е наш стратешки партнер“, рече тој за време на конференцијата за безбедност во Минхен .
Неговите коментари дојдоа како американскиот претседател Доналд Трамп испрати висок тим во Саудиска Арабија за да започне преговори со Русија и САД. Оваа информација ја потврдија официјални лица за повеќе медиуми.
Американски официјални лица на 15 февруари им рекоа на новинарите дека државниот секретар Марко Рубио, советникот за национална безбедност на Белата куќа Мајк Волц и преговарачот за Блискиот Исток Стив Виткоф ќе учествуваат во разговорите. Кит Келог, пратеникот на Трамп за Украина и Русија, не се очекува да биде на разговорите.
Не беше јасно кога точно ќе се одржат саудиските состаноци. Рубио пристигна во Израел доцна на 15 февруари, откако отпатува на конференцијата во Минхен.
Висок советник на Зеленски,Михајло Подољак, изјави дека „нема преговарачи кои ќе ја претставуваат Украина во Саудиска Арабија“.
„Денес нема ништо на преговарачката маса за кое би можело да се разговара. Русија не е подготвена за преговори“, изјави тој за украинската телевизија по коментарите на Зеленски на 15 февруари.
Европски самит за војната во Украина во Париз
Одделно, европските лидери се очекува да се соберат следната недела во Париз на итен состанок за војната во Украина.
Самитот е одговор на загриженоста дека Вашингтон продолжува со мировни преговори со цел да се стави крај на војната во Украина што ќе ја остави Европа настрана.
Келог предизвика возбуда во европската јавност кога рече дека Европа можеби нема да биде „на маса“ доколку САД посредуваат во преговорите за ставање крај на руската војна против Украина.
Говорејќи на панелот во Минхен на 15 февруари, Келог посочи дека Вашингтон има за цел да постигне значителен напредок во рок од неколку недели.
Сепак, во услови на загриженост во Киев и во Европската Унија дека тие би можеле да бидат настрана откако Трамп разговараше со рускиот претседател Владимир Путин оваа недела и рече дека Москва и Вашингтон веднаш ќе започнат преговори, Келог рече дека Украина и Европа нема да бидат изоставени.
„Треба да ги донесете сојузниците со вас. Дали тие ќе имаат улога? Се разбира дека имаат. Не можете да го направите тоа со исклучување на никого“, рече тој.
На прашањето дали може да ја увери публиката дека „Украинците ќе бидат на масата, а Европејците ќе бидат на маса“, сепак, Келог одговори: „О, добро, штотуку ја променивте целата динамика“.
„Одговорот на последното прашање...е не“, рече тој, очигледно мислејќи на Европа.
„Одговорот на претходниот дел од тоа прашање е да, се разбира дека Украинците ќе бидат таму“, додаде тој.
Американскиот Стејт Департмент на 15 февруари соопшти дека претходно истиот ден државниот секретар Рубио телефонски разговарал со рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров.
Рубио разговараше со Лавров „како продолжение на разговорот на претседателот Доналд Трамп со рускиот претседател Владимир Путин претходно оваа недела“, се вели во краткото соопштение.
Зеленски и ЕУ против преговори без нив на маса
Зеленски и водачите на ЕУ изразија противење на какви било разговори што би ги исклучиле нивните преговарачи од процесот.
Високата претставничка за надворешна политика на ЕУ, Каја Калас, предупреди на „брзо решение“ и „валкан договор“ за ставање крај на конфликтот, инсистирајќи дека ниту еден мировен договор не може да се спроведе без учество на Европа и Украина.
Таа додаде дека „смирувањето исто така секогаш пропаѓа“ и „Украина ќе продолжи да се спротивставува, а Европа ќе продолжи да ја поддржува Украина“.
Во своето обраќање на конференцијата во Минхен, Зеленски ги повика европските земји да создадат заедничка армија наспроти можните САД. раздружувањето и заканата од Русија.
„Дојде време, вооружените сили на Европа мора да се создадат“, рече тој.
„Ако Американците решија да одат на тој начин, намалувајќи го своето присуство, тоа не е добро, се разбира, тоа е многу опасно“, рече тој, зборувајќи на англиски.
На маргините на конференцијата во Минхен, индустријализираните земји Г7 ја потврдија својата „непоколеблива поддршка за Украина“.
Хамас: Двајца полицајци загинаа во израелски воздушен напад во Газа
![Илустрација](https://gdb.rferl.org/c5eb7af1-1bc7-4ce7-46e2-08dd4a80b3ca_w250_r1_s.jpg)
Хамас соопшти дека во израелски напад во неделата, 16 февруари, загинале двајца полицајци, а уште еден бил ранет во близина на градот Рафах, јужна Газа, еден ден откако Израел и милитантите извршиле размена на заложници и заробеници.
САД и ЕУ ја карактеризираат палестинската исламистичка група Хамас како терористичка организација.
„Двајца полицајци беа убиени, а третиот беше тешко повреден откако израелски воздушен напад беше насочен кон нив додека утринава беа распоредени да пружат помош во областа Ал-Шука, источно од Рафах“, се вели во соопштението на Хамас.
Во соопштението на израелската војска се наведува дека нејзините воздушни сили извршиле воздушен напад врз Газа, чија цел биле „неколку вооружени лица“.
„Порано денеска, неколку вооружени лица кои се движеа кон војниците во јужниот дел на Појасот Газа беа погодени од авион (израелското воздухопловство)“, се вели во соопштението на израелските сили.
Кревкиот прекин на огнот што стапи на сила на 19 јануари меѓу Израел и палестинската исламистичка група Хамас во голема мера донесе пауза во повеќе од 15 месеци борби на крајбрежната палестинска територија.
Оттогаш, Израел изврши уште најмалку еден воздушен напад врз Газа. Таа на 2 февруари соопшти дека еден од нејзините авиони пукал врз „сомнително возило“ во центарот на Газа.
Маскираните милитанти на Хамас му предадоа тројца израелски заложници на Црвениот крст во Газа на 15 февруари, во шестата размена на заложници и заробеници според договорот за прекин на огнот со Израел.
Прекинот на огнот неодамна беше ставен на тест кога Хамас во саботата рече дека нема да ги ослободи израелските заложници, обвинувајќи го Израел за кршење на условите од договорот, особено во однос на влезот на помош.
Како одговор, израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху го предупреди Израел дека ќе продолжи со „интензивните борби“ во Газа доколку Хамас не ги врати заложниците до сабота напладне.
По интензивно посредување на Катар и Египет, во саботата се случи конечната размена на заложници и затвореници.
Шолц:Навални умре во борба за демократија и слобода во Русија
![германскиот канцелар Олаф Шолц](https://gdb.rferl.org/babcdc76-7762-48c2-8c51-27f0a40866fa_w250_r1_s.jpg)
Алексеј Навални почина пред една година на денешен ден, затоа што се бореше за демократија и слобода во Русија,напиша на социјалната платформа Х германскиот канцелар Олаф Шолц на 16 февруари. Тој во својата порака посочи дека рускиот претседател Владимир Путин се бори против слободата и нејзините бранители.
„Работата на Навални беше уште похрабра. Неговата храброст направи разлика и достигнува многу повеќе од неговата смрт“, напиша Шолц.
Навални, главниот противник на Путин кој водеше кампања против владината корупција, почина пред една година додека беше затворен во оддалечена арктичка затворска колонија.
Руските власти никогаш не ја објаснија целосно смртта на Навални, која се случи додека тој се шеташе низ затворскиот двор.
Неговите поддржувачи треба да ја одбележат годишнината од неговата смрт во недела, ризикувајќи одмазда со посета на неговиот гроб во Москва.
Некои руски про-Кремљ канали Телеграма ги предупредија поддржувачите да не одат на гробиштата.
Комеморативни настани ќе се одржат и на други места, како што е Берлин, каде што вдовицата на Навални, Јулија Навалнаја, која живее во егзил заедно со многу други руски дисиденти, ќе ги сподели спомените за нејзиниот сопруг.
Најмалку 18 луѓе загинаа во стампедо во Индија
![Стампедо во Индија на железничка станица во Њу Делхи](https://gdb.rferl.org/61da1b2e-054e-417f-4747-08dd4a80b3ca_cx0_cy10_cw0_w250_r1_s.jpg)
Најмалку 18 луѓе, меѓу кои 14 жени, загинаа во стампедо на железничка станица во главниот град на Индија, Њу Делхи, објави во неделата новинската агенција Прес Траст оф Индија.
Многу од жртвите биле хинду-аџии кои патувале на фестивалот Маха Кумб во Прајаграж во северна Индија, вели привремениот главен министер на Делхи, Атиши, кој користи само едно име.
Стампедото се случи доцна во саботата додека илјадници луѓе беа собрани на железничката станица во Њу Делхи чекајќи да се качат во воз. Инцидентот се случил откако некои патници се лизнале и паднале врз други додека се симнувале од пешачки мост што ги поврзува железничките перони, соопштија властите.
Сведоци на настанато и роднини на повредените и загинатите велат дека инцидентот настанап по најавата за промена на пероните на возот, по што таквата конфузија создала кај патниците довела до стампедо.
„Толпата излезе од контрола и никој не можеше да ја контролира“, рече Нихил Кумар, продавач кој беше сведок на напливот на толпата.
Премиерот Нарендра Моди рече дека е „потресен од стампедото“.
„Моите мисли се со сите оние кои ги загубија своите најблиски. Се молам повредените да имаат брзо опоравување. Властите им помагаат на сите оние кои беа погодени од ова стампедо“, напиша тој на социјалната платформа Х.
Министерот за железници Ашвини Ваишнау рече дека е започната истрага за да се открие што причината која довело до стампедото.
Најмалку 30 луѓе загинаа во стампедо на шестнеделниот фестивал минатиот месец, откако десетици милиони Хиндуси се собраа да се капат во светите речни води.
Мултимедија
Најпосетени
Што треба да знаете