„Веруваме дека е крајно време за стратешки поглед на Западен Балкан“, напишаа министрите за надворешни работи на Австрија, Хрватска, Чешка, Германија, Грција, Ирска, Романија, Словачка и Словенија.
Во писмото испратено до Борел на 5 март, министрите тврдат дека „многу се сменило“ од последната дебата за проширување во август 2019 година, односно дека „имало динамичен внатрешен политички развој во земјите од регионот“.
Петричек - Корчок за Македонија: ЕУ не смее да е судија за историја
„Се чинеше дека процесот на проширување на ЕУ доби нов интензитет во пролетта 2020 година, кога Северна Македонија и Албанија добија зелено светло од министрите на ЕУ да започнат разговори за пристап подоцна истата година.
Сепак, процесот наиде на друг „камен на сопнување“ кога Бугарија есента ја блокираше северна Македонија поради несогласувањата околу историјата и јазикот.
Ветото на Бугарија ѝ наштети на Албанија, бидејќи членките на ЕУ го гледаат пристапувањето на Скопје и Тирана „во пакет“, се наведува во писмото во кое се додава:
„Недостатокот на конкретен напредок „оди рака под рака“ со западноевропските земји, особено со Франција, чие јавно мислење стана скептично за проширувањето на ЕУ, особено во светло на претстојното претседателство на Франција со ЕУ во првата половина на 2022 година.
Иако ЕУ е најголем донатор и трговски партнер на Западен Балкан, напорите за приближување на регионот кон ЕУ се стопирани од реформите што ги бара Унијата и од неподготвеноста на регионот да ги спроведе.
Макрон: Европа да биде солидарна со Балканот и Африка против ковид-19
„Пандемијата ги потенцираше постојните трендови, вклучително и геополитички импликации. Други актери се подготвени да се вклучат во регионалните работи, често на наша штета“, напишаа министрите, осврнувајќи се врз задоцнетиот и многу критикуван третман на ЕУ во различни фази на здравствената криза со ковид-19.
„Додека ЕУ мобилизира големи суми за поддршка на регионот, другите актери ја презентираат својата помош многу поефикасно, со што се нарушуваат нашата сигурност, кредибилитет и перцепција на нашата солидарност“, се вели во писмото на деветте министри.
Во изјава за Еуроактив, хрватскиот министер за надворешни работи Гордан Грлиќ Радман вели дека „сеопфатниот пристап кон регионот е важен за кредибилитетот на ЕУ како најважен партнер“ на Западен Балкан.
Тој особено ја истакна потребата од „помош на Босна и Херцеговина за подобрување на нејзиното функционирање и стабилност“.
Критичарите веќе подолго време посочуваат дека кинеската „маска и вакцина дипломатија“ има за цел приближување кон Западен Балкан во време кога соработката меѓу Брисел и Вашингтон беше слаба.
„Како ЕУ, треба да гледаме на регионот не само во светло на проширувањето, туку и во светло на надворешната политика“, истакнуваат министрите, додавајќи дека Унијата треба да размисли „како да одговори на внатрешните случувања и поголем ангажман на трети актери“.
Важноста на проактивната политика на ЕУ во регионот беше посочена од дипломат добро запознат со прашањата за проширување.
„Земјите од Западен Балкан се наоѓаат во различни фази на европска интеграција, но поентата е да им се овозможи да напредуваат, да се отворат преговори. Сите знаеме дека тоа ќе биде долг и кривулест пат, но мора да ги вклучиме во процесот “, рече неименуваниот дипломат за Еуроактив.
„Ако не ја истуркаме таа агенда, ќе им дозволиме на другите играчи да имаат политичко и економско влијание во регионот, и тоа секако не е во интерес на ЕУ“, предупреди тој.
САД со поддршка за евроинтеграцијата и проблемот со Бугарија
Министрите за надворешни работи на ЕУ во писмото, исто така, велат дека Соединетите држави под претседателот Џо Бајден „се подготвуваат повторно да се вклучат во регионот“ и посочија дека работата со Вашингтон како клучен партнер на Брисел „бара заеднички став“.
За време на претходната администрација на Трамп, Косово и Србија се согласија на договор за нормализирање на економските односи без значително учество на ЕУ.
Официјални лица во Брисел сега се надеваат дека трансатлантското „ресетирање“ ќе помогне и во заживување на дијалогот меѓу Белград и Приштина со посредство на ЕУ, предуслов за нивниот напредок на патот кон Унијата.
Претседателот на САД Џо Бајден и шефицата на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, во минатата недела во телефонски разговор се согласија дека Западен Балкан, заедно со Кина, Русија, Белорусија и Украина, ќе бидат регион каде што ќе работат во координација.
Еуроактив, исто така, пишува дека Полска, која традиционално ја поддржува активната политика на проширување, не е меѓу потписниците на писмото до Борел.
Сепак, еден полски дипломат за бриселскиот портал изјави дека „вообичаена практика е членките на ЕУ да ги презентираат своите очекувања во различни формати“. „
Полска ја поддржува политиката на проширување на ЕУ. Процесот на проширување е важна алатка за подобрување на безбедноста на Западен Балкан, што значи безбедност во Европа. Затоа ги поддржуваме аргументите од писмото иницирано од Словачка", додаде полскиот дипломат.